Дијаспора

Печалбарска Преспа – престолнината на Цар Самоил

slave-katin-2

slave-katin-2
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Многумина велат дека Македонија е најубавата земја на Балканот, затоа и се пишува дека Преспа, особено Долна Преспа е срцевината на таа македонска убавина. И не случајно, зашто на овие простори некогаш било седиштето на Самуиловата држава, а и на свети Климента. Првиот бил владетел на Македонија и на дел од светот, а вториот бил великан на православието, незаборавен и вечен духовник и црковен просветител. Ете зошто нивните потомци блеснуваат на хоризонтите на Македонците во Татковината и на македонската иселеничка галаксија, со харизма каква што можат да имаат само ѕвездите на македонското небо и на македонското Сонце.

Желбата на сите преспанци, без разлика каде живеат е Преспа да биде вечна за Македонците и добронамерниците, зашто Македонија е вечна. Таа постои уште од античко време, кога и била формирана големата и славна Македонска Империја на Филип и Александар Македонски. И, само во тоа древно  време и денес во ова невреме, народот самостојно го носи името Македонец, македонски, од Македонија,  македонскиот народ…

Денес, Македонија е само продолжувач и негувач на тие корени и на славното македонско име. Македонија е библиска земја, а македонскиот народ е библиски и христијански, кој своето постоење и опстанокот низ историјата, најверојатно, му го должи, меѓу другото, и на празникот Илинден. Овој голем ден верската и национална симболика на македонскиот народ ја издигна до ниво на магија која го поврзува, независно дали се наоѓа во Македонија, Австралија, Европа, Канада, САД, Европската Унија или на други простори во светот.

golem-grad
Островот Голем Град

Овој македонски празник е ден над деновите, симбол над симболите, магнет над магнетите. Илинден, тој величествен ден на сенародниот македонски копнеж за борба и слобода, е најголемиот празник од сите празници во Македонија. Илинден, Втори август е запишан со крупни позлатени букви во историјата на македонскиот народ, а особено во историјата на Преспа. На тој ден во 1903 година избувна Илинденското востание, а на истиот тој ден, односно на 2 август во 1944 година, Македонија се конституира во држава, за денес да имаме на дел од македонската земја, самостојна, демократска и независма држава-Република Македонија.           

Значаен дел од македонската земја е, секако, Долна Преспа. Таа е еден  прекрасен крај на Македонија кој ги отвора широко портите и ги мами печалбарите да се вратат во своето родно место, на своето старо огниште… Голем број од тие „талкачи по светот” доаѓаат да се видат со своите најблиски, да го празнуваат Илинден на 2 август секоја година во прадедовската земја, во Долна Преспа.

Инаку, во легендите, меѓу другото, стои дека по смртта на свети Климент Охридски, долгата и остра зима во 927 година, од Преспа направила бела снежна котлина, од која, според белите наноси – преслапи, произлегло и името Преспа. Со нивното топење подоцна се формирале езерата, првин Големото Преспанско Езеро, а потоа и другото – Малото Преспанско Езеро. Така започнале трансформациите на Долна Преспа во природен резерват, еден од позначајните на Балканот. Раскошните планински визури на Пелистер и Галичица, богатиот и редок растителен и животински свет и благородната клима од Долна Преспа направиле вистинско чудо на природата.                          

Мајката природа на Долна Преспа ѝ подарила богатство на убавини и атрактивности. Во исто време, историјата ѝ оставила непроценливи траги од значајни настани. Затоа долнопреспанци каде и да се во родниот крај или надвор од него, се радуваат со сето тоа што го има во Долна Преспа, се гордеат и го чуваат ваквото богатство за идните генерации.

Она што на Долна Преспа и на нејзината историја ѝ дава посебен белег е нејзиното богатство со културно-историски споменици, уште од времето кога била староримска крстосница и прва престолнина на цар Самоил. Македонските православни цркви и манастири градени во времето на свети Климент  и свети Наум Охридски (IX и X век) и во времето на Самоиловото Царство во X и XI век, биле и се разурнувани од разни антимакедонски завојувачи, непријатели, затоа многу од нив биле обновувани, но, пак, уништувани за време на владеењето на Отоманската Империја и по поделбата на Македонија во 1912 година.

car-samoil
crkovni-spomenici
Црковни споменици на островите  Мал Град и Ахил

Кога се пишува за Долна Преспа секогаш се нагласува улогата на цар Самоил. Затоа, и овој пат ќе нагласиме дека македонските историчари го именуваат Самоил како македонски цар, истакнувајќи дека тој учествувал во бунтот на комитопулите 969 година (младите кнезови, синовите на кнезот Никола), кога била отфрлена бугарската врховна власт во Западна и Југозападна Македонија и биле поставени темелите на македонската средновековна држава, која по него е именувана како Самоилово Царство, најголема ранофеудална државна творба на Балканот. Во негово време македонската средновековна држава го достигнала врвот во својот развиток.

Според историските документи Самоил учествувал во востанието на комитопулите против византиската власт во 976 година. Во почетокот владеел заедно со своите браќа Давид, Мојсеј и Арон, а по загинувањето на Давид и Мојсеј владеел заедно со брат му Арон, но по ликвидирањето на Арона, станал единствен владетел во државата во 986 година.

Водел долга и исцрпувачка војна со византискиот император Василиј.   Учествувал во сите позначајни битки и походи против Василија   и далеку ги проширил границите на државата. Ги обединил под своја власт речиси сите македонски територии (освен Солун), освоил голем дел од Балканскиот Полуостров, Епир, Албанија, Далмација, Босна и Србија и поголем дел од Бугарија.  

