Коментари

Илинден е темел на македонската државност


Свекрва

Оваа година Македонија одбележува 112 години од Илинденското востание, 71 година од АСНОМ и 24 години од осамостојувањето на Македонија. Исто така, оваа година се одбележува и 150 години од роденденот на Питу Гули, кој загина при одбраната на Крушево и Републиката, како и 110 години од загинувањето на Никола Карев, претседател на Крушевската Република.

На 2 август, македонскиот народ насекаде во светот традиционално ги празнува Илинден, свет ден кога се поставени темелите на македонската државност. На првиот Илинден во 1903 година, во Крушево беше формирана Крушевската Република, прва Република на Балканот. Четириесет и една години потоа, на 2 август 1944 година, на Првото заседание на АСНОМ одржано во манастирот Св. Прохор Пчински, македонскиот народ ги постави темелите на македонската држава. И четириесет и седум години потоа, на 8 септември 1991 година, македонскиот народ прогласи осамостојување на Република Македонија.

Секоја година на 2 август, македонскиот народ им оддава почит на паднатите македонски борци кои ги положија своите животи на олтарот на татковината. Секоја година се спомнуваат имињата на Делчев, Петров, Груев, Карев, Сандански, Гули, Шатев, Ченто, Брашнаров и други и се потсетуваат на нанивните дела, на нивната храброст и саможртва. Но, истовремено и на нивните аманети за никогаш да не се заборават: единство и сплотеност на македонскиот народ, со свои сили да се извојува победата, како и да се изгради држава во која сите ќе бидат среќни. 

Искуствата од Илинден 1903 година, кога околу 30.000 македонски востаници, слабо вооружени и без поддршка од надвор сами се спротивставија на околу 350.000 турски аскер, по што востанието беше угушено, беше добар пример за да во време на антифашистичката народноослободителна борба македонскиот народ биде единствен и да мобилизира сто илјадна македонска војска. Оваа војска ќе биде гарант за македонската држава.

Иако изминаа години, децении, дури повеќе од еден век, македондкиот народ како да заборави на аманетот дека само единствени и сложни можеме да ги надминеме сите препреки кои ни се на патот. Проклетството на неслогата кај македонскиот народ која трагично заврши со поделба на Македонија во Букурешт 1913 година, а беше санкционирана по Првата Светска Војна, како да трае и денес. Поради таа поделеност, македонскиот народ и по 24 години од осамостојувањето го носи бремето на оспорен идентитет и легитимитет.

Во тој контекст беше и овогодишното обраќање на претседателот Ѓорге Иванов на централното чествување на „Денот на Републиката – 2 Август“ на Мечкин Камен во Крушево. Претседателот во својот говор ќе истакне дека „нишката што ги врзува сите наши манифести и сите наши Илиндени, е повикот за единство за остварување повисока цел. За илинденците, таа повисока цел била слободата. За асномците, тоа била државноста. За нас, тоа беше независноста и сувереноста. А за нашите деца, за младите, тоа е напредокот и благосостојбата на европска Република Македонија“.

Во својот говор, претседателот Иванов исто така ќе потенцира дека денес кога Македонија одново се наоѓа пред голема пресвртница, таа сеуште е длабоко политички поделена и иако слободна, Македонија решенијата за внатрешните прашања сè уште ги бара надвор од неа.

Потсетувајќи дека со сувереноста доаѓа и одговорноста, како и тоа дека се однесувавме мошне неодговорно, претседателот упати порака и до нашите соседи. Иванов посочи дека пред секој самит на Европската унија и НАТО, нашиот јужен сосед прави сè за да нè блокира и оти пред секој Илинден соседна Бугарија бара заедничко славење на минатото.

