Коментари

СДСМ е несериозна и дезориентирана партија


Свекрва

Што ни носи СДСМ со својата политика?

Објавувањето на т.н. бомби од нелегално прислушувани разговори од страна на Зоран Заев, лидерот на СДСМ, претставува крајно несериозен однос на најголемата опозициона партија, кој и нанесе огромна штета на земјата. Иако нелегалното прислушкување и јавното објавување на снимки претставува криминален акт со што се нарушува основното човеково право – приватноста, тоа не им пречеше на СДСМ, наместо низ институциите, истите да ги пласира во јавноста како ексклузивна вест со цел да ја дискредитира актуелната власт, а ним да им се поправи имиџот и да ги врати на власт без избори, преку формирање на техничка влада.   

Обидот на Зоран Заев и Радмила Шеќеринска преку т.н. бомби да се претстават како патриоти и Македонци кои се загрижени за демократијата во земјата, само за да дојдат на власт, не им помина кај Македонците, но затоа им направи огромна услуга на оние сили кои работат за промена на името и за разнебитување на македонскиот народ и држава. Со тоа уште еднаш се легитимираа како политичка елита која од осамостојување, освен своите лични интереси, никогаш не ги застапувала интересите на македонскиот народ.

Во недостаток на своја програма и визија како да ја водат државата, раководството на СДСМ отсекогаш се трудело преку своите медиуми на народот да му поттурат лижавчиња како успешна приказна. Но, кога биле на власт, набргу во режија на оваа партија, успешната приказна преминувала во хорор серија, во која освен Рамковниот договор и територијалната поделба, се појавувала огромна невработеност, немање на инвестиции, рекорд во корупцијата, криминал, негрижа, уништени перспективи на цела една генерација од населението и огромна рамнодушност кон страдањата на населението.

Склони на манипулации и соработка со невозможни коалции, од осамостојувањето до денес, СДСМ на двапати доаѓа на власт. Прво во 1991 година, успешно го надитруваат неискусниот Љупчо Георгиевски, па прво преку експертска, ја превземаат власта. Десетина години потоа, по Големото уво, за време на конфликтот во 2001 година, од опозиција влегуваат во широката коалициона влада, за да во 2002 година коалицира со истите оние против кои Македонија војуваше. Ваквите игри и коалиции, како и изборните фалсификати правени од нивна страна во текот на две децении, покажуваат дека СДСМ никогаш не се трудел да ја почитува вољата на избирачите, дека никогаш не го ценел сопствениот народ.

Народот одамна ја има прочитано оваа безидејна, бездушна и жедна за власт партија. Ветувањата кои СДСМ ги даваше на народот во предизборието никогаш не ги испочитува. Ниту едно од големите ветувања не испорача, а сонот никогаш не го исполни. Сето тоа беше знак дека СДСМ уште долго ќе биде надвор од власта.  

Од 2006 година, народот својот глас континуирано го дава за ВМРО-ДПМНЕ. Свесни дека одамна ја имаат изгубено довербата кај народот, дека позицијата на партијата кај народот е исклучително неповолна, СДСМ која е политички несериозна и дезориентирана партија влета во невозможни комбинации – соработка со странски служби и други кои не и` мислат добро на земјата. Добиениот арсенал “бомби“ од нив, денес Заев го користи повторно за да изнуди – формирање на техничка влада.

Многу работи за кои се обвинува сегашната власт, беа својствени за време на владеењето на СДСМ. Но, она што му личи на СДСМ, не им личи на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, кои зад себе ја имаат огромната поддршка на народот. Добро организирани и сериозни, ориентирани во простор и време, ВМРО-ДПМНЕ на чело со Груевски најавува нови инвестиции, нови вработувања, нешто што го нема и е незамисливо во програмата на социјалдемократите.

Масовна поддршка на народот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ им го поремети домашниот есап на СДСМ и нарачателите на „бомбашкото сценарио“. Ги збуни и медиумите кои работат во спрега со СДСМ и кои наместо да бидат дел од решението, станаа дел од проблемот на социјалдемократите. Всушност, со своето известување тие ја побија тезата на СДСМ дека во Македонија нема демократија, дека медиумите се под контрола, а новинарите репресирани.   

СДСМ како партија никогаш не ги исполнувала условите за да ја води земјата по правиот пат, зошто никогаш не го застапувала народот. Но, затоа умее да прави интриги, да сплеткари и да го кодоши сопствениот народ. Крајниот ефект од тоа е повторно да се вмешаат странци, тие да ни ја кројат судбината. А секогаш кога тие ќе се вмешале Македонија била поделена, а македонскиот народ обезличен.  

Со т.н. “бомби“ на Заев, СДСМ успеа да ја вмеша Европа. Во Европскиот парламент, со посредство на европратениците Едвард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Ховит и под надзор на Дејвид Кулен и Кристина Грау од Европската комисија, се оддржа прв дијалог меѓу претставниците на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. Според информациите од оваа средба, претставниците на СДСМ останале на барањето за формирање на преодна Влада, како и оставки на министри и др. Но, тоа било отфрлено од претставниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Исто така, од европратениците било побарано итно враќање на социјалдемократите во Собранието и прекинување со објавување на телефонските разговори што се стекнати на нелегален начин, за што ќе следува судскиот случај „Пуч” на кој ќе се докажува нивната автентичност. Продолжување на овие разговори се очекува по Велигденските празници.

Затоа од друга страна македонскиот народ се мобилизира и кажа решително НЕ и го поддржа ВМРО-ДПМНЕ кој е нејзин гласноговорник. Доста е играње со Македонците, време е и тие да видат бел ден.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top