Дијаспора

Вечна слава и почит за Јонче Трајчевски, починат патриот во 2015, оснoвач на ВМРО-ДПМНЕ

Пишува: Јанко ТОМОВ

Читајќи ги статиите на познати новинари од дневниот весник Дневник,на 27 Април 2015 година, меѓу кои и статијата “ Последното писмо од Јонче од Добрушево” од  Христо Ивановски, со тешкотии и со жалење ја примив информацијата  дека и тој патриот активист на ДООМ, во минатиот век, како и  еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, во дијаспората, тивко починал, за кого не сме известени, барем ние од списанието “Македонска нација”.

Инаку починатиот Јонче Трајчевски, беше близок соработник на Панко Стамкоски, едитор на најпатриотскиот весник “Македонија”, од Мелбурн, Викторија, каде живееја како  соседи, во тихото Северно место од Мелбурн, оддалечено околу 150 км. Така имам забележано, малку информации за активноста на Јонче со Панко, некаде од 1980-те години, каде покушаваа да се усклади работата на ДООМ, која по киднапирање и затварање на лидерот на ДООМ, Драган Богдановски, од страна на УДБ-а, со осуда од 13 годишен затвор, во Идризово, СР Македонија, затаи. Имено улогата на претседател на ДООМ и уредник на “Македонска нација”, ја превзема Михаил Шариновски-Солунски. Од Перт, Австралија со свои истомисленици, како Ристе Ристески од Сиднеј и други.  Во тоа време се створија поделби во ДООМ, каде со оснивање на весникот “Македонија”, од страна на Панко, а покасно и  на списанието “Глас на Македонците” од Сиднеј, раководено од Крсто Јенчев Димитров, Ангеле Вретоски, Ѓорги Чочков, Крсто Шкодров и други патриоти, преставени како Анархисти, блиски до социјалистите, настојуваа да се запази патриотскиот дух на ДООМ и со него на “Македонска нација”. Но најважната задача им беше да не се деградира личноста на идеологот на ДООМ, Драган Богдановски,  напротив, да се сочува, надевајќи се за негово рехабилитирање и пуштање од затвор. Елементи од активноста на патриотите од тие времиња и нешто за Јонче Трајчевски, можете да ги сретнете во најновата книга од 2014 година, од Јанко Томов: “Мојот придонес  за Македонија”, “Тајното народно Македонско револуционарно движење од Австралија”, од 2008 година, како и во книгата од 2000 година “Поткрепа од убавиот Перт”.

Инаку Јонче Трајчевски, наповеќе беше активен во првите месеци на 1990 година, непосредно со оснивањето на ДПМНЕ и континуирано ВМРО-ДПМНЕ во дијаспората. Јонче, на предлог на Панко, беше назначен од Драган како член на Координативното тело на ДПМНЕ за дијаспората, со која раководеше Драган Богдановски, кој го постави Панко Стамкоски за потпретседател, а и Јанко Томов за член (Види повеке документи и политичка програма на ВМРО-ДПМНЕ, прочистена од Панко и Јонче, а од мене  “Замислата и концептот за функционирање на ДПМНЕ во дијаспората” од 20 Мај 1990 година, специјално во книгата” Поткрепа од убавиот Перт”.

Со Јонче Трајчевски, заедно и со Панко Стамкоски,  во тие први месеци во 1990 година имавме постојани соработки, преку телефонски разговори, писма  и договори, кои се формираат во правни факти и документи, како пристапници за цленство во ограноците на ВМРО-ДПМНЕ, нивно основање, работни правила за основачките конференции, политичката платформа на ВМРО-ДПМНЕ и се со правен и квалитетно организаиран начин, со навремени известувања, за основање и активноста на новите Задгранични комитети, во дијаспората-Австралија, нарекувајќи ги Ограноци на ВМРО-ДПМНЕ.

Јонче, педантно ги обработуваше таквите документи, но понекогаш, поради тоа не го запазуваше потребното време и нивната итност, така да тоа се одрази, за повеќето основачки собранија, на тие ограноци, да немаат соодветен комплетен материјал или да моето задолжение од Драган и Панко да ги организирам ограноците, каснеа од тој аспект. На пример, договорот на Координативното тело беше секоја активност при основањето на ограноците-Задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ, да биде правно, организационо  и административно поставена и видена, сходно со правосудските закони на Австралиското општество. Сето тоа налагаше навреме доставени барања до македонските емигранти, кои се сметаа за потенцијални членови на ВМРО-ДПМНЕ, потоа дозволи и известувања на  актуелните локални власти на Австралија, каде се основаа ограноците.На пример,  основачкото собрание на огранокот на Перт, кој требаше да се одржи во Април или Мај, 1990 година, се одржа на 19 Август, после одржаното прво основачко собрание на ВМРО-ДПМНЕ во Република Македонија во Скопје на 17 Јуни 1990 година. Исто така избрзано се основаа ограноците на Мелбурн и Сиднеј, а додека огранокот во Вулонгонг, Викторија, се најави дека е основан и на самиот почеток престана со активност. Или пак недоволни информации се објавија во патриотската медија во дијаспората,за основачките собранија и за поединости за нивните управни одбори и раководства. Многу тогашни “патриоти” со социјалистички идеи скришно ги бојкотираа активностите на новоформираните ограноци на ВМРО-ДПМНЕ, но активноста продолжуваше во Австралија.

Многу финансиски средства, специјално од Огранокот на Мелбурн, кој го раководеа Панко Стамкоски  и Јонче Трајчевски, беа префрлани во Македонија, од групата организирана од Саздов и компанија, за собирање на доброволни средства за помош на централата на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје. Додека планирани и потребни средства, за самиот огранок во Мелбурн, како и за меѓусебна  соработка на останалите ограноци во Австралија, немаше за минимални соработки, како што се потребни средства за административни трошоци, како писма , литература и сл. Исто така, како и најважното, за средства за телефонски разговори, кои беа неминовни, како со меѓусебно контактирање, исто така и со контактирање со централата во Македонија, што паѓаа на трошок на раководствгата-лидерите на ограноците. Во една прилика, во тие месеци по основањето на ограноците во 1990 година, Јонче ми се пожали и побара извесна финансиска помош, од нашиот огранок од Перт, бидејки Јонче не работеше, а беше и во години и здравствено-физички недовоплно способен, како што беа останатите помлади Македонци во Австралија. На мое барање од Огранокот на Перт каде бев Претседател, да му се испрати малку помош на Јонче, барем за основните административни работи и телефонски разговори, моето барање беше одбиено. Тоа, како навлегување  на социјалистички елементи и нивни влијанија, во огранокот во Перт,а најповеќе никакви контакти со централата на ВМРО-ДПМНЕ, раководена од бугароманот Љубчо Георгиевски, со кого  не сакав да зборувам по телефон, кога зборуваав со Змејковски, бидејќи сите финансови средства, добиени од дијаспората, ниту малку не беа давани лично  за потребите на Драган Богдановски. Така Јонче Тајчевски и Драган Богдановски, во тие денови на мојата неодповиклива оставка од Претседател на огранокот нса ВМРО-ДПМНЕ за Перт и З.Австралија, ме канеа и убедуваа дека ќе се регулираат работите, за да се состанеме и учествуваме на Првиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, кој беше одржан во Прилеп 1991 година, на кој се сретнаа Драган и Јонче, без мене и Панко.

Вечна ти слава и лесна земја, наш драг соборец и ценет активист на движењето, Јонче ТРАЈЧЕВСКИ, како и еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, член на Координативниот одбор на ДПМНЕ за диаспората-Австралија.

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top