Меѓутоа, на секој му е познато дека Илинденското востание е најсветла страница од историјата на македонскиот народ. Тоа покажа дека македонскиот народ е доволно политички зрел за да има право на слободен државен живот. Во 1903 година беше објавена Македонска  република во Крушево, но не и присоединување кон една или друга балканска држава. Оттука не може да се очекува заедничко славење на минатото, освен, како што вели претседателот, некој врвен успех на заеднички проект на нашите научници, уметници, стопанственици.

Крушевската република беше пример за демократија. Создадена беше привремена влада со претставници од разни националности кои учествуваа во востанието. Таа покажа за што се бори населението во Македонија. Но тоа не им одговараше на соседите и големите сили. Војните од 1912 – 1913 година доведоа до распарчување на Македонија меѓу Србија, Грција и Бугарија. По Првата и Втората Светска Војна постоеа можности овие грешки да се поправат. Но, за жал, поради немање единство, желбата на Илинденци на борците од НОБ и на целиот македонскиот народ не се исполнија. Македонија, тоа го памети, а и документите за тоа говорат.

Премиерот Никола Груевски во обраќањето по повод Денот на Републиката – 2 Август, пред споменикот на Методија Андонов Ченто во Скопје ќе истакне дека „Нашата генерација памети! Нашата генерација добро знае кој и зошто гинел за Македонија! …Кој и што направил за слободата која денес ја живееме…“

Како што потенцира Груевски, „Македонија се сеќава, одбележува, ги слави хероите, делата и вредностите! Илинденците од 1903 – та и антифашистите-народноослободителни борци се нашиот паметник. Тие се темелот на нашата денешна држава и слобода. Многу им должиме ним, на нивната лична жртва“. Македонија ги слави и памети делата, храброста и жртвата  на  Методија Андонов Ченто, Никола Карев, Питу Гули,  Кузман Јосифовски Питу, Гоце Делчев, Даме Груев, Михајло Апостолски… Сите генерации кои доаѓаа по нивната смрт, ќе наведе Груевски, го паметат и почитуваат нивниот напор и стремеж кон највисоките цели.

„Делата на целата илинденска генерација и на целата антифашистичка генерација, за навек ја задолжија Македонија и сите идни генерации! Да се сеќаваме, да прославуваме, да одбележуваме и да земеме пример како се сака Македонија и како се работи за својот народ ! И како се бори за остварувањето на највисоките цели, ќе истакне Груевски во својот говор.

Македонија досега покажа дека знае како треба да се бори за остварување на своите највисоки цели и дека има капацитет да се носи со тежината на проблемите што произлегуваат од нејзината самостојност. Но за да го прави тоа пуспешно и да ги постигне своите цели, како што се евроатлантската интеграција на македонскиот народ му е потребна поголема сплотеност, единство на политичките партии по виталните национални интереси .

„Илинден, е меѓник во кој се вкрстуваат минатото и иднината на Македонија, точка од која најреално можеме да ја оцениме сегашноста низ призма на жртвите и влогот на генерациите пред нас, народна меморија која на најдобар начин нé опоменува дека Македонија е нашата најголема и најзначајна партија, нација и вера“ – ќе истакне претседателот на македонското Собрание Трајко Вељановски во обраќањето на свеченоста во Меморијалниот комплекс АСНОМ во кумановското село Пелинце.

Во контекст на единството кое Илинденци и борците од НОБ ни го оставиле во аманет, Вељаноски во Пелинце ги повика политичките партии на соработка и дијалог и порача дека Парламентот е институцијата во која се вкрстуваат идеите за да се исфилтрира вистинскиот проект, а не институција од каде се поткопуваат демократските темели на државата. Како што вели „Ниту една политичка бомба не може да предизвика доволно голем политички чад за да се замаглат вистинските дела. Ниту една политичка бомба не може да предизвика доволно голем политички чад со кој ќе се прикријат субвенциите на земјоделците, километрите изграден автопат, новите работни места, инвестициите и сé друго што е позитивно. Сепак, важно е, исто така, јасно да се подвлече дека демократијата подразбира цврсти институции и постоење на правда. Дека постојат закони кои се почитуваат од сите. Затоа да најдеме основа за соработка во кризата која се создаде. Да продолжиме да го гледаме заедничкиот интерес. Да продолжиме уште повеќе да водиме сметка за Македонија и за граѓаните“.

