Дијаспора

Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (13 дел)

anticka-istorija-janko-tomov

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Пишувања во врска со историјата

Интересно е тоа што некои истражувачи (а пред се застапниците на грчката пропаганда) упорно тврдат дека Пајонците биле со¬сема различни од Македонците, за кои, пак, тврдат дека биле “ист народ” со Грците, иако и Пајонците го користеле “грчкото писмо” и иако и тие верувале во истите индо-европски божества, во кои, главно верувале сите тогашни народи на Балканот. Значи, според овие хипотези, Македонците биле различни од Пајонците, а биле “исти” со Грците, иако и Пајонците и Македонците отсекогаш живееле во Македонија, а не на територијата на денешна Грција.

 Да ги спомнеме накратко и Десаретите, за кои некои автори сметаат дека биле илирско племе. Д-р Наде Проева (“Студии за античките Македонци”, Скопје, 1997, стр. 110), низ конкретни примери приложува докази за разликите помеѓу Десаретите и Илирите, како и за сличноста помеѓу Десаретите и останатите македонски племиња (оружје, оно-мастика и т.н.).

 Во книгата на Џон Шеа под наслов “Македонија и Грција – борба за создавање на нова балканска нација” (Јоhn Shea: “Macedonia and Greece – Тhe struggle to define a new Balkan nation “) на стр. 47  го цитира Хогарт, кој ги споменува имињата на античко-македонските племиња: Орести. Линкести, Елимиоти, Пајонци и други. На стр. 51, тој го цитира авторот Арнолд Тунби (Арнолд Тоунбее),  кој сметал дека Пајонците веројатно биле “словенско племе”, а можеби и илирско.  Тој потсетува дека  се знае дека “не постојат докази дека Пајонците биле народ што зборува грчки” (“…There are no evidences that the Paiones were Greek speaking people.”).

Продолжуваме со темава.

Во книгата на Ема Станфорд (цит. дело) таа на повеќе места користи несоодветни термини како што се: античка Грција, Грчка митологија  и сл. Нејзината книга е  илустрирана со убави слики од уметнички дела, ќерамика и остатоци од антички градови.

Во книгата на Фиона Мекдоналд е презентирана географска карта, на која пишува “Античка грчка земја”. На неа, како “грчка територија” е  презентиран речиси целиот Балкан и Мала Азија, како и брегот на Црно Море, потоа дел од северна Африка и дел од денешна Италија со Сицилија, како  дел од Кипар. За останатите земји пишува дека во нив живееле “барбари”, што секако дека не одговара на вистината.

Точно е дека имало грчки колонии во наведените територии, но сепак Грците таму биле малцинство во однос на домородните “барбари” (не-Грци), па оттаму не може да се каже дека тоа биле “грчки земји”. Грчки колонии имало и на македонскиот брег, но тоа не значи дек и Македонија тогаш била “грчка земја”. Ако било така, зошто тогаш Филип Втори Македонски со сила ги избркал сите Грци од грчките колонии на македонскиот брег?

 Во пошироката јавност е малку познато дека за прв пат дури во 19 век биле создадени посериозните пропагандни артикулации за наводниот “грчки карактер” на античките Македонци. Најгласни во овие тврдења биле тогашните германски историчари.

Познатиот американски историчар д-р Еуген  Борза, во својата книга “Во сенките на Олимп – појавата на Македонците” (In the Shadow of Olimpus, The Emergence of Macedon, Princeton Univercity Press, Princeton, New Jersey, ИСБН 0-691-05549-1, УСА, 1990), прави детален преглед на теориите во 19 век поврзани со етничкото по¬текло на античките Македонци. Тој објаснува дека во 19 век, токму германските учени почнале погласно да го пропагираат хеленизмот кај античките Македонци. Д-р Борза пишува дека тие тоа го правеле поради сопствени потреби и интереси, како на пример поради обединувањето на Германија и сл. Ним им бил потребен некој древен јунак “обединител”, на кого требало да се угледаат нивните тогашни политички водачи. Таков “обединител” тие виделе во лицето на Филип Втори Македонски, кој наводно ги “обединил” Грците.

Но, д-р Борза (цит. дело, стр. 7) пишува дека во оваа идилична слика за Филип Втори како “обединител на Грците” германските учени од 19 век се судриле со една непремостлива пречка. Имено, тие не знаеле како да ги објаснат говорите на познатиот грчки (атински) оратор Демостен, во кои, тој жестоко ги напаѓал Македонците како окупатори (а не како обединители) на грчките градови-држави, нарекувајќи ги “барбари” и “тирани”.

Со текот на времето, компаративните научни истражувања од разни области, с# повеќе почнаа да приложуваат докази дека античките Македонци не биле никакви Грци. Така, денешните обиди на грчката пропаганда да го докаже спротивното претставуваат само рецидив од германската пропаганда на 19 век, секако надополнет со дневно-политичките и стратешки национални грчки интереси, какво што е задржувањето на приграбениот крупен дел од Македонија во 1913 година и сл.

Излегувањето на површина на податоците за етничката засебност на античките Македонци и денес е попречувано поради низа објективни и субјективни фактори. Како прво, податоците од старите наративни извори за Македонците во голема мера до нашево време стигнале преку записите на нивните непријатели. Овој факт го признава и грчкиот археолог проф. Фотис Пецас. Во својата статија “Едно свинче-патешественик”, овој грчки археолог, пишува:

“Во 1967 година започнавме со долгорочни ископувања во Едеса (Воден, з.м.). Одевме да решиме сериозни проблеми: кои биле древните Македонци? Одгoворот на прашањето не го даваат целосно историските извори за праисторискиот период. Македонски извори не се зачувани. За Македонците имаме информации главно од непријателите на Македонците: од Атињаните, како Демостен; од Римјаните, како Ливие, или од Грците под римска окупација, како Поли-бие. Само Македонија, само македонската земја може  да даде вистинска слика за древна Македонија, неприст¬расно…” (подетално кај: Христо Андоновски: “Јужна Македонија од древните до денешните Македонци”, Скопје, 1995 год., стр. 19). 

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top