Историја

Поп Спасе сака да се ослободи од Егзархот и д аја прими Унијата, а од Патријархот бара да се основа нова православна општина под насловот „Македонско општество во Прилеп”

Kosta Novakovic

Kosta Novakovic
Коста Новаковиќ до Премиерот Јован Ристиќ

“Господине Министре,

Бидејќи на 27 м.м. со П Но 177 имав честа да ви ги пратам првите белешки… за борбата во прилепската црковна општина, како што дознав од г. Шпиро Копривица …што е работено со попот Спасе Игуменов, кој со  г. Ш. Копривица дошол да се жа-ли на Патријаршијата на бугарските егзархиски интриги во Македонија. …

Поп Спасе Игуманов е син на некој стар поп во Прилеп (во оригиналот стои Прилип, н.б.). Уште пред две три години тој влегол како реис (управник) во тамошната црковна општина за кој тој самиот, на моето прашање, ми кажа дека носи на печатот наслов : “Бугарско православно општество во Прилеп”. Помина година и пол, поп Спасе, по вољата на многу луѓе од општината, му напишал на бугарскиот Егзарх во Цариград, вели попот, “што Егзархот седи во Цариград, а народот во Македонија поради него е изложен на прогони”. Оваа постапка не изгледа дека е произведена од српски симпатии, туку ќе биде или производ на католичката пропаганда, или израз на се-бичната грижа за лично спокојство, ако уште не е во врска со нечисти сметки во оп-штината. Како што попот раскажува, Ег-зархот поради тоа се жалел  до Пората за (неподнесени одговори и сметководни извештаи од страна на попот, и попот бил повикан пред турската власт во Битола, која и го затворила, после го држела, не знам под каков изговор, полно пола година во Битола. Бидејќи во Битола има некоја школа или завод на католиците Лазаристи, кој завод за пропаганда меѓу Бугарите и Македонците го има и во Солун, тоа попот, за да се куртули од Егзархот изјавил, дека ќе ја прими унијата и тој и неговата општина во Прилеп под услов, Лазаристите (од овој) Егзарх да го ослободат, и да му помогнат да подигне црква и школа во Прилеп. Лазаристите му ветиле и по свој пат се зазеле и изработиле, па попот се одвои од Битола и се врати во Прилеп. Во оваа состојба ја затекнале работата Правица и Копривица, кога во половината на јуни оваа година пристигнале во Прилеп, и тие почнале да работат, попот да го одвратат од унијата, и да го упатат на Патријархот во Цариград со ветување дека ние работиме, (на тоа) Патријархот да го земе  во одбрана од Егзархот.

Со вакво, иако непотполно, знаење за прашањето, јас за тоа му говорев во две прилики на патријархот, заземајќи се кај него, наспроти општиот српски интерес,  Ег-зарховиот наплив во Македонија да се спречува и совладува. …

Но наеднаш искрснаа пречки кај самиот поп. Или тој неискрено мислел, тежнеејќи само да допре до Цариград, или тука наново го дофатила и католичката и егзархиско-бугарската работа, не можам да проценам. Но навалувањата да отиде кај Патријахот наидуваат кај него отпор. Најпрво се направи болен. После рече дека добил депеша, како грчиот владика од Битола сака на некој во Прилеп да му ја продаде куќата, и како тој сега ни Патријархот ни законитата патријаршиска власт во Прилеп не може ни да ја спомене. Потоа говореше, дека не смее да оди кај Патријархот, да не го присилуваат во Патријаршијата  да стави некаков потпис. …

…и бидејќи попот беше уверуван дека ќе биде добро примен (кај Патријархот, н.б.), дека нема да му се бара никаков потпис, и дека треба за се, па и за злоупотребата на битолскиот владика да му се пожали на патријархот, се тргна, појде кај Патријархот и излезе пред него. Со него беше и Копривица. Тогаш попот изјави пред Патријархот желба, во Прилеп да се основа нова православна општина под насловот “Македонско православно општество во Прилеп”, кое би требало изгледа, сосема да го истисне и кон себе да го привлече досегашното “Бугарско православно општество”. Патријархот направил забелешка на “Македонско”, напомнувајќи, дека би било доста новата општина да се нарекува само “православна прилеп-ска” општина… Но сега одеднаш попот се фатил за Патријар-ховата забелешка против “македонско” и сакал, најпрво да му се даде уверување дека молбата ќе се одобри, па потоа да ја поднесе, бидејќи се плаши, Прилеп да не се погрчи (!) и затоа што некои му зборувале дека тоа не е Македонија туку е Елада. И повторно дојде жалба против грчките тежненија и грчките владици, онака како што Бугарите  ги просипуваа кога работеа на основањето на Егзархатот. Залудно говорев и (кај) самиот поп Спасе и го учев Копривица  да му одговори, дека забелеш-ката на Патријархот (многу не значи, и) немо толкаво значење; дека ние (имаме) место кај Патријархот да работиме молбата да пројде, само тој по своја желба да ја поднесе; дека целата работа не треба на тоа да остане, и дека многу корист може да се извлече и кога општината би се викала онака (само по името на местото) како што вели Патријархот, бидејќи во Прилеп нема никаква опасност од Грците; залудно го уверував, дека ние имаме начин да се заземеме против  грчките злоупотреби во Патријаршијата, кога годе за нив ќе ни биде јавено, – попот еднакво избегнуваше да пријде кон делото, и никако до сега не пристана да поднесе молба.

