Песни за Македонија

~РАСФРЛАНИ ПАТИШТА ~

Илизабета Питулкова

сакав –
да заминам во некој си непознат свет
каде моите стапалки одамна ги нема 
и само лицето пред заматеното огледало 
го одсликува она што мојот поглед го бара ,
сакав –
да ги одминам сите прегради на едно време
каде секој дневно оштри стапици 
ми подметнуват луѓето кои до вчера ми беа браќа,
оштрите камења некогаш темели на мојата куќа

сакав-
да ги подигнам сите камења кои се стркалале 
врз моите нозе од одронот на човечката злоба
кои тежат повеќе и од гревот на едно лудо време
и неуморно ги гмечат моите болни стапала,
сакав-
да ги соберам сите расфрлани патишта во една
и да го составам изгубеното и невидливото
да го соберам плодот кој се стркалал по светот 
засекогаш во мојата кошница да го сочувам 
сакав –
да бидам дете кое не уморно ги претрчува 
недогледните полјани и носи нов живот 
на утрото и на топлата постела од изгубената мајка 
растреперен како лист во нејзината гранка ,
сакав –
да погледнам за последен пат во очите на мојата мајка
и сиот овој товар врз моите плеќи да го оставам на прагот 
каде сега ни камења нема од мојот дом 
ги нама ни деновите поминати во радост и тага ,
сакав-
пред да заминам со себе да го понесам сиот мој свет
кој замене беше единствен и се чувствував жив 
го имав она што одамна заборавив дека постои 
јас и моите спомени моите корени,
сакав-
но заминав и со себе го понесов само моето тело
и тешките камења од моите стари темели 
кои ме заковале во едно време замене нодопирливо
засекогаш отуѓено од она моето јас ,
сакав-
да заминам во некој си непознат свет далеку
каде моите стапалки одамна ги нема на тлото на една земја 
каде ќе се наречам дете и ќе бидам човек и ќе знам дека постојам 

стихозбирка~ КОРЕНИ~

Елизабета К.Питулкова

19-10-2013 
Наградена песна на конкурсот за Здружението на Просветни Работници и Литературни Творци на Република Македонија

Најново од: Песни за Македонија

Македонија низ времето

Македонија низ времето   Низ векови на бури, низ гордост и низ рана, се раѓаше оваа земја, од сонцето огреана. Од античкото ехо, каде штитови бијат, под сонцето на Филип, каде војските со непријателот се бијат, Александар јаваше низ векови далечни, оставајќи траги во спомените вечни.   Од Хераклеја горда до Егејот син, се раѓаше […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Октомвриски пламен

Октомвриски пламен Се разгори нов пламен, Илинден трет „Доста се маки и страдања Да го истераме окупаторот клет.“ Блесна, поведе борци Кон нов симбол на слободата, Храбри и силни, Со љубов исполнети срца и лица нивни. Војникот оди напред и вее алово знаме, Ги поведе сите на борбениот фронт со завет За конечна слобода на […]

hqdefault

Бог да го бие Лазор Војвода

Народна песна за Лазор Груески од село Белица, зачувана преку снимка направена во Пуста Река во 1988 година Бог да го бие Лазор Војвода, Што ми нарами тенкана пушка, Што ми запаша острана сабја, Па ми отиде во Вранештица. Па ми пособра вранештичани, Вранештичани све добри луѓе. Ој, ој ви вие вранештичани, Утре ќе ојме […]

11 ОКТОМВРИ

Веле МИТАНОСКИ 11 ОКТОМВРИ Денеска на 11 октомври во мене свечено со песна се разгласи стихот-куршум испукан од срцето од љубов кон татковината Борбено построени кон зенитот да го возвишиме нашето шеснаесеткрако сонце и со вечна исправеност надежта храбро да ни се умножи по патот на партизаните кои ја започнале антифашистичката борба и ја создале […]

Солунскиот завет

Во чест на 23 Октомври — денот кога во Солун беа поставени темелите на организираната македонска револуционерна борба. Во онаа тивка есенска магла, кога Солун во полумрак заспиваше, шестмина мажи — д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев — со чисти идеали над книжарницата судбина ковеа. […]

„Локвата и Вињари“ – поетскиот завет на Лазар Поп Трајков

Поетско сведоштво за храброста и саможртвата на македонските револуционери во предилинденската борба кај Д’мбени во 1903 година Берик, 21 јуни 1903 година, стар стил Пак доаѓам при вас, о врвови вишни, по планини жедни, низ безводни спили, да видам јас скрки и долинки скришни што крвта ги багри на јунаци мили. Да останат вечно спомените […]

ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА

Проф. д-р Солзица ПОПОВСКА ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА Дали местото каде што мина пола век Може да е подраго од лулката каде што се роди? Дали исто Сонце грее таму и тука, Или тука и таму? Не џабе се рекло „Кога ќе се подмести каменот, лежиште нема“. Многу години минаа во туѓа земја Но, дали таа […]

To top