Дијаспора

„Свети Никола“ во Виндзор – Втора Македонска Православна Црква во Канада (1 дел)

slave-nikolovski-katin-2

slave-nikolovski-katin-2
Пишува СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

ОД ЦРКОВНОТО ЖИВЕЕЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО КАНАДА

Канада, ветената земја за голем број Европејци, особено за Македонците од поробена Македонија, се смета за светски пример на мултикултурно општество. Од Втората светска војна во оваа демократска и многунационална држава се одвиваат значајни социјални, културни и економски преобразби, а со тоа и голема трансформација во нејзиниот етнички состав.

Според Законот за зачувување и унапредување на мултикултурата во Канада, покрај другото, се вели: „Устaвот на Канада пропишува дека секој поединец е еднаков пред законот и има право на иста заштита и корист спо­ред Законот без дискриминација и дека секој има право на слобода на свеста, верата, мислата, верувањето, мислењето, изразувањето, мирното собирање и дружење и ги гарантира овие права и слободи подеднакво на лицата од машки и женски пол, без разлика на расата, националното или етничкото потекло и бојата. А со тоа, на лицата кои припаѓаат на етнички или верски малцинства нема да им се спори правото да уживаат во сопствената култура, да ја пропагираат и применуваат сопствената ре­лигија или да го употребуваат сопствениот јазик“.

Ова не е само декларација, туку Законот за мултикултура на Канада што се спроведува на дело. Канадската нација, која е единствена, е составена од преку сто етнички групи (кои тешко би било да се именуваат, како што е случајот кај нас во Македонија, каде мултикултурата понекогаш значи национализам и иредентизам) и претставува пример за многу народи и земји. Етничките групи со своето заедничко живеење го градат познатиот канадски мозаик на културата составен од културите на народите што живеат на тие простори, кои во Канада се ништо други, туку само Канаѓани.

Виндзор е пример на мултикултурна Канада, каде живеат неколку десетици различни народи. Тој е еден од позначајните економски, административен, културен и стопански центар во провинцијата Онтарио. Градот е основан во 1834 година. Во него главна стопанска гранка е автомобиската индустрија, а е развиена машиноградбата, прехранбената и други индустрии. Исто така, Виндзор е университетски град, а претставува важен железнички јазол што ја поврзува Канада  со Соединетите Американски држави. Со своето казино, Виндзор беше „Мека“ на игрите на среќа – коцката за жителите на Детроит, во периодот кога коцката во одредени услови беше забранета на територијата на САД.

Во Винзор, најјужниот град на провинцијата Онтарио и на Канада, кого заради убавите и пространи паркови и цветни градини, често го нарекуваат „градот на цвеќето“, е изградена Македонската православна црква „Свети Никола“. Во овој убав и привлечен град лоциран на левата страна на реката Детроит што ги поврзува езерата Ири и Хјурон се сврзани бројни стории на Македонците, токму поради тоа што е наспроти светската метропола на автомобили – Детроит, инаку одсекогаш магнет за македонските доселеници.

sv-nikola-vinzdor
Црквата „Свети Никола“ во Виндзор

Во Виндзор, во кој живеат повеќе од двесте и педесет илјади жители, има над три илјади Македонци од сите делови на Македонија, од кои најбројни се од Егејска Македонија. Нив ги има од Леринско, Преспанско, Тетовско, Битолско, Охридско и од други делови на етничка Македонија. Често се вели дека буфчанци и долнопреспанци како да се преселиле во Виндзор, ги има во голем број и со својот економски потенцијал играат важна улога на тие простори, кадешто Македонците почнале да се доселуваат уште на почетокот на минатиот век. Особено меѓу двете светски војни во дваесетиот век, Виндзор било место од каде доселениците ја преминувале границата и заминувале во Соединетите Американски Држави, кадешто условите за работа и живеење биле многу подобри.

Македонците во Винзор, особено буфчани се едни од првите кои се организирале на национално-културно поле на северноамериканскиот континент и кои формирале една од најхомогените македонски колонии. Така, првото спомагателно друштво “Буф” од селото Буф, Леринско, било основано во 1919 година во Детроит, САД. Во 1959 го­­дина и во Торонто било организирано друштво со тоа име. Прво­бит­но бувчани од Торонто членувале во друштвото во Виндзор, кое било познато по своите активности. Членовите на дру­штвото “Буф”, особено од Виндзор активно учествувале во изградбата на македонските пра­во­славни цркви во Канада и САД.

