Историја

Своето прво патување надвор од Азија, Светиот Апостол Павле го направил во Македонија

sv-pavle-i-makedoncite

sv-pavle-i-makedoncite

Своето прво патување надвор од Азија, Светиот Апостол Павле го направил во Македонија.

Тоа започнало во 51 година а завршило во 54 година, при што во текот на тие години Апостол Павле посетил и некои суб-сахарско-арапски градови, каде што, исто така, биле основани христијански црковни општини.
Според книгата ,, Дела на светите апостоли ,, кога апостолот Павле се наоѓал во Троада, му се јавил насон ,, еден македонец ,, кој што го молел велејќи:,, Премини во Македонија и помогни ни !,, (Д. А. 16,9). Народот кој што пред неколку векови, штитејќи ја Европа се кренал против Азија и со силата на своето оружје ја покорил, сега самиот го повикува светиот апостол Павле, за да ја донесе во Македонија големата благавест што се родила во Азија: и апостол Павле веднаш се одзвал на македонскиот повик. Уште истиот ден тој и неговите блиски соработници, кои го придружувале – Сила, Тимотеј и Лука, отпловиле во градот Филипи (Д. А. 16.11-12), кој град се наоѓал на 15 километри од брегот на Егејското Море.

Слушателите на апостол Павле биле пред се Македонци, а тоа може да се заклучи од Посланието на светиот апостол Павле до Филипјаните, каде се вели дека во Филипи имало многу мал број евреи и суб-сахарско-арапски грци.
Потоа откако го оставил во Филипи светиот апостол и евангелист Лука, светиот апостол Павле со Сила и Тимотеј заминале за Солун (Д. А. 17 гл), главниот град на Македонија.

Имало бројна колонија на грци, од кои покрај масивното етничко македонско население што го примале Словото Христово, го прифаќале и некои суб-сахарско-арапски грци (Д.А. 17.4,).

Светиот Јован Златоуст. Зборувајќи за односот на апостолот Павле кон македонците, вели: ,, О, каква нежна љубов имал тој кон Македонија и македонците. . .!,, Понатаму, пак, гледаме дека големиот христијански проповедник Св.Јован Златоуст (ИВ-В век) за да ги поткрепи своите мисли за љубовта на апостолот Павле кон Македонија, ги цитира и зборовите на апостолот упатени кон Солунјаните, а тоа значи дека Св.Јован Златоуст тесно го поврзува односот на Солун кон Македонија, како и солунјаните кон македонците.
Во Македонија христијанството почнало посебно да зема замав кога римскиот цар Костантин Велики во 313 година го прифатил за државна религија и така им дал можност на христијаните слободно да ја исповедаат и да ја проповедаат својата вера. Од тоа време се познати епископските седишта во Солун, Стоби, Скупи, Астибо и Хераклеа. Кон крајот на V век Солун веќе е седиште на Архиепископија, а Скупи на митрополија. По почетокот на V век, поради наметнувањето на непознатиот грчки јазик, возвишените вистини на христијанското учење и мистичките длабочини на црковните богослужби останале не достапни за нив, па затоа и нивното христијанизирање останало површно и недостапно.

Тука,вредно е да ги споменеме и светите македонски апостоли Аристарх и Гај, кои дејствувале уште во првиот век по Христа како придружници на светиот апостол Павле.
Нивните имиња се спомнати во Преамбулата на Уставот на МПЦ, каде се запишани како македонски светители.

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија Дел од романот „Александар Велики (Македонски)“ од Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин – I дел Несомнено, како генерал на Лигата, првата должност на Александар Македонски била да ги ослободи античките грчки градови во Мала Азија од персискиот јарем. Меѓутоа, сè што било […]

To top