На прво место

Николоски: До 2031 година Македонија ќе добие брза пруга од Србија до Грција

Проектот за брзата пруга започна уште минатата есен, а во текот на оваа година фокусот е ставен на најважниот, но и најмалку видлив дел за јавноста – деталното планирање и подготовка, изјави вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Тој посочи дека во моментов се спроведуваат геотехнички истражувања, анализи за влијанието врз животната средина, проценки за влијанието врз населбите низ кои ќе поминува трасата, како и истражувања поврзани со археолошки наоѓалишта.

– Ако не направите добар план, ќе ви се случи Охрид-Кичево. Затоа сега го работиме темелниот дел од проектот. Рокот за подготовка е околу една година, за кога ќе ги видиме првите багери на терен, проектот навистина да може да заврши за пет години. Рокот што првично го дадовме останува – во 2031 година ќе имаме двоколосечна брза пруга од границата со Србија до границата со Грција – изјави Николоски.

Според него, постојната железничка линија од српската до грчката граница е долга 235 километри, додека новата траса, поради поисправената линија, ќе биде пократка и ќе изнесува нешто под 200 километри.

Николоски нагласи дека и соседните земји активно работат на модернизација на железничката инфраструктура. На грчка страна веќе функционира брза пруга од Атина до Солун, а во тек е тендерската постапка за делницата од Солун до македонската граница. Во Србија, пак, веќе е пуштена во употреба брзата пруга Белград–Будимпешта, додека се работи на делницата Белград–Ниш и се бараат средства за продолжување од Ниш до Скопје.

Министерот истакна дека Вардарската долина нема да биде засегната од трасата на брзата пруга и додаде дека идните влади ќе можат да ги реализираат планираните хидроцентрали доколку се покаже дека тоа е економски исплатливо.

Осврнувајќи се на проектот за градски воз во Скопје, Николоски рече дека реализацијата се одвива успешно.

– Јавното претпријатие „Железници инфраструктура“ одлично го работи проектот. Очекувам пругата да биде завршена во текот на јуни, а јули и август ќе се користат за тестирање, со цел градскиот воз да стартува на 1 септември – рече тој.

Тој информираше и дека при крај е изградбата на железничкиот бајпас околу Скопје, кој ќе се протега од Драчево кон Илинден и Миладиновци.

– Овој бајпас ќе биде наменет за карго-сообраќај, со цел товарните локомотиви повеќе да не минуваат низ центарот на Скопје. Ќе забраниме дизел-карго локомотиви заради заштита на животната средина, а ќе можат да сообраќаат само електрични локомотиви. Токму затоа започнавме постапка заедно со Европската банка за обнова и развој за набавка на нови електрични локомотиви – потенцираше министерот Николоски.

Најново од: На прво место

Според СДС, Христијан Мицкоски не сака СДС да пропаѓа и е виновен за состојбата во СДС

Во СДС, очигледно, секој што ќе каже дека партијата оди во погрешна насока веднаш добива етикета: купен од Мицкоски, саботер, рушител, човек однадвор. Таква е новата логика на партијата која сè уште не сака да се соочи со сопствениот пораз, со сопствените грешки и со сопственото внатрешно распаѓање. По Игор Ивановски – Шема и Славјанка […]

Бојковска: Дијаспората мора да има полесен пристап до гласање, СДС зборува за ЕУ, но не поддржува реформи

Драгана Бојковска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, во гостувањето на телевизија Канал 5, во емисијата „Само Вистина со Видиновски“, истакна дека Изборниот законик е едно од клучните прашања за остварување на демократските права на граѓаните, особено на избирачкото право. Таа нагласи дека посебно внимание мора да се посвети на македонската дијаспора и […]

Демократија по СДС-овски начин

Во СДС очигледно веќе нема политичка дебата, туку има список за етикетирање. Секој што има поинакво гледање за иднината на партијата, секој што јавно ќе каже дека СДС тоне, секој што ќе побара промена, одговорност или внатрепартиска демократија, веднаш станува „човек на Мицкоски“ и „играч на ВМРО-ДПМНЕ“. Тоа е новата демократија по СДС-овски начин: ако […]

Birthright Macedonia: викенд на наследството во Скопје и Битола

Програмата „Birthright Macedonia“ продолжи овој викенд со посета на едни од најзначајните историски, културни и природни знаменитости во Македонија. Учесниците имаа можност одблиску да ја почувствуваат убавината и слоевитоста на Скопје, од прекрасните пејзажи на кањонот Матка, преку вековното Скопско кале, Старата чаршија и центарот на градот, до местата што ја раскажуваат богатата историја и […]

Владата нема намера да биде запаметена по изговори, туку по проекти

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, порача дека оваа Влада