Дијаспора

По патот на тагата – до светиот гроб

slave-katin

slave-katin

Пишува СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Во Ерусалим е напишана највозбудливата приказна на нашата цивилизација. Тука Бог им се прикажал на луѓето, за првпат, во човечка лика. Тука вечниот живот ја победил смртта. Денес, во свеста и верувањето на милиони христијани Ерусалим е местото од каде што се’ почнува и се’ ќе заврши, на Судниот ден     

Улицата Виа Долороса е некогашниот таканаречен Пат на Крстот кој води до Црквата на Светиот гроб на Исус Христос на ридот на Голгота. На патот до Голгота има четиринаесет станици на Крстот, а на една од нив е статуата на Марија која ја симболизира болката на мајката за синот што ќе биде распнат на височините на ридот. Базиликата на воскреснувањето е веднаш до Светиот гроб и тука се малите остатоци од некогашната камена врата со која, според преданијата, бил затворен гробот.

Ги видовме автентичните места каде што илјадници верници одат по патот по кој што минал Исус Христос кога пристигнал во Ерусалим, на својата последна Пасха. Овде, секоја година на Велипеток, аџиите го минуваат патот на Крстот од местото на осудата до мрачната црква на Светиот гроб кој традиционално ја вклучува Голгота и Гробницата која подоцна го прима Христовото раскрвавено и изнемоштено тело. Наречен Виа Долороса или Пат на тагата. Патот на Христос претставува блага кривулеста патека низ Стариот град. Тука особено интересно е во времето на велигденските денови, кога разни групи од туристи и посетители – верници го минуваат Патот на Крстот исто така како што било порано. Избираат еден од нив, протагонист на Исус Христос со голем Крст на плеќите, а се претставуваат и сите оние сцени што се случувале на станиците на Крстот. Страдалниот пат на кој што Исус Христос под товарот на Крстот оди и паѓа, практично не е многу долг.           

Просторот каде поминува Виа Долороса, денес е исполнет со безброј разни дуќанчиња со сувенири од христијански, еврејски и муслимански верски симболи, продавачи на ориентални слатки. На најсветиот ден Велигден, верниците се симнуваат низ Маслиновата Гора кон градските ѕидини, носејќи гранчиња од палма.

via-dolorosa

На Велипеток, пак, одат по патот Виа Долороса, застанувајќи пред приказите за страдањето на Исус Христос. Исто така, ноќта црквата на Светиот гроб е преполна со верници. Во црквата се собираат пет христијански заедници: римокатоличката, грчката православна, ерменската православна, сириската православна и коптската – заедно со толпата верници во исчекување на церемонијата на Светиот пламен, кој во источните цркви го симболизира воскресението Христово. По полноќ црквата на Светиот гроб се исполнува со светлина од свеќи – симбол на Воскресението. Сите камбани на древната црква чукаат во ритамот на силните пофални песни на радоста. Среде џагорот на следбениците се слуша повик кој постојано се повторува “Христос воскресна” и одговорот “Вистина воскресна”.

Основно значење на зборот Црква е “народ”. Црквата е народ Божји повикан да го сознае живиот Бог, да го љуби и да му служи. Ним Исус Христос им го доверил светото библиско откровение и затоа Црквата е “столбот и темелот на вистината”. Иако Црквата самиот Бог ја повикал на постоење, неа ја сочинуваат обичните луѓе, чии погледи се обоени со духот на нивното време.

Исусовото вистинско послание е разбрано дури по неговата смрт и неговото воскресение. Имено, тој повикувал на вера и преданост и настапувал како конечен судија за човечката судбина. Не објавувал само простување и спасение,  туку, со својот живот, страдање и смртта тоа и го постигнал! Исус Христос е гласникот, ама е и срцето на пораката. Тој ги повикувал луѓето кај Бога. Тој самиот е тој пат до Бога. Почитувањето на Исус Човекот како Син Божји не извирало од некоја вообразена побожност по неговата смрт, туку во длабокиот впечаток што тој го оставил на своите ученици во трите години на своето делување. Неговото воскреснување ја продлабочило таа увереност и ја потврдило. Без сомневање во Неговата реална човечност, следбениците сфатиле дека Исус Христос чекорел со Господ.

isus

При посетата на автентичните библиски места кај посетителот се јавува едно чудно чувство. Во Ерусалим, дури и атеистот се чувствува како верник. Секоја година во градот доаѓаат повеќе од милион посетители од странство. Повеќето од нив се христијани и Евреи. При прошетката по улиците на Стариот град може да се видат Ерменци со црни качулки, грчки православни свештеници со високи капи, припадници на римокатоличките редови во разнобојни одежди, Етиопјани, копти од Египет, припадници на Сириската православна црква чии што деца учат арамејски, на јазикот на којшто зборувал и проповедал Исус Христос.