Меѓутоа од нашите луѓе… дознав, дека попот седи во Ортакеј, каде е и Егзархот, и дека човекот е сосема несигурен.

Тој самиот ми рече, дека излегол и пред Егзархот и дека давал одговори на поранешните писма за неговото прашање.

Ш. Копривница ми зборуваше дека попот се гледал и со застапникот на Лазаристите кој е овде во Цариград.

Од сето тоа заклучувам, дека тој или нешто поголемо очекува од Лазаристите, па не може конечно да наиде на патот,  на кој ние го упатуваме, или дека причина се…некои валкани злоупотрби во сметките за кои се надева дека  друг освен Ла-заристите не може да му даде доволно заштита. Или сите тие операции заедно ги презема,  кај Егзархот за себе и за се да добие  простување.   

Конечниот заклучок е дека во целава оваа работа немаме успех, и дека се што ние можеме да работиме, е тоа, и во оваа прилика да го замолам Патријархот со своите патишта и начини да се заземе против католичката пропаганда во оние краишта и против злоупотребите на одделни  луѓе, кои го влечат народот и на тие патишта само од себе да ја заклонат одговорноста.

Да се работи во исто време и против Патријаршиската власт и против Егзархот, што , како што изгледа, би сакал поп Спасе, е неупатно и без билко каква цел, не само сега туку и во иднина од гледиште на српските интереси. По законит пат и со своето влијание во Патријаршијата можеме единствено да работиме против грчките злоупотреби (уште непрестано, како  се гледа, лошите и расипани) владици за хатар на жалбите кои отаде би се подигнале.

Како, меѓутоа, работата стои онаму и уште поблизу до нашите краишта, можете да судите по ова, што последниов пат го сознав од устата на самиот Патријарх.

Новопоставениот дебарски владика, кој… (во мај или јуни оваа година) отишол во Дебар на својот стол, не сакале да го примат ниту да го сместат во неговата резиденција. Бидејќи владиката, освен синодското и Патријаршиското поставување, имал и берат од Портата, тој со посредување на турските власти изнудил, па оштината го прими и му ја предаде резиденцијата. Но тие после се обиделе да ја запалат црквата и куќата, само што не успеале. Патријархот се подготви, да се жали до Потрртата на тоа, и да бара агитаторите да се казнат. Јас и самиот го молев за тоа, а на нашите луѓе… им говорев да се известат за тоа и на  тамошните наши луѓе да им пишат, на вакви обиди да не пристануваат и со ваквите тежненија да се борат, бидејќи нивното конечно тежнеење, е онаму да ја оневозможат положбата на грчките владици, за да што побрзо да доведат бугарски владици, кои еднакво посветени овде чекаат згодна прилика да ги заземат оние катедри.

——–

…ни Правица не е повеќе во Прилеп. Од Копривица знам, дела бил во Солун, и од Солун пак негде тргнал, не се знае каде, ако не е во Белград. Попот Спасе бараше да му платам 10 бели меџидии, што Правица  ги позајмил од неговиот татко во Прилеп.

Копривица не знае што ќе прави и чека оттаму упатства, особено од Друштвото  Св. Сава. Рече дека и вам ќе ви пише. Иако завчера ми зборуваше за однесувањето на турската власт во Прилеп, сега говори,…дека не може во Прилеп, и дека таму не може да се успее, да се најде некаква работа. Со оние 400 динари, што неодамна му ги дадов, изгледа дека е готов… а и овде не може да остане, бидејќи ќе им падне во очи на властите како човек без занимање. Бидејќи нив не ги испратила државата, туку друштвото Св. Сава, јас не знам и што тоа друштво им поставило како задача…Јас премногу малку го познавам нивниот личен живот, да би можел да дадам некакво мислење за нив. Од искуство знам, дека , барем кај нас, за вакви работи ни не можат да се најдат поодбрани луѓе. Јас чувам уште сто динари да му дадам кога баш ќе биде во невоља. После не знам што ќе биде.

Со најодлично почитување…”

…Ваш Ст. Новаковиќ

 П.С. Заборавав да напоменам, дека преку Н. Јевровиќ и К. Групчевиќ ќе преземам се што се може против пропагандата и смутот на поп Спасе во Прилеп. “

Н.”                                                     

Архив Србије, МИД ПО ф: В, досије ИВ, Пов. бр. 813;

 Граѓа за историјата на македонскиот народ

 од Архивот на Србија…, т. ИВ, кн.3,  док. 8, стр.45-46;

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top