Дијаспора

Избори во организацијата „Обединети Македонци“ од Торонто

slave-katin

slave-katin

Пишува СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

На 26 април оваа година  во просториите на соборниот храм на македонската православна црква “Свети Климент Охридски” во Торонто се одржаа избори на македонската национална организација “Обедините Македонци” од Торонто, Канада.

Оваа организација е прва национална институција во македонската дијаспора која ги собра Македонците од Торонто и пошироко од Канада и САД, а кои потекнуваат од сите делови на Македонија да се организираат на национална основа.

За прв претседател на организацијата “Обединети Македонци” во 1959 година беше избран  доселеникот од Егејска Македдонија Џеимс Сандерс, а потоа, претседатели биле познатите и признати иселеници: Џан Гивенс, Џими Трентос, Тели Мариовче, Антон Павлов (Опашинов), Петре Василевски, Никола Стојановски, Бранко Стојчевски, Трајан Теговски, Мендо Бакаловски, Стив Плиакес, Драган Џолгановски, Владе Гроздановски, Драги Стојковски, Борис Мангов и Џими Смагранов, од кои повеќемина биле избрани повеќе пати на чело на Организацијата

На сегашните избори за наредните две години за претседател е избран Мендо Бакаловски, познат и признат активист во македонската заедница во Торонто, кој потекнува од селото Драгош, Битолско. Мендо Бакаловски бил неколку пати претседател на организацијата “Обединети Македонци”, како и на македонската православна црква “Свети Климент Охридски”. За секретар на организацијата, пак, е избрана младата и перспективна дама Елизабета Медичкова.

ilinden-toronto

Инаку, во историјата на организацијата “Обединети Македонци” е забележано дека во педесетите години од минатиот век се појави група Македонци, претежно од егејскиот дел на Македонија, која имаше за цел да формира самостојна национална македонска организација. Притоа, беше поставено и прашањето за зачувување на македонскиот национален идентитет, како и обединување на  македонските доселеници во Канада.

Првиот чекор, во оваа смисла, беше направен на пикникот во 1958 година. Овој пикник во националниот живот на Македонците во Торонто и пошироко има посебно значење. Тој претставува прв значаен симбол на иселеничкото единство на Македонците од етничка Макеонија. Меѓутоа, 28 април 1959 година е запишан со златни букви.  На тој ден се одржа историската Конференција, кога беше прифатен Уставот и беше донесено решение за формирање на македонската национална организација “Обединети Македонци”.

Со тоа организацијата “Обединети Македонци” започна со решавање на значајни иселенички прашања на Македонците во Канада. Едно од важните задачи и потреби на македонските доселеници, беше изградба на македонска православна црква под јуриздикција на цветата православна црква во Македонија, а со цел да ги задоволи верските, духовните, културните и воопшто националните потреби на Македонци од сите делови на Македонија.

Затоа, организацијата “Обединети Македонци” беше регистрирана како македонска национална културно-просветна непрофитна организација. Тоа овозможи таа да успеа да ги обедини Македонците на национално и духовно поле и да развие силна дејност во животот на доселениците од сите делови на Македонија и  да ги отстрани влијанијата на туѓите пропаганди.

Инаку, организацијата “Обединети Македонци” беше првиот организатор на манифестацијата “Денови на македонската култура и писменост”. Денес таа должност и чест ја има Литературното друштво “Браќа Миладиновци”, кое е во состав на македонскиот соборен храм “Свети Климент Охридски” од Торонто. Оваа манифестација се одржува секоја година во мај месец и е посветена на делото на македонските и на сесловенските првоучители светите Кирил и Методиј, а со цел да & се приближи на канадската јавност културното и духовното наследство на македонскиот народ и на Македонија.

Исто така, во рамките на организацијата работеја две македонски училишта: едно за изучување на македонскиот јазик и писмо и училиште за изучување на македонскиот фолклор и култура, кое прерасна во КУД “Гоце Делчев”. Оваа друштво беше формирано во 1986 година и беше едно од најактивните фолклорни групи на доселениците во Торонто. Во рамките на Организацијата постоеше и фудбалскиот клуб “Солун”, кој настапуваше во Македонско-канадската лига.

crkva-sv-kliment-toronto
Катедралната црква “Свети Климент Охридски” во Торонто

Денес, пак, организацијата “Обединети Македонци” е сопственик на земјиште под името “Македонски парк”, каде се одржуваат пикници и каде се гради македонскиот манастир “Свети Илија”. Потоа, организацијата има подигнато споменик на паднатите борци за Македонија. Споменикот е поставен пред црквата “Свети Климент Охридски” на 26 јануари 1980 година, кога е извршено негово свечено откривање. Секоја година, во чест на Илинден, 11 Октомври, Гоцевиот ден, Деновите на културата и други празници,  членови на управите на организацијата “Обединети Македонци”, на црквата “Свети Климент Охридски”, бројни свештеници и доселеници полагаат венци на споменикот. Вообичаено е свештениците да одржат панахида за паднатите борци во сите години од сите делови на Македонија.

Се чини најзначајна манифестација на организацијата “Обединети Македонци” се “Гоцевите денови”, кои се посветени на македонскиот деец Гоце Делчев. Оваа манифестација за прв пат беше организирана како “Гоцева комитска вечер” во 1972 година. Во текот на изминатите четириесетина година интересот за овие денови е с# поголем, бидејќи гости за манифестацијата се видни личности од културниот, националниот, историскиот, политичкиот и естрадниот живот на македонската дијаспора и Република Македонија.

Исто така, треба да се одбележи дека во 2009 година беше одбележано 50-годишното постоење на организацијата “Обединети Македонци”, на кое, покрај големиот број видни иселеници од Канада и САД и личности од Република Македонија, присуствуваше и  господинот Стефан Харпер, премиер на Канада.

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top