НЕНАДМИНАТ БЕШЕ ВО РАСПОРЕДУВАЊЕТО НА ВОЈСКАТАН И ВО КРЕВАЊЕТО НА ДУХОТ НА ВОЈНИЦИТЕ

„Александар умре во сто и тринаесеттата Олимпијада…Тој живееше триесет и две години и осум месеци… Владееше дванаесет години, и споменатите осум месеци… Многу беше бистар, мошне храбар, желен за слава и за опасности и водеше многу грижа за божеските работи… Најсјаен беше да постапи правилно дури и во најнејасните ситуации… најсреќен беше во предвидувањето за тоа што ќе се случи. Ненадминат беше во рас-поредувањето на војската, за да ја вооружи и да ја уреди. Нај-доблесен беше во кревањето на духот на војниците и во исполнувањето со добри надежи; стравот од опасностите го потиснуваше со соспствената бестрашност. И најсмел беше кога се наоѓаше во неизвесност. Мошне беше вешт брзо да го нападне непријателот и да го зграпчи пред некој и да помисли што ќе го снајде. Беше сосема доследен во одржувањето на ветувањата и договорите… Беше многу штедлив за парите што ги арчеше за сопствените задоволства, а најдарежлив кон другите.
И да направи Александар некоја грешка затоа што беше брз или кога беше лут, или ако сеж и се приближил на ароганцијата својствена за истокот… Знам дека за разлика од кралевите од постар ков, кај Александар се јавуваше каење за неговите греш-ки, зашто беше благороден…
Тоа пак што од бога сакал да го изведе своето потекло… за да остави впечаток кај поданиците и да се прикаже како повозвишен. Јас всушност и не сметам дека бил помалку прочуен крал од Миној, Ајак или Родомонт. Тие се поврзуваат со Зевса по однос на потеклото… згора на тоа, мислам дека прифа-ќањето на персиската облека беше итрина, и за Персијците, за нивниот крал да не биде целосно различен од нив, и за Маке-донците, за да попуштат малку во нивната грубост и возгордеаност. Заради истата причина… ги внесол во војската персијските војници… и персијските благородници во нивните одреди на коњицата.
Оној што зборува за Александар нека зборува, но не само за неговите грешки, туку за целокупните негови постапки и подвизи… нека се запраша самиот… за неговиот сопствен живот и потоа да го спореди сето тоа со Александар, што стана тој, до кој степен тој постигна успех за еден човек, откако постигна да стане крал, и покрај сите противречности на обата континента се прочу неговото име најшироко што е можно… Јас верувам дека во тоа време немаше народ, ни град, ниту пак човек што не го знаеше името на Александар… И честа и спо-менот за него беше повеќе одошто за обичен човек. Дури и сега, по сето ова изминато време има пророчишта кои му биле пос-ветени на народот на Македонците и сите се во негова најголема чест…”
Исто, Аријан, Александровата Анабаса, кн.ВИИ, стр. 233-235
Д-р Иван Алексов