Историја

Прв правилник на Македонската револуционерна организација

IMRO badge

IMRO badge

Глава I, СОСТАВ, УСТРОЈСТВО И ДОЛЖНОСТИ НА РЕВОЛУЦИОНЕРНИТЕ КОМИТЕТИ

Член 1

ЦК и управните тела на месните комитети се состојат од претседател, секретар, касиер и неколку советници.

Член 2

Членовите на ЦК се изборни. Тие се бираат секоја година со мнозинство гласови од раководителите на окружните комитети или нивните полномошници.

Член 3

За време на избори за ЦК се определува и неговото седиште, кое било познато само на раководителите на окружните комитети.

Член 4

алеја 5, ЦК одржува контакти со надворешни македонски револуционерни комитети, доколку такви има, и во договор со нив и со окружните комитети го прогласува денот на востанието, го утврдува планот на дејство, го раководи движењето директно или преку посебна комисија формирана од него во договор со наворешните комитети.

Глава II, ДОЛЖНОСТИ НА УПРАВНИТЕ ТЕЛА НА МЕСНИТЕ РЕВОЛУЦИОНЕРНИ КОМИТЕТИ

Член 5

Членовите на управните тела носат еднаква одговорност во извршувањето на задчите.

Член 6

Потчинетите комитети на ЦК, на крајот од секој месец биле должни да поднесат извештај за извршените работи и за положбата во својот реон. На крајот од годината треба да поднесаат детален извештај.

Член 7

Месните комитети немаат право да стапуваат во контакт со надворешни комитети без согласност на ЦК, исклучок преставуваат соседните комитети и тоа за ненадејни работи кои неможе да се одложат но мора да го известат ЦК.

Глава III, ДОЛЖНОСТИ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА УПРАВНИТЕ ТЕЛА

Член 13

Најнизок раководен орган се началниците на групите, во овој член биле регулирани нивните права и обврски

Глава IV, ДОЛЖНОСТИ НА НАЧАЛНИЦИТЕ НА ГРУПИТЕ

Член 14

Нови членови во групата биле примани со препорака на постар член и дозвола на раководителот.

Член 15


Заклетвата.

Член 16

Новите кандидати биле сондирани со револуционерна литература и разговори за состојбата во земјата и можните идни дејства.

Член 17

Секој член бил должен да плаќа членски внос, зависно од неговата положба и да се грижи за набавката на сопственото оружје.

Член 18

Секој член ги знае само другарите и членовите на неговата група… Работниците треба да бидаат трезвени, чесни. Тајни и непоткупливи, тие не треба да пијат ниту да зборуваат некому што било за револуционерното дело, не исклучувајки ги и блиските пријатели, домашните и роднините. Тие кон никого не смеаат да имаат заканувачко држење, и систематски треба да избегнуваат се што може да создаде сомнеж кај луѓето дека се членови на Комитетот. На работниците им се забранува пеење на патриотски песни и изливи на патритски чуства, не само пред луѓето неодредени он делото туку и пред другарите пред делото.

Член 19

Ниеден работник не смее да се откаже од извршување на било каква задача која му е поставена од организацијата.

Член 20

За се што ќе разбераат за делото, членовите биле должни да ги известат своите началници.

Член 22

Комитетот има обврска да ги помага своите членови кои при извршувањето на задачите се најдат во непријатна положба.

Член 23

Членовите се должни да се помагаат меѓу себе.

Член 24

Членовите на организацијата без знаење на својот раководител и самоиницијативно не смееле да преземаат било каква задача, во спротивно се казнувало, особено ако е штетно по делото.

Член 26

Членовите на организацијата не смееле да го напаѓаат управното тело, и воопшто делото, таквите се сметале за пакосници.

Член 27

Коресподенцијата се вршела со хемиско мастило и шифри.

Член 28

Шифрите ги знаеле само претседателот и секретарот на управното тело.

Член 34

Тајната полиција се состои од две оделенија, истражно и казанено. На чело на двете оделенија стоеле по еден раководител кои биле поставувани од раководителот на комитетот. Раководителот на истражното оделение поставувал 3 помошници кои не се познавале меѓу себе.

Член 35

Задача на истражната полиција е да го следи поведението на своите ечленови но и на христијанското и муслиманско население и да ја прати активноста на јавната и тајната османска полиција и да го известува својот комитет.

Член 36

Раководителот на казненото оделение дава заклетва пред раководеителот на комитетот, а неговите тријца помошници даваат заклетва пред него.

Член 37

Задача на казнената полиција е да ги спроведува казните кон сите кој му наштетиле на делото.

Член 39

Терористите и членовите на тајната полиција биле вооружени со револвер и кама, а во акција со два револвера.

Член 40

Извршителите на казните биле бирани со ждрепка.

Член 41

Член 43

Се однесува на смртните казни, За да се изврши смртна казна требало дозвла од ЦК.

Член 44

Смртната казна можела да биде извршена и од специјално пратеништво на ЦК.

Член 45

Обичните членови требало да бидаат воружени со пушка, а таму каде што можело и со кама и револвер.

Член 48

Меѓу другото било предвидено пари да се собираат и со закани и заплашувања на лица кои можаат да го помогнаат делото, а не сакаат.

Член 49

За остапената сума на пари се дава Расписка.

Член 50

Централниот комитет имал право да побара третина од парите заедно со сметките но и останатите пари ако има потреба за тоа.

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија Дел од романот „Александар Велики (Македонски)“ од Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин – I дел Несомнено, како генерал на Лигата, првата должност на Александар Македонски била да ги ослободи античките грчки градови во Мала Азија од персискиот јарем. Меѓутоа, сè што било […]

To top