Друштвата “Буф” одржувале добри односи со своето село Буф, а и си­­те три друштва одржуваат меѓусебни пријателски односи. Тие се канат на свои­те пикници, на игранките и веселбите.

После Втората светска војна, во Виондзор најпрво се почнало со активности на младинската организација и со фудбалскиот клуб, а потоа, во 1969 година се јави иницијатива за формирање на црковната општина „Свети Никола“. Тогаш почнаа првите чекори за конституирање на црковно национално тело за изградба на македонски храм под јурисдикција на Македонската пртавославба црква во Македонија, во кое се приклучи голем број истакнати иселеници.

Како база на првите значајни активности беше отслужувањето на првата богослужба на македонски мајчин јазик за Македонците од Винзор и Детроит, во 1970 година. Таа ја изврши тогашниот американско канадски македонски архиереј, митрополитот Кирил. Потоа почнаа акции за собирање средства и купување место од неколку хектари, потоа регистрирање на Светиклиментовата црква кај канадските власти, како и изградба на првиот македонски духовен, национален и културен центар на Македонците од Виндзор.

Во 1979 година е завршена изградбата на црквата, а на 12 август истата година, митрополитот Кирил, во сослужение со голем број свештеници од Канада и САД, а во присуство на неколку стотини македонски иселеници од Винзор и Детроит, ја освети изградената црковна зграда, која претставуваше гордот на Македонците на тие простори.

Меѓутоа, на 4 мај 1980 година, од непознати околности, во стихиен пожар, црквата изгоре и беше уништен голем дел од храмот. Тоа македонските верници и патриоти не ги разочара, туку, напротив, голема беше желба за секое свое катче, љубовта за македонски простор, којшто ќе ги потсетува на старата татковина и на патриотскиот дух на македонските иселеници, беа многу посилни од се‘.

Подоцна, на истото место беше иградена нова и многу поголема црковна зграда, која на 9 мај 1981 година беше осветена од митрополитот Кирил. Новиот храмот на црквата претставува еднокорабна базилика која е украсена со три импозантни кубиња и камбанарија. Внатрешноста на црквата е украсена со иконостас изработен во Македонија, со интересен фрескоживописот на јужниот ѕид. Храмот може да прими 350 верници.

Црквата „Свети Никола е сопственик на површина од 16 акри, на кој е изграден овој храм, кои има два модерни банкет сали, кујна, канцеларии, паркинг, со максимален капацитет од 250 автомобили, како и парк со фудбалски терен.

Македонската православна црквна општина „Свети Никола“ во Виндзор, покрај негаторскиот однос на грчкото силно лоби, постои веќе 45 години. Таа е вистински центар и собиралиште на Македонците, особено на постарите генерации, во кој  вложиле голем труд и средства. Во оваа пригода ќе спомене само дел од првите активисти,кои меѓу другото  биле претседатели, а тоа се: Спиро и Марк Бранов, Ник Џорџ, Стенли Димов, Томе Дамчевски, Ѓорѓи Котевски, како и голем број други истакнати доселеници од сите делови на Македонија од почетокот до денес. Исто така и свештениците Дане Илиевски, Митко Поповски и Александар Мустеников имаат посебна улога во духовното живеење.       

sv-nikola-vinzdor-2
Во храмот „Свети Никола“

Во состав на црковната општина работи познатата играорна група “Ѓердан”, која е главен носител на културно-забавниот живот. Таа е формирана во 1980 година и во неа членуваат многу Канаѓани од  македоско потекло, кои далеку од Македонија го негуваат богатиот фолклор, песната и орото. Куд „Гердан“ беше една од најпознатите македонски фолклорни групи на американските простори и беше учесник на голем број манифестации во Канада и Соединетите Американски Држасви а беше претставена и пред аудиториумот на „Илинденските денови“ во Битола. Исто така, во овој долг период во состав на црквата со успех работеле женската секција, неделното училиште на македонски јазик, црковниот хор, како и групата “Серенада” која ги негува убавите македонски песни.

Продолжува

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top