Дијаспора

Во Сиднеј промовирана сликовницата за деца „Патувањето на Дедо Мраз“ од Жаклина Михајлова

promocija-na-slikovnica-za-deca-sidney

promocija-na-slikovnica-za-deca-sidney

Во издание на „Матица Македонска“ од Скопје, деновиве излезе од печат сликовницата „Патувањето на Дедо Мраз“ од Жаклина Михајлова. Првата свечена промоција во присуство, оваа интересна книга ја имаше деновиве во Сиднеј, Австралија, каде што авторката живее.

Сликовницата е оригинално дело, стихуван текст, двојазичен, на македонски и англиски јазик.

Текстот е дидактички и е наменет  за помали , но и за поголеми деца. Стилот и јазикот се исто така интересни за проучување. Концептот е патувањето на Дедо Мраз од Лапонија, преку Австралија, низ Македонија и понатаму. Сликовницата е информативна, забавна и дидактичка. Мудрите учители можат да најдат низа интересни аспекти за предавање низ оваа сликовница. Заправо напишана е според најсовремени светски методи за учење и специјално, за читање.

„Ова е наша прва соработка со Госпоѓата Михајлова“, изјави Директорот на „Матица Македонска“, Господинот Раде Силјан и додаде:„ Сликовницата е интересна и за децата што учат македонски, но и за оние што учат англиски јазик. Таа содржи традиционални и модерни компоненти во себе, кои дури и во светот се иновација за овој тип на книги. Сликовницата „Патувањето на Дедо Мраз“ е уникатно литературно дело за деца од најраната возраст. Покрај интересниот текст, сликовницата изобилува со оригинални илустрации од доајенот на македонското илустрирање, Господинот Миле Топуз“.

На промоцијата во Сиднеј присуствуваше и Дедо Мраз, кој ги одушеви најмладите читатели и се разбира им подели подароци.

Авторот , Жаклина Михајлова – Учителката, подвлече:  „Ова е пилот книга , која им претходи на низа други оригинални сликовници. Јас  повеќе од триесет години работам како учителка по македонски јазик во Македонија и во Австралија и целото мое искуство во наставата е преточено во книгата.  Во сликовницата се кријат интересни тајни за Дедо Мраз, за неговото волшебно патување низ светот секоја година, како и за неговата специјална врска со Македонија. Откријте ги тајните во оваа сликовница.

И не заборавете доаѓа Нова Година , а за Нова Година доаѓа и Дедо Мраз. Време е за подароци. Оваа година подарете знаење и радост! Подарете  сликовница!

promocija-na-slikovnica-za-deca-sidney-2

promocija-na-slikovnica-za-deca-sidney-3

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top