Дијаспора

Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (9 дел)

anticka-istorija-janko-tomov

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Пишувања во врска со историјата

Ваков бил и случајот и со грчкиот град Соли, кој се наоѓал на Родос. И Грците од овој град не сакале ни да слушнат за Александар, а камоли да го пречекаат овој туѓинец како свој ослободител. Поради тоа, откако влегол во овој град Александар им наметнал на граѓаните тешки давачки.

Поради сето ова се поставува прашањето: до колку Македонците биле Грци, зошто тогаш грчките градови и население, кои биле поробени од Персија им пружале толку голем отпор на Македонците? Нели би требало тие да се радуваат на своето ослободување? Да речеме дека до некаде бил оправдан отпорот на грчките градови-држави на територијата на денешна Грција против Македонија. Атина, Теба, Спарта и другите, сепак имале некаква своја самостојност, која им била одземена од Македонците, но како да се објасни отпорот против Македонците од страна на грчките градови и население од Мала Азија, кои се наоѓале под персиска власт? Овие Грци својата радост кон туѓите Македонци ја искажале со жесток отпор против нив, поради што и мнозина од нив платиле со животите.

Уште подрастичен пример за омразата на Грците кон Македоцните бил случајот со битката кај Ис, кога на страната на Персија, против Александар Македонски, се биеле дури триесет илјади Грци и тоа како елитни единици во составот на Персиската војска! По победата на Александар, некои од нив биле заробени, но над 8.000 успеале да побегнат во планините. Самите Грци во грчките градови на територијата на денешна Грција со голема потиштеност ја примиле веста за победата кај Ис од страна на Македонците.

Сето ова го опишува токму грчкиот историчар Аријан (цит. дело, стр. 115), кој вели:

Кога Дарие разбрал дека Александар се движи напред за да нападне, тој испратил уште триесет илјади планински единици и дваесет илјади лесна пешадија преку реката Пинарус… Распоредот на неговата војска беше следниот: авангардата на неговата тешка пешадија беа неговите триесет илјади грчки наемници,кои беа распоредени токму наспроти Македонската пешадија, како и шеесет илјади припадници на Персиската тешка пешадија, познати како “Кардаки”, кои беа бочно распоредени и кои требаше да им дадат поддршка”.

Подоцна, за време на битката, најжестокиот судир бил токму помеѓу Македонците и Грците, а главна причина за тоа, покрај другото, била токму големата омраза помеѓу нив. Во врска со ова Аријан (цит. дело, стр. 119) пишува:

Почнала жестока борба. Дариевите Грци се бореле со цел да ги потиснат Македонците назад кон реката и да ги задржат позициите на своето лево крило, кое веќе почнало да се повлекува, додека Македонците, во нивното свртување, со јасниот успех на Александар што го гледале со свои очи, се обидувале да го достигнат  неговиот успех… Судирот беше уште повеќе загорчен благодарение на старото расно ривалство помеѓу Грците и Македонците”. (Подвлекувањето е мое, з.м.).

Коментар на овој  извадок до грчкиот историчар Аријан мислам дека не е потребен

Подоцна, во битката кај Гавгамела против македонската војска, на страната на Персијанците исто така учествувале илјадници Грци. Аријан (цит. дело, стр. 158) пишува дека, од три илјади планински единици, кои го изградиле мостот на реката Таксапус, дури две третини биле грчки платеници.

Поради сето ова, навистина е смешно кога денешната грчка пропаганда тврди дека војската на  Александар Македонски наводно била грчка. Каква е таа грчка војска, која се биела против илјадници Грци, припадници на  персиската војска? И зошто Грците се биеле на страната на Персија, до колку војската на Александар и навистина била грчка? Се знаат вековните непријателства меѓу Персијанците и Грците, па оттаму нема никаква логика десетици илјади Грци да се борат на страната на Персија опротив сопствената војска. Одговорот на овие прашања е еден и единствен! Огромен број Грци ја мразеле Македонија повеќе и од својот вековен непријател Персија, штом дури решиле и да учествуваат на нејзина страна во војната против Македонците.

 П р о д о л ж у в а

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top