На 20.02.1989 год. регистрирани се две посети на Стево (Берлин) кај Богдановски.
Ги издвојуваме поинтересните моменти од водените разговори:
На 17.02.89, одржан е основачкиот состанок на Еколошкото друштво, според Стево, сосема успешно. Од присутните на состанокот, ги спомена само имињата на: Илхами Емин, Венчо Механџиски и Јулијана Ивановска (последните двајца, новинари во “Нова Македонија“).
Богдановски, кој го дочека Стево со изјава дека бил загрижен што не се појавил кај него од петокот (17.02.1989), не присусуваше на состанокот, наводно заради непредвидени обврски.
Во врска со ова друштво, Стево смета дека хуманитарната содржина на едно вакво друштво е маргинална активност, во време кое што бара “итно создавање на политички странки..”, па според тоа, друштвото треба да биде само основа и формално покритие за подоцнежно конституирање на една политичка партија, според Стево, земјоделска странка, како оптимална политичка партиска варијанта во македонскиот простор, “затоа што Македонија од секогаш била аграрно подрачје..”.
Богдановски застапуваше став дека е потребно пред сè, анимирање на “градската интелигенција” и создавање и друг вид политичка партија, во чија основа би стоела една национална програма. Според Стево, во Македонија, чији политички живот е “под диктат на Белград”, ќе дојде до формирање на “неколку политички странки… меѓутоа се чека прво тоа да го направи Србија..”.
Богдановски се согласува со него, меѓутоа цени дека “власта овде нема да дозволи..” формирање на политички партии затоа што “..власта со крв се освојува и со крв се предава..”, а Македонија “постојано доцни за 100 години..”.
Како против аргумент, Стево наведе дека “денес револуциите се изведуваат без крв..” и како пример за тоа ги посочи настаните во СР Црна Гора и СР Словенија.
На 20.02.1989, Стево организираше, преку Ивановска Јулијана, новинар во “Нова Македонија”, состанок со Ѓ.Ајановски, гл. и одговорен уредник на “Нова Македонија”, со сл. цел: имено, неговата идеа е да се понуди како хонорарен соработник (дописник) од СР Германија, волонтерски или за “симболична” сума од 100 ДМ, месечно, кои што веднаш му ги понуди на Богдановски, затоа што финанската страна не го интересира. Според него, основниот мотив е тоа што “до Македонија не доаѓа права информација..”.
Богдановски цени дека идеата е добра, меѓутоа, сугерираше Стево да бара акредитација за редовен дописник на “Нова Македонија” !!!
Стево гласно размислуваше за можноста од добивање страно државјанство, на што Богдановски му сугерираше двојно државјанство, како подобра варијанта. Во текот на оваа недела, Стево планира да отпатува за СРГ.
Богдановски замоли за услуга: ќе напише писмо до Гојко (Берлин) со молба за финансиска поткрепа, затоа што средствата што располага месечно “не достигаат за живот..”. Како претекст, би навел дека планира еден “самиздат” на свои текстови. Стево предложи, како подобра варијанта Д.Богдановски да наведе во писмото дека има вкупно 60ДМ, месечно за живот, ” а, Гојко знае дали може со тоа да се живее…”, давајќи ја следната експликација: Гојко, имено…

