Историја

Правила на Македонскиот Востанички Комитет – 1878 (4 дел)

The Stamp Of The Kresna Macedonian Uprising 1878-180

The Stamp Of The Kresna Macedonian Uprising 1878-180

Надворешни задолженија на Востанието

182. Македонското востание е внатрешно, но тоа не може да успее ако не ја убедиме Европа во нашата ослободителна борба. Востанието пред европските држави ќе го претставува македонскиот востанички комитет и луѓе што ќе ги определи надвор од Македонија.

183. Македонскиот востанички комитет ќе настојува со мемоари и други можности, во името на сите македонски востаници, да ја убедува Европа дека востанието во Македонија е едно такво дело, кое е неопходно и целесообразно.

184. Во Европа веќе се зборува, а гласовите постепено стануваат посилни во корист на нашиот народ. Должноста на Македонскиот востанички комитет е да ги појаснува целите на востанието, така што да се разбере вистината дека нашата борба е ослободителна и нема за цел да им наштети на правата на другото население во Македонија.

185. Македонскиот востанички комитет ќе го извести турскиот комесар дека востанието е во полза на самите Турци, за кои ќе биде добро ако самите побрзаат да не му се спротивставуваат на востанието и да останат да живеат во автономна Македонија, којашто е и нивна татковина.

186. Македонскиот востанички комитет ќе ја извести и владата на Кнежевство Бугарија дека Македонците не ќе имаат друго мешање со Кнежевството освен братска помош од тие словенски наши браќа.

187. Македонскиот востанички комитет во Кнежевството ќе се претставува во наши депутати, а Кнежевството при комитетот може да испрати свои депутати.

188. Се моли кнезот на Кнежевството да го замоли Неговото Императорско Величество Царот Ослободител од Русија, како татко и на Македонците, да посредува пред другите дворови да се измени таа лоша положба на македонскиот народ.

189. Се ополномоштува Димитар Поп Георгиев да ја земе врз себе грижата и да се поврзе со сите македонски и други добротворни комитети во Кнежевството и во туѓина за собирање на секакви помошти за востанието. За испратените помошти на дарителите да им се благодари.

190. Со окружни писма до сите добротворни комитети во Европа да се испрати еден мемоар за неопходните работи за поткрепа на Македонското востание. Во мемоарот ќе се искаже нашата вера во правдината и користа на нашето свето дело: ние не очајуваме, ами продолжуваме да работиме енергично и неуморно за постигнувањето на нашата цел – ослободувањето на Македонците од турското иго, бидејќи турската власт не сака да го примени членот 23 од Берлинскиот договор.

191. Македонскиот востанички комитет ќе ја запознае и братската земја Кнежевството Србија со целите на нашето востание, барајќи братска помош за ослободување на Македонија. Ако српскиот кнез дозволи, ќе испратиме во кнежевството наши депутати, а при Комитетот ќе примиме нивни депутати.

192. Комитетот ќе побара од Неговото Височество српскиот Кнез помош во оружје и други потреби за усшешен крај на нашето Македонско востание.

193. Комитетот ќе го замоли српскиот кнез да не ги запира нашите Македонци во Србија да земат учество во ослободувањето на нивната татковина Македонија, давајќи им оружје и испраќајќи ги без запирање до границата.

194. Нашите Македонци, дедовци и татковци, се бореа и ја лееја својата крв за слободата грчка и српска, за ослободувањето на Бугарија, не пожалија за општа слободата наша. Сега е време тие да се покажат како вистински потомци на славните свои ослободители и последовници и на своите врсници им помогнат во ослободувањето на Македонија од петвековното ропство.

195. Македонскиот востанички комитет ќе ја помоли грчката влада да го помогне Македонското востание и да дозволи испраќање на македонски добворолни чети од Грција.

196. Грчката влада многу ќе му помогне на востанието ако ги засили своите дејства против Турците во Епир и Тесалија и привлече кон себе турски воени единици. Македонските востаници со своите дејства исто ќе помогнат за ослободувањето на Епир и Тесалија.

197. Македонскиот востанички комитет ќе ги повика на братско разбирање албанските барјактари и народни водачи кои ја сакаат слободата на својата татковина, да се придружат кон Македонското востание за нивна и наша слобода.

198. За жал, некои албански главатари повеќе ја сакаат муслиманската вера од својата татковина и се на страната на Турците, па вршат зулуми во Македонија. Нив Македонското востание ќе ги смета за душмани како и турските пашалари, к’раги и сердари, ќе ги гони и убива.

199. Македонскиот востанички комитет ќе испрати депутат до Рускиот губернатор во кнежевството Бугарија за да ги замоли руските војски да им помогнат со оружје на македонските востаници.

200. Светата Бугарска егзархија на чело со Неговото Блаженство води политика повеќе од чудна, бидејќи под претекст дека се грижи за Македонците, кои остануваат под непосредната власт на Турците, одржува тесни врски со турската влада во Цариград и има големо пријателство со неа, така што преку таа влада си мисли дека, угодувајќи им на Турците, ќе спечали да има влијание пред нив, за да испраќа духовни началници (владици) во Македонија, кои ќе го заштитуваат македонското население од потисниците. Тешко на Македонија! Македонскиот востанички комитет не ја одобрува таквата несмасна политика, којашто ги разбива сосредоточените народни сили – и` ги врзува рацете на Македонија за ослободувањето.

201. Македонскиот востанички комитет ги поканува свештениците во Македонија да не ги исполнуваат егзархиските наредби во земјата и да се присоединуваат кон востанатиот македонски народ до ослободувањето, а подоцна ќе се реши црковното прашање во Македонија.

202. Македонскиот востанички комитет ќе испрати еден депутат до Неговото Блаженство Егзархот Јосиф 1 во Цариград да го замоли да не му прави пречки на Македонското востание, ако не сака да го броиме во редот на предавниците.

203. Ќе се замоли и Неговото Високопреосвештенство Г. Софиски Мелетиј, кој во улога на помагач на нашето Македонско востание не малку штети му нанесе на делото, да се откаже од своите преднамери и, бидејќи не помага, да не му штети на востанието.

(з.р. членот 204 е прескокнат)

205. Македонскиот востанички комитет со донесувањето на овие правила, односно со овој устав, озаконува за понатаму дека Софискиот централен комитет повеќе нема никакви обврски спрема Македонското востание.

206. Сите наредби на Софискиот централен комитет се отповикуваат, а востанието ќе се раководи од македонскиот востанички комитет, кој се наоѓа во македонија.

207. Македонската доброволечка војска за натаму ќе биде по непосредно раководство на Македонскиот штаб на востанието, кој ќе изврши мобилизација на селаните, ќе ги снабди со оружје и ќе ги води во света борба за ослободување на Македонија.

208. Македонскиот востанички комитет озаконува сите Македонци да ги исполнуваат наредбите на овие правила – устав без поговор до ослободувањето на Македонија и до донесувањето на миновремен устав на автономна Македонија.

209. Оние што ги газат по каква било основа Правилата на Македонскиот востанички комитет ќе бидат изведени пред воениот суд на востанието како предавници на својата татковина Македонија.

210. Правилата на Македонскиот востанички комитет ќе стапат во сила откако ќе бидат објавени од комитетот и ќе го носат неговиот печат.

211. Македонскиот востанички комитет заедно со Македонскиот воен штаб на Македонското встание ќе престојува подвижно во местата каде што се востаничките дејства.

Од Македонскиот востанички комитет

Од приватната архива на Кирил, патријарх Бугарски. Заведено под сиг. Арх. од Дело 2341, АЕ 50, л.л. 30-61. Резиденција на манастирот во Драгалевци (Софија), НР Бугарија.

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top