Историја

Тодор П. Станковиќ до Милутин Гарашанин: Програма за работа во ширењето на српската идеја и просвета во Македонија и (во) Стара Србија

Milutin Garasanin

(1885 година)

Milutin Garasanin1. Пред сеж нужно е да се состави одбор, кој ќе биде најмногу од три лица, кои се способни за оваа работа и се запознати со луѓето и околностите во Македонија и Стара Србија, на кој одбор ќе му биде доверена исклучиво оваа работа. На овој одбор постојаното седиште треба да му е во Врање, како најзгодно место според положбата. Одборот за својата работа ќе го известува Министерот за надворешни работи, а за работите кои треба да се преземаат ќе бара упатства… Оваа работа треба да им се довери само на тројца и затоа, да може во својот почеток да се држи во најголема тај-ност додека се успее,  противниците да не може да му наштетат. Оттаму и ако овие три лица составуваат впрочем “одбор” не треба јавно да биде познат како одбор за оваа цел.

2. Веднаш да се изберат три лица кои ќе патуваат по Македонија и Стара Србија за да ја сознаат сегашната состојба и да можат да стапат во врска и договор со наши луѓе кои подоцна со врањскиот одбор ќе бидат во договор. Овие три лица  своето патување ќе го започнат преку Цариград, да му се претстават на Цариградскиот Патријарх и да му дадат збор, дека ќе работат на тоа Србите  во Македонија и Стара Србија да прејдат на страната на грчката Патријаршија, а да се одречат од Бугарската егзархија, за да добијат препораки за грчки владици и поедини познати лица, кои воќе ги помагаат и заштитуваат во нивната работа…

3. Штом овие лица во Македонија и Стара Србија стапат во договр со нашите луѓе и го подготват земјиштето за наши школи, одборот ќе се грижи веднаш со препорака да праќа учители спрема потребите на местото.

4. Бидејќи немаме соодветни школски книги за Македонија, кои не би биле противни на турската држава, нужно е, особено школските книшки да се пишуваат на Србо-македонското наречје, што ќе се печатат во Цариград и оттаму ќе им се испраќаат на нашите книжарници, кои треба да се востановат во Призрен, Скопје и Битола, а подоцна и во другите места. За сега повеќе од потребно е работата на митинзите во Белград, Ниш и Врање да се печати во посебни книшки, изземајќи го тоа што би ја нав-редувало Турција. Овие книшки треба да се разделат во Македо-нија и Стара Србија, а и на одделни луѓе, кои се родум од Македонија и Стара Србија, а се наоѓаат во Кралството Србија, па до некаде да ги потсетиме на својот род и татковината, за да и натаму работат во тој правец.

5. За да европското  мислење се информира за народносното прашање во Македонија, нужно е да се востанови еден весник на Српски и Француски јазик, кој ќе се издава во Цариград. Бидејќи немаме друго лице, кое е запознато со маке-донските работи и инаку подготвено за журналистика, и да е по род од Македонија, тоа би било добро, кога за уредник на овој весник би се поставил г. Димитрије Алексијевиќ, кој ќе ги корегира книшките.

6. Врањскиот одбор треба веднаш да се погрижи, да се востанови еден просветен фонд од страна на Старо-Србијанците и Србо-Македонците, кои живеат во Кралството Србија, и од кој фонд подоцна ќе се потпомага Српската книжевност во Македонија и Стара Србија.

7. Прека потреба е да се постави наш конзул во Битола или во Скопје или најпосле барем трговски агент, кој нашите луѓе ќе ги потпомага и воодушевува.

8. Нашата држава треба да ги направи годишно следниве издатоци:

а. За патување на 3 лица …………………………………………………………….. 450.ц.

б. За 40 учители кои ќе се постават во Македонија и Стара Србија ………………………………………………………. 6.000. ц.

в. За весникот, книги и книжари ……………………………………………… 5.000. ц.

г. За лични награди на поедини граѓани, свештеници и за непредвидени трошоци …………………………………. 4.000. ц

Вкупно 15.450. ц

Оваа сума би се трошела тогаш, кога ќе се отворат 40 учителски места во Македонија и Стара Србија, а до тоа време ќе се востанови спомнатиот фонд, па од него многу издатоци ќе се подмируваат, па според тоа целокупната горна сума никогаш нема да падне на товар на државната каса.

Тодор. П. Станковиќ”

Архив Србије-Београд, фонд: МИД, ППО И 36/1885.; Граѓа за историјата на македонскиот народ од Архивот на Србија…, т. ИВ, кн.И,  док. 201, стр.346-348;

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top