Илинденското востание, предводено од ВМРО, претставуваше гласна порака на македонскиот народ за слобода, за рамноправност, за демократија. Таа порака далеку пред своето време сосема разбирливо длабоко се врежа во свеста на македонскиот народ, трајно определувајќи го не само неговиот судбински избор, туку и неговата иднина. Остварувањето на Илинденскиот идеал за национално ослободување и за своја држава, делумно беше остварен на 2 август 1944 г., кога на Вториот Илинден беше формирана македонската држава, за да дојде до целосен израз на 8 септември 1991 г., на третиот Илинден, кога македонските граѓани, на Референдум се изјаснија за суверена и самостојна Република Македонија.

Денес, Македонија повторно се соочува со наметнат проблем од некои соседи. Македонскиот народ го чекаат нови предизвици кои имаат за цел да го раздвојат македонското национално ткиво. Разни структури, домашни и од надвор, работат на разбивање на единството на македонскиот народ. Но, трите Илиндена, се темел на македонскиот народ, темел на македонската државност, темел кој тешко се разнишува, а институциите изградени врз него имаат доволно капацитет да се справат со секој преизвик. Тоа го покажаа и Кумановските настани на 9 мај оваа година, на денот на Европа, кога криминално-терористичка група се обиде да ја дестабилизира Македонија. Повторно најдобрите македонски синови го положија својот живот на олтарот на слободата, паднаа во одбрана на татковината, но докажаа дека никој не ни може ништо кога сме единствени, дека никој не може така лесно да ги разруши темелите на македонскта државност поставени на трите Илиндена.

Слава на сите херои, паднати борци за Македонија!

Нека е вечна Македонија!

Амин!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

Непокорниот дух на Македонците – до кога ќе ги трпиме неправдите?

Македонија преживеала војни, поделби и туѓи владеења. Низ сите тие премрежија, Македонците го зачувале својот јазик и култура и изградиле своја држава. Секогаш кога ќе се спомене таа издржливост, се наметнува едно прашање. До кога од нас ќе се очекува да трпиме неправди и да правиме отстапки за прашања што го засегаат нашиот идентитет? Еден […]

Името Македонија од античките записи до уставните измени

Сребрена тетрадрахма од Амфипол со натпис „ΜΑΚΕΔΟΝΩΝ“ („на Македонците“), 158–150 година пред нашата ера. Музеј на уметност во Кливленд.   Името Македонија е запишано уште во V век пред нашата ера. Од Херодот и библискиот повик до апостол Павле, преку старите карти и делото на Мисирков, до Уставот од 17 ноември 1991 година. Меѓу најстарите […]

Пресказание на Голем Александр (Александар Македонски)

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Уште колку ЕУ ќе нè тапка по рамо?

Европската идеја има смисла ако ги зближува народите и го почитува нивното достоинство. Македонија заслужува јасен и праведен пат до членство, по кој ќе оди со реформи и со зачуван македонски идентитет. За идеите во минатото се гинело, а за нив се гине и денес. Тие ги движат луѓето, ги обединуваат народите и го менуваат […]

Филипче, рејтингот на СДС не се крева со сирена за тревога

Дали Филипче навистина мисли дека патот до повисок рејтинг води преку повисок притисок кај граѓаните? Дека секоја вознемирена фамилија е потенцијален глас, секој исплашен пензионер — политичка добивка, а секој загрижен штедач — публика за следниот настап? СДС на чело со Филипче остава впечаток дека отвори дежурна служба за најавување пропаст. Телефонот постојано ѕвони, сирената […]

Најнови вести

To top