Дијаспора

На пат од Флорида до Нијагара

slave-katin

slave-katin

Пишува СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

(ДЕЛ ОД КНИГАТА  „СВЕТОТ  НА  ДЛАНКА“)

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – САД

Беше сабота кога во утринските часови ја напуштивме Јужна Флорида и се упативме со џипот на нашите домаќини Лили и Стив Плиакес кон север, кон Торонто. Беше планирано да патуваме два дена, а една ноќ да преспиеме во некој мотел на автопатот. Долгото патување од  Авентура го започнавме по автопатот број 95 кој води од јужниот до северниот дел на САД.

Го поминавме излезот на автопатот каде одевме на пикниците, а потоа стасавме во непосредна близина на Македонската православна црква „Свети Димитрија“, за која не врзуваат многу спомени и промоции на книги. По неколку часа го поминавме Ормонд Бич, каде претходно ја посетивме познатата компанија „Мајкрофлекс“ на браќата Јосиф и Џорџ Атанасоски и се упативме на север кон Џексонвил што е на границата меѓу Флорида и Џорџија.

Возењето беше удобно во кое имавме долги разговори за животот, активностите и постигнувањата на Македонците во Флорида. Затоа, по подолг период возење ја напуштивме Флорида и влеговме во државата Џорџија, американска држава  со исто име како и азиска Џорџија (Грузија). Никој не рекол, не напишал ништо и не е против за истото име на двете држави, како што, за жал, е случајот со Македонија и јужниот сосед.

Километрите си поминуваа а ние гледавме голем број карактеристични места, простори, градови… Затоа и патувањето до Јужна Каролина, а потоа до Северна Каролина ни го исполни целиот ден. Тука се сместивме во еден мотел за да се одмориме, бидејќи другото утро нè чекаше пат да почне уште еден напорен ден на патување преку државите Вирџинија, Пенсилванија и Њујорк до Нијагарските Водопади во Канада. Притоа, треба да се нагласи дека е тешко човек да препознае во која држава во САД се наоѓа, доколку не ја види таблата на автопатот, бидејќи не постојат гранични или нишани меѓу државите во САД и провинциите во Канада.

ormond-beach

Граничниот премин меѓу САД и Канада беше формален и веднаш влеговме на мостот кој ги дели овие две американски држави. Од далечините ги гледавме Нијагарските Водопади и се потсетивме на нашите поранешни посети на ова чудо на природата.

За убавината на водопадот придонесува височината, од која, неверојатни 7 000 км3 вода во секунда паѓа во бездната од ог­ромната водена маса. Во за­висност од годишното време се менува и ликот на во­допадите. Есента е пријатна со изразити есенски тонови. Зиме водениот прав замрзнува уште во воз­духот и од врвот на водопадите до студената бездна се формираат прекрасни кристални завеси.

А кога на­стапува пролетта и бујните води на Нијагара ќе ги по­несат огромните ледени блокови, трескотот што се создава при струполувањето и од триењето на мразот од ѕидовите на водопадот, е уште посилен. И то­гаш огромното виножито што се раѓа го разубавува денот.

Меѓутоа, ноќните екс­кур­зии до Нијагара се уште поинтересни. Осветлени со ил­јадници елек­трич­­ни светилки (реф­лектори), водопадите добиваат фантастичен изглед, кој го опијанува посетителот застанат пред ова чудо на природата.

Беше попладне кога пред нас се појави и најголемиот водопад од канадската страна, кој е поживописен и повпечатлив од помалиот водопад што е на американската страна. Овие два водопади изгледаа како скромни речни јазови што ги создала природата да бидат единствени на Земјината топка. Тоа беше глетка што не може да се заборави и остава трајни впечатоци кај посетителот. Исто така, го посетивме и Веландскиот Канал, низ кој водниот сообраќај претставува главна артерија меѓу езерата Ири и Онтарио, а оттаму преку реката Сент (Свети) Лоренц водената маса навлегува во Атлантскиот Океан.

nijagara
Нијагарските  водопади со поглед од Канада

Интересно е да се спомене дека петте големи езера во граничната област меѓу Соединетите Американски Држави и Канада според површината што ја зафаќаат на­ликуваат на море. Не случајно и се нарекуваат Сре­доземно Море на Северна Америка. Нивните води во Атлантскиот Океан ги носи реката Сент Ло­ренц. Планот да се изгради континентален пловен пат во должина од околу четири илјади километри од утоката на Сент Лоренц до Дјулут на Горно Езеро е многу стар. Во 1932 година Соединетите Американски Држави и Канада склучиле договор за заедничка изградба на водениот пат Сент Лоренц.

