Песни за Македонија

Методија Ченто

metodija-cento

metodija-cento

Во Прилепа града, во Врбеско маало
на 17-от августен ден, во 1902-то лето
кај Андонови се роди четвртото дете.
Нункото името му го даде Методија
со благослов да се бори за Македонија.

Мето се разви во снажно момче,
здраво и цврсто како дренче,
се одѕва на првото школско ѕвонче,
со учење во класот, петки реди,
нема ученик кој ќе го следи.

Заврши Мето трговско школо,
за татко му, тој многу жали,
неговата помош, сега му фали,
домаќин стана, куќа да гледа,
куќниот живот да го извади од беда.

Во соколана, со тренинзи се бави,
разни гимнастички вештини тој прави,
спортистите ги води, вика во строј,
ченто стој, наместо чето стој
му остана прекар и по животот свој.

В чаршија Ченто кираџиски дуќан зеде,
крчмата внатре убаво ја среде,
ракија и вино продава тој,
муштерии ги има во голем број,
во пазарни денови и простум се стој.

Се ожени Ченто со попова внука,
за Василка чупа, родена во Прилеп тука.
Василка и Ченто, четири деца израстија,
ниту едно, в црква не крстија,
свештенички лица дома не примија.

На пазариште, Ченто жито откупува,
земјоделците од залихи ги спасува,
економски ги помага муштериите свои
од измама тој, не се ни бои,
МАНАПО и НОБ ги помогна тој.

За државните избори, во 1938-то лето,
во коалиција Ченто, со Мачек оди,
за пратеничко место, борба се води,
гласачките ливчиња, властите ги украдија,
од кандидатурата, Ченто го отстранија.

Во 1940-тото лето, на Илинден денот,
на Шаторов камен, на излет се оди,
народен митинг, таму се створи,
во говорот, Ченто предлог дава,
Илинден денот, да има национална слава.

Во истото лето, на родителскиот собир,
директорот вели, на неважен јазик, децата ви разговараат,
му возврати Ченто, нивниот разговор е мајчин говор,
јазикот нивни, ако вие не го сфатите,
нашите деца, за вашиот говор, да не ги мачите.

Наставничкиот клер, физички го нападна Чента,
џандармеријата во гимназијата, дојде дента,
го притворија тие, Методија Чента,
го осудија, на две години робија,
го спроведија в затвор, во Србија.

Со нападот на Германија над Југославија,
сите затворски врати, се отворија,
затворениците, дома си разотидоа.
Во затворот, Ченто ги преживеа сите маки,
по неколку дена, тој дома се врати.

Бугарија окупира делови од Македонија,
донесоа, свештеници за богословија,
и администрација, за вршење асимилација,
во Прилеп, Ченто, кметска титула доби,
против комунистите, борба да води.

Титулата, Ченто нив му ја одби,
за непослушноста, затворска казна доби,
една година, на робија да оди,
во затворот Чучулигово, трудовак да биди,
по патните мрежи, низ Бугарија да гради.

По завршетокот на казната, дома си оди,
од Кузмана писмо, Ченто доби,
во партизани, тој за да оди,
првата македонска бригада, да ја води,
борби таа води, македонски територии ослободи.

Во Дебарца, Ченто, бригадата ја најде,
ослободувачки, борбен пат, í даде,
преку Егејот долу, за Мариово и Азот,
низ планини и долини, гази по мразот,
многу непријателски заседи, ги згази.

На Илинден денот, во 1944-тото лето,
АСНОМ го свика, Методија Ченто,
се избра, македонска народна влада,
од неразвиена, вардарска бановина,
се преименува во македонска татковина.

Во 1946-тото лето, македонските вазали, лаги измислија,
претседателот Ченто, од положај, го извисија,
без вина, на суд, го осудија,
на 11 години, робија го испратија,
во затворот Идризово, во Македонија.

Од затворот, Ченто разболен си дојде,
работа во Прилеп, за малтарџија најде,
колички со малтар, на ѕидарите, им носи,
заработена плата, за да земи,
за лекови, пари да си спреми.

На 25-тиот јулски ден, во 1957-то лето,
на работа не е, Методија Ченто,
камбаните во Прилеп, жалосно ечат,
прилепчани, со солзи на лицата, плачат,
Методија Ченто, на погреб го носат.

tome-veljanovski
Томе Велјановски – Марулецот

Гетеборг, Шведска

Превземено од ЗЕНИТ

Најново од: Песни за Македонија

Македонија низ времето

Македонија низ времето   Низ векови на бури, низ гордост и низ рана, се раѓаше оваа земја, од сонцето огреана. Од античкото ехо, каде штитови бијат, под сонцето на Филип, каде војските со непријателот се бијат, Александар јаваше низ векови далечни, оставајќи траги во спомените вечни.   Од Хераклеја горда до Егејот син, се раѓаше […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Октомвриски пламен

Октомвриски пламен Се разгори нов пламен, Илинден трет „Доста се маки и страдања Да го истераме окупаторот клет.“ Блесна, поведе борци Кон нов симбол на слободата, Храбри и силни, Со љубов исполнети срца и лица нивни. Војникот оди напред и вее алово знаме, Ги поведе сите на борбениот фронт со завет За конечна слобода на […]

hqdefault

Бог да го бие Лазор Војвода

Народна песна за Лазор Груески од село Белица, зачувана преку снимка направена во Пуста Река во 1988 година Бог да го бие Лазор Војвода, Што ми нарами тенкана пушка, Што ми запаша острана сабја, Па ми отиде во Вранештица. Па ми пособра вранештичани, Вранештичани све добри луѓе. Ој, ој ви вие вранештичани, Утре ќе ојме […]

11 ОКТОМВРИ

Веле МИТАНОСКИ 11 ОКТОМВРИ Денеска на 11 октомври во мене свечено со песна се разгласи стихот-куршум испукан од срцето од љубов кон татковината Борбено построени кон зенитот да го возвишиме нашето шеснаесеткрако сонце и со вечна исправеност надежта храбро да ни се умножи по патот на партизаните кои ја започнале антифашистичката борба и ја создале […]

Солунскиот завет

Во чест на 23 Октомври — денот кога во Солун беа поставени темелите на организираната македонска револуционерна борба. Во онаа тивка есенска магла, кога Солун во полумрак заспиваше, шестмина мажи — д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев — со чисти идеали над книжарницата судбина ковеа. […]

„Локвата и Вињари“ – поетскиот завет на Лазар Поп Трајков

Поетско сведоштво за храброста и саможртвата на македонските револуционери во предилинденската борба кај Д’мбени во 1903 година Берик, 21 јуни 1903 година, стар стил Пак доаѓам при вас, о врвови вишни, по планини жедни, низ безводни спили, да видам јас скрки и долинки скришни што крвта ги багри на јунаци мили. Да останат вечно спомените […]

ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА

Проф. д-р Солзица ПОПОВСКА ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА Дали местото каде што мина пола век Може да е подраго од лулката каде што се роди? Дали исто Сонце грее таму и тука, Или тука и таму? Не џабе се рекло „Кога ќе се подмести каменот, лежиште нема“. Многу години минаа во туѓа земја Но, дали таа […]

To top