Историја

Македонското прашање и европските држави во периодот на империјализмот

narodna-federativna-partija-600

Христо Андонов – Полјански

narodna-federativna-partija-600

Во епохата на империјализмот националноослободителните движења претставувале посебен феномен. Според В. И. Ленин во епохата на империјализмот се засилиле стремежите за потчинување на слабите народи, кое од своја страна претставувало нов фактор во заострувањето на националното угнетување. Сето тоа било вклопено и опфатено во вителот на големата борба на империјалистичките сили за разделба на светот. Во таков сооднос се наоѓало и македонското прашање. Неговиот натамошен развиток бил зависен од политиката на империјалистичките држави. Длабоко заинтересирани за Османската империја, за нејзините патишта, што воделе кон Исток, империјалистичките сили не одминувале да го следат македонското ослободително движење и македонското прашање. Ова прашање, како и другите, го нарушувало и заострувало равновесието помеѓу нив.

Меѓународните односи од епохата на империјализмот силно влијаеле на Балканот. Пред сè заради тоа што сите империјалистички држави имале на ова подрачје силно влијание, свои економски и политички интереси. Затоа тие и се стремеле да ја потчинат Османската империја, а во исто време и балканските држави. Тие настојувале да им наметнат политичко и економско влијание. Но сите тие поради тие свои интереси не дозволувале нарушување на равновесието. Во периодот на империјализмот од крајот на XIX и почетокот на XX век, моментната констелација наложувала придржување на принципот на статус кво, со делумни интервенции, а без менување на постојната положба. Токму таква политика тие спровеле во поглед на Македонија и по македонското прашање. Целта била да се осигури целоста на Османската империја во која тие имале економски и политички интереси и престиж.

И во овој период, како и во периодот непосредно пред Берлинскиот конгрес, за „најзаинтересирани“ за приликите на Балканот се сметале: царска Русија и Австро-Унгарија. Русија и во овој период била заинтересирана за приликите на Балканот, за Босфорот и Дарданелите. Но поради далекоисточните заплети го сметала ова прашање за второстепено и работела по секоја цена да се сочува статус квото. Австро-Унгарија работела што повеќе да го засили своето влијание на Балканот, да ги оствари своите аспираторски намери кон Моравско-вардарската долина, кон Солун. Заради комплицираната меѓународна положба Австро-Унгарија не го сметала моментот погоден и дејствувала да се сочува редот на Балканот.

Овие сили овој свој однос го санкционирале и со посебна спогодба. Тоа е спогодбата од 1897 година. Во неа се потенцира принципот за одржување на статус квото на Истокот, зачувување на султановиот суверенитет и во случај на потреба силен дипломатски притисок за одржување на мирот.

Сличен став заземале и останатите империјалистички држави. Нивните интереси, во моментот, диктирале одредена политика за зачувување целоста на Турција. Во тој склоп се однесувале и кон македонското прашање. Меѓутоа и покрај вака прогласените принципи, овие сили, како и балканските држави, не отстапувале од курсот за зголемување на своите позиции и сфери на влијание. Имено, по 1897 година и по разраснувањето на македонското национално-ослободително движење, овие сили започнале уште поинтензивно да го зголемуваат својот интерес кон ова движење и глобално да се допираат и до разгледувањето на македонското прашање. Во ова особена улога одиграле дипломатските претставници на силите во Македонија, кои детално ги известувале своите влади за текот на движењето и на моменти наоѓале можности да сугерираат модуси за решавање на македонското прашање. Интересот се актуелизирал и со вниманието што на ова движење му го дал европскиот печат и европската јавност. Во овој период својот интерес го зголемиле и балканските буржоаски дипломатски кругови, кои ги проширувале своите аспираторски намери кон Македонија. Со сè посилното разраснување на македонското револуционерно движење, кое особено дошло до израз во првите години од нашиот век уште повеќе се зголемил интересот за немирниот македонски терен, а со тоа и за феноменот на македонското прашање. Активизацијата на ова движење претставувала голема пречка за нивните политички и економски интереси. Затоа и во ова време се проширил дипломатскиот притисок за изнајдување на некаков modus vivendi кој можел само делумно да ја реши кризата. Тука се предвидувале и можности за некаква интервенција, меѓутоа не коренита, а со тоа целосно не се решавал проблемот. Со засилените револуционерни акции во 1902 година некои сили отворено започнале да говорат за интервенција. За да ја попречи таа интервенција Високата Порта при крајот на декември 1902 година донела реформа за средување на приликите во Македонија. Овие реформи се наречени – „Падарски реформи“, бидејќи ја содржеле во себе само безначајната клаузула за назначување на христијански, наместо муслимански падари. Освен тоа, генералниот инспектор на солунскиот вилает – Хилми паша добил поголеми овластувања. Со овие безначајни реформи Портата се стремела да создаде впечаток за својата грижа да ја подобри положбата во Македонија. Со тоа не биле задоволни некои сили. Затоа на 8 февруари 1903 година во Виена од страна на министрите за надворешни работи на Русија и Австро-Унгарија бил донесен програм за реформи, наречен „февруарски реформен програм“ или „февруарски реформи“. Согласно на овој програм се преземале мерки за извесна реорганизација на турската полиција и жандармерија. Оваа реорганизација им била поверена на двајца европски инструктори. Исто така се предвидувал самостоен буџет за сите три вилаети. Реализирањето на овој програм одело доста бавно. Само биле назначени странски инструктори за реорганизација на полицијата и на жандармеријата. Овие реформи не донеле нешто ново и некакво подобрување на положбата на македонскиот народ или до коренито решавање на македонското прашање. Реформите претставувале продукт на интересите на империјалистичките сили, кои биле во овој момент заинтересирани за сочувување целоста на Османската империја. Меѓутоа, не треба да се одмине од предвид фактот дека овие реформи одново придонеле за актуелизирање на македонското прашање во европските дипломатски и политички односи.

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top