Според информациите што ги добивме од пишаните документи во кои се вели дека поради висинските разлики меѓу езерата и брзината на истекувањето на водата во реката било неопходно да се изградат брани и канали. Така, најголемиот континентален во­ден пат на светот бил готов во 1959 година. Шес­нае­­сет брани го подигнале овој воден пат до 184 мет­ри над морската површина.

 По изминати 54 километри од езерото Ири истекува реката Нијагара и се влева во езерото Он­тарио. Во почетокот реката Нијагара е широка дури 1200 метри, а по изминатите десетина километри се разделува на две ракавици меѓу кои е Големиот Ос­тров. Низводно повторно се соединуваат неј­зи­ни­те во­ди, кои течат преку брзаци и слапови, за по из­минати седум километри и да ги формираат прочуените Ни­јагарски Водопади. Ова чудо на природата е ед­на од најпосетените туристички атракции на северноамериканскиот континент и на сите меридијани. Водената симфонија на Нијагара е спој на природата, митското, сонот и јавето.

hamilton
Мостот кај Хамилтон

Интересни беа податоците од кои се запознавме дека Нијагарските Водопади постепено „ползат“ кон езерото Ири, каде и започнува стрмниот дел. Пресметано е дека секоја година малиот водопад се повлекува за 5 – 6 сантиметри, а големиот за 60 – 70 сантиметри. Од создавањето па до денес „Потковицата“ се приближила до езерото Ири за 11 километри. Тоа се објаснува со разурнувањето што го предизвикува водата и материјалот што го носи врз скалестиот праг. За се­гаш­ниот изглед биле потребни 6 000 години, а за да стиг­не до езерото Ири и да исчезнат во­до­па­дите или да бидат уште поголеми потребни му се уш­те не помалку од 180 000 години. 

За Канада и Соединетите Американски Држави Нијагара и нејзините водопади се голем из­вор на приходи. Водопадите ги посетуваат милиони посетители кои како на една своевидна авантура доаѓаат од целиот свет. Од дру­­га страна, пак, огромната водена сила се ко­ристи за добивање на електроенергија. Направе­ни се голем број гигантски хидроцентрали, особено од канадската страна.

Инаку, градот Нијагара се наоѓа на левиот брег на реката и претставува голем туристички центар. Во него живеат над осумдесет илјади жители, кои претежни се занимаваат со туристички гранки.  Таму има бројни хотели, ресторани, казина и други атрактивни објекти, кои привлекуваат милиони туристи од целиот свет. И ние во Нијагара се чувствувавме како дел од глобалниот свет кој доаѓа и од американската, а повеќе од канадската страна на Нијагаските Водопади.

Во вечерните часови ја напуштивме Нијагара и се упативме кон Хамилтон, крстопатот меѓу Торонто и Нијагара.  По автопатот кој води низ рамничарскиот дел на Онтарио се чувствувавме како да сме во Македонија. Имено, тој предел со своите лозови плантажи наликува на лозовите полиња во Кавадарци и Неготино.

Инаку, градот Хамилтон е сместен на југозападната страна на езерото Онтарио. Тој се вбројува меѓу водечките центри на железната индустрија во Канада, затоа и голем број Македонци, особено од егејскиот дел на Македонија се доселиле на тие простори уште во дваесеттите години од минатиот век. Таму со успех работи Македонската православна црковна општина „Свети Наум Охридски-Чудотворец“.

Впечатлива беше глетката кон Хамилтон што се пружа од високиот мост што се вишнее на еден крак на езерото Онтарио и кој го премостува густиот сообраќај од Нијагара кон Торонто. Од мостот кој е вистински современ објект се гледаат рамните богати површини на Онтарио кои со погледот се губат кон север.

kniga-slave
Репортажата „Од Флорида до Нијагара“ е дел од книгата „Светот на дланка“ на Славе Катин, „Македонска искра“, Скопје, 2014, 1-444, додека наредните материјали што следат, се дел од публикацијата „Македонците во САД и во Канада“ на Славе Николовски-Катин, во издание на „Македонска искра“, Скопје, 2002, 1-380

Од Хамилтон до Торонто се возевме по современиот автопатот што го носи името „Кралицата Елизабета“, посветен на англиската кралица. И лево и десно од автопатот има безброј објекти кои ги поврзуваат овие два индустриски центри на Канада. Затоа, на тој простор од педесетина километри човек се чувствува дека се наоѓа во некој град. 

По едночасовно возење, во вечерните часови стасавме во Торонто, во втората македонска престолнина, како многумина нашинци го нарекуваат овој велеград.

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top