На обичниот посетител не му е лесно да ги идентификува многуте цркви и нивните претставници во масата минувачи. И доколку би успеал да препознае некој калуѓер, на пример, од Руската православна црква, сепак невозможно би било да каже на која фракција и’  припаѓа – на “црвените” кои се заколнале на верност на црковните водачи во Москва, или на “белите” кои избегале по руската револуција и сега имаат седиште во САД. Русите во Ерусалим ја имаат изградено црквата “Светото Тројство”, што се наоѓа во близината на Портата “Јафа” и претставува дел од комплексот и центарот на руските аџии. Црквата, пак, “Света Марија Магдалена”, која се наоѓа на подножјето во Маслиновата Гора, а која е изградена во 1885 година, е препознатлива по своите седум позлатени кубиња.

Животот, учењето и смртта на Исус ќе означат нова страница во историјата на човештвото. Во време кога Евреите го оплакуваат уривањето на Храмот, учениците на Исус од Назарет веќе го шират новото, христијанско учење. Ерусалим, градот на Исусовото страдање, смрт и воскресение, до денес ќе остане најголемо светилиште во христијанството. Затоа секоја година повеќе од милион христијани од сите делови на светот доаѓаат во Ерусалим. На Велики петок, пред Велигден, река луѓе минува низ Виа Долороса, по стапките на Синот Божји, на патот кон Голгота. На местото на распнувањето  и смртта на Исус се наоѓа црквата на Светиот гроб, позната уште како црква на Воскресението, единственото место под капата небесна каде што во исто време можат да се сретнат на молитва  верниците од различни христијански заедници.

Црквата на Светиот гроб – симбол на единството на сите кои веруваат во Исуса Христа, истовремено е жив сведок на поделеното христијанство. Во не така дамнешното минато, тука доаѓало до тепачки, па дури и убиства меѓу свештениците од различните христијански заедници. Екуменизмот, за среќа, го истакнува заедништвото во Христос за сметка на партикуларните разлики. Сепак, како иронија на судбината, клучевите на црквата од Светиот гроб традиционално ги чува едно муслиманско семејство, да не се караат разединетите христијани. Исто така и Светиот гроб внатре, во црквата и покрај измешаноста, поделбата е видлива. Свои делови поседуваат Грците, Латините, Ерменците, Сиријците, Етиопјаните и Коптите.

svetiot-grob
Светиот гроб

Под Голгота се наоѓа Адамовата пештера, во која, според преданието, почива првиот човек – Адам. Тука симболично се преплетуваат животот и смртта, минливото и вечното. Адам е првиот, Исус последниот. Бидејќи, како во Адам сите умреа, така во Исус сите ќе оживеат. Исус, воскреснувајќи и воздигнувајќи се кон небото, ги носи со себе и првите грешници – Адам и Ева, спасувајќи ги, со својата жртва, сите што живееле и ќе живеат.

Слично како и еврејскиот Храм, и Светиот гроб бил осквернавен. На местото на Воскресението римскиот император Адријан ја поставил на гробот фигурата на Јупитер. Идолите, меѓутоа, не можеле да го уништат паметењето на луѓето кои во своите срца го чувале споменот на Синот Божји. Нивниот спомен ќе му помогне на царот. Константин, првиот христијански владетел, да го лоцира местото на Исусовото мачеништво и да ја изгради црквата на Светиот гроб.

За христијанскиот свет, меѓутоа, најголемо осквернавање било заземањето на Ерусалим, а со тоа и на Светиот гроб, од страна на муслиманите. Калифот Омар, освојувачот на Ерусалим, веднаш по влегувањето во градот, најпрво ја посетил црквата на Светиот гроб. Велат дека не сакал да одржи исламска молитва во црквата, бидејќи со самиот тој чин црквата би била претворена во џамија. Поради тој гест на калифот Омар, извонредно скромен и толерантен владетел, црквата на Светиот гроб не ја доживеала судбината на “Аја Софија” во Истанбул. За жал, калифот Ал – Хаким, за кого велат дека бил ментално растроен, наредил црквата да биде урната до темел. Тоа било во 1009 година.

svetiot-grob-crkva
Цеквата „Светиот гроб“

Деведесет години подоцна пристигнала крвавата сметка за лудостите на малоумниот калиф. Имено, крстоносците, ослободувајќи го гробот, го масакрирале, речиси, целото еврејско и муслиманско население на Ерусалим. Светиот гроб, за кој војувале најдобрите христијански рицари, но и разноразни авантуристи кои убивале во името Христово, денес “мудро” го чува монах на Грчката православна црква.

Во Ерусалим е напишана највозбудливата приказна на нашата цивилизација. Тука Бог им се прикажал на луѓето, за првпат, во човечка лика. Тука вечниот живот ја победил смртта. Денес, во свеста и верувањето на милиони христијани Ерусалим е местото од каде што се’ почнува и се’ ќе заврши, на Судниот ден.

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top