Ги прифатил државно-правните традиции наПрвото бугарско царство  и според некои извори се прогласил за цар, со круна што му ја испратил римскиот папа.Како формалноправен наследник на бугарските цареви, во изворите најчесто се именува како бугарски цар, а неговата држава како Бугарско Царство.

Починал во Преспа  од срцев удар, потресен од морничавата глетка кога ги видел своите ослепени војници што му ги испратил Василиј. Бил оженет со византиската благородничка Агата од Драч, со која имал четири ќерки и синот Гаврил Ратомир.  Зачуван е неговиот натпис (992/3), во спомен на родителите и на братот Давид.

На 28 јуни 2011   година на централниот плоштад во Скопје  е поставен монументален мермерен споменик на Самоил.

Кога се пишува за Долна Преспа треба да се нагласи дека неколку културно-историски споменици од XI до XVII век, се сочувани благодарение на нивната местоположба (оддалеченоста од комуникациите или локацијата во планинските региони). Такви се: „Света Петка“ од XIV век во Брајчино, „Свети Атанас“ и „Свети Архангел“ од XIV век во Долно Дупени, „Свети Петар“ од XIV век на островот Голем Град, и сливничкиот манастир „Света Богородица“ од почетокот на XVII век.

Значајни споменици од минатото на Долна Преспа се и Кулата Сливница, Кулата Крани-Арвати, Кулата Штрбово и Кулата Љубојно. Вакви културно-историски знаменитости постојат и во деловите на Преспанската Котлина кои денес се наоѓаат во делови на етничка Македонија, во Република Грција и Република Албанија.

car-samoil-spomenik

Во оваа прилика треба да се нагласи дека не се памети кога населението ја има именувано котлината на Горна Преспа, Долна Преспа и Мала Преспа. Меѓутоа, запишано е дека Горна Преспа го зазема северниот дел, Долна Преспа јужниот, а Мала Преспа југозападниот дел на Преспа. Горна и Долна Преспа ги одделува ридот Веќе кај Претор, а Мала Преспа и Горна Преспа копнено се одделени со Пречна Планина. Делот на Долна Преспа, пак, со Малото Преспанско Езеро од Мала Преспа ги одделува планината Сува Гора.

Според историските документи, по завршувањето на балканските војни Преспанската Котлина им припаѓала на Србија (Стара Југославија) и Грција (Елада). По една деценија Грција (Елада) ѝ ја отстапила Мала Преспа на Албанија, со што тромеѓето на овие три држави останало во водите на Големото Преспанско Езеро, во непосредна близина на островот Голем Град.

Поделба на Преспа е направена и во текот на Втората светска војна. Градот Ресен и неколку села на Горна Преспа, биле под бугарска власт, додека целата Долна Преспа и Мала Преспа останале под италијанска власт. Тогашната граница меѓу фашистичките држави Бугарија и Италија се наоѓала на потегот од крстосницата „Макази” кон запад, меѓу селата Горно Дупени и Евла, сѐ до капитулацијата на Италија (1943 година) кога бугарската власт се проширила кон Долна Преспа и Мала Преспа.

Во Преспанската Котлина постојат 74 населени места од кои 36 се протегаат во Горна Преспа во Општина Ресен. Меѓутоа, во Долна Преспа, во делот на Република Македонија има 8 села и тоа: Љубојно, како центар за Сливница, Арвати, Крани, Штрбово, Брајчино, Наколец и Долно Дупени.

Во Долна Преспа во Грција (Елада) со центар во селото Герман има 18 села и тоа: Герман, Раби (Р‘би), Медово, Штрково, Опаа, Рудари, Папли (П‘пли), Оровник, Буковик, Лк (Л‘к), Дреново, Трново, Граждено, Орово, Дробитишта, Винени, Нивици и Аил (Ахил), како и 3 села во делот на Албанија: Заградец, Ракитско и Суец. .

prespa-kniga
Публикацијата „Преспа“ од Кирил Јоновски од Претор е значајно и трајно дело за Преспа, а е издание на „Генерал импекс“ од Скопје, 2000, 1-192, а публикацијата „Од Панонија до Егеј“ е дело на академик Антоније Шкокљев-Дончо и Славе Николовски-Катин, а е издание на „Македонска искра“, Скопје,  2007, 1- 196

Во Мала Преспа (во Албанија), пак, има 9 населени места и тоа: Пустец како опшински центар, потоа, Туминец, Горна Горица, Долна Горица, Глобочени, Шулин, Пустец, Леска, Зрновско и Церје.

Најново од: Дијаспора

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

ОМД успешно ја заврши втората турнеја низ Германија

Од 2 до 8 ноември 2026 година, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) посети пет германски града. Се сретнавме со македонските заедници, ја претставивме нашата работа и направивме нови чекори кон формирање на ОМД Германија. По првата турнеја во март, вториот дел собра семејства, професионалци, здруженија и институции. Еве краток преглед на секоја станица. Бретен (Карлсруе) 2 […]

Македонската црква Свети Кирил и Методиј во Чикаго

Македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ во Чикаго е духовно собиралиште на македонските иселеници и место за зачувување на православната вера, македонскиот јазик и традициите од татковината. Во далечната 1979 година, Македонците од Чикаго го направиле првиот поголем чекор кон остварувањето на својот сон – купиле постара црква во Бервин, Илиноис, и веднаш започнале […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

To top