Дијаспора

Лидерите и раководствата за осамостојување на Македонија заборавени!? (2 дел)

Чествувањето за Илиндените: Првиот Илинден од 1903 и Вториот Илинден од 1944, се разликуваа во однос за Третиот Илинден 1991, со тоа што се избегнати спомнувањата на лидери-личности и нивни соработници, кои биле протогисти за осамостојувањето од Југословенскиот комунизам!

Никој од новинарите не даваат честитки за осамостојувањето на Р.М., бидејки тоа осамостојување е дело на македонското патриотско иселеништво, кое го оснива ВМРО-ДПМНЕ, а која демократска партија ја префрли во Македонија. Така организацијата ги прибра сите демократски ВМРО-ски сили, кои страдаа за време на комунизмот во Европа, а тоа беше доволно да го организираат Референдумот на 8 септември 1991 година, со кое ја отфрли од себе југословенската и македонска комунистичка управа и дел од античката Македонска држава стана Независна Суверена Република Македонија.

СДСМ-овците, со свој стил, за да не им станат трн во окото на слободољубивиот свет, во Кавадарци го прославија Второто заседание на АСНОМ, кога нивните родители го свргнаа од власт првиот и вистински претседател на АСНОМ, Методи Андонов Ченто и ги уништија по затвори најдрагите чеда на Македонија, кои бараа самостојност и демократија, а не колективизација- комунизам и Југословенизам. Еве го насловот во нивната новина: “Кавадарци одбележа 71 година од ослободувањето”.

Во порталот  Инфомакс мк стои: “Заев се скина од плачење на гробот на екс претседателот на Р.М. Киро Глигоров! Изгледа нема кој да го подржи Зоран Заев да отпочне нови антимакедонски провокации за наводните “Западнокарпатни словенски корења од 5-6 век”!

Во “Утрински весник” на 8 септември 2015 година, стои напис: “КАДЕ САКАВМЕ КАДЕ СТИГНАВМЕ” од новинарот Слободан Најдовски. Тој вели “ Дали ги постигнавме целите кои ние и генерации кои живееле пред нас ги имавме”? Овој новинар мисли на македонските генерации надоени со комунистички и социјалистички идеологии, кои владееја во Македонија-Југославија од 1945-1991 година, а и понатаму од кога Никола Груевски го превзеде раководството на ВМРО-ДПМНЕ, од бугароманот со криминално досие Љубчо Георгиевски и на парламентарните избори во 2006 година убедливо победи. Од тогаш досега, ВМРО-ДПМНЕ раководено од Никола Груевски, преку Владата, Собранието и Претседателот на републиката, видно ја обновува Македонија, воведувајки ја во современ Европски стил на живеење.

Исто така во градчето Македонски Брод била организирана прослава, од Поречјето, каде имало голем број доселеници Срби и Црногорци, од Балканските војни, каде голем број борци во НОБ имаше организирано, тогашниот шпиун за Југословенските партизани, Светозар Вукмановиќ Темпо. Темпо еден од најголемите противници на Методија Андонов Ченто, заедно со гемиџиите и Илинденците, Павел Шатев, Панко Брашнаров и плејада чесни Македонски борци.

Пишува Јанко Томов

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top