Историја

Политичките говори на Демостен, Исократ и Ајсхин

Demosthenes

DemosthenesИсториско сведоштво за антагонизмот помеѓу Македонија и хеленските полисиАвтентични и веродостојни историски податоци за владеењето на Филип II се наоѓаат во политичките говори и во други реторички списи на атинските политичари-ретори, современици на македонскиот цар и учесници во сите политички и воени дејства што ги презема Македонецот Филип II.

Експанзионистичката политика на Филип директно ја загрозува Атина, која не може да се помири со губењето на освоените територии. Колку што Филип напредува воено толку во Атина се држат жестоки политички говори со кои се подготвуваат атинските граѓани за војна со Филип. Освојувањата на Филип претставуваат причина Демостен да ги напише говорите против Филип – Филипики и Олинтики, за Филиповите заземања на Олинт и на другите богати градови на Халкидичкиот Полуостров. Со вешти дипломатски игри Филип ја користи немоќта на Атина и го зазема Олинт, го ограбува и го срамнува со земја, а граѓаните ги продава како робови (349 г. п.н.е.). Другите градови на Халкидик му се предаваат, но Филип се однесува жестоко и кон нив. Меѓу овие градови е и Стагира, родниот град на Аристотел, кој поради почит кон големиот философ е возобновен според новите закони.

Со освојување на централната балканска територија Филиповата држава излегува на море, зазема големо обработливо земјиште, има богати шуми и пасишта, бујни реки, рудно богатство и развиени градски центри. Сето ова е причина за брз развој на економијата и трговијата; Македонија гради сопствена флота, која обезбедува нејзин пробив и по морските патишта; Филиповата држава ги стекнува сите услови да стане светска сила; се јавува стремеж за водење завојувачка политика, што најмалку иж се допаѓа на Атина, зашто и таа ги има истите хегемонистички тежненија. Воениот зафат на Филип со кој македонскиот владетел зазема територија од 1.000 км, од Термопилите до Пропонтида, ги застрашува атињаните и ги принудува да размислуваат како да му се спротивстават на македонскиот басилевс. Овие настани го претвораат Атинското собрание во арена на која говорниците водат жестоки битки за докажување на нивните политички ставови. Највлијателна политичка личност и највлијателен политички говорник е Демостен, кој држи бројни говори насочени против Филип: колку што расте силата на Филип на бојното поле толку расте и силата на Демостен како политичар, но сето тоа, парадоксално, на штета и на атињаните и на Демостен; Филип ја извршува својата државничка цел, а Демостен доживува политички и личен пораз; едновремено ваквиот пораз го споделува и Атина. Меѓутоа, без оглед на исходот (среќен за Филип, за Демостен –несреќен), и едниот и другиот се здобиваат со бесмртна слава; во историјата нивните имиња се врзани во „дијалектичко единство на спротивности“!Автори:

проф. д-р Анета Шукарова
проф. д-р Митко Б. Панов
проф. д-р Драги Ѓоргиев
проф. д-р Крсте Битовски
акад. Иван Катарџиев
проф. д-р ВанчеСтојчев
проф. д-р Новица Велјановски
проф. д-р Тодор Чепреганов

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија Дел од романот „Александар Велики (Македонски)“ од Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин – I дел Несомнено, како генерал на Лигата, првата должност на Александар Македонски била да ги ослободи античките грчки градови во Мала Азија од персискиот јарем. Меѓутоа, сè што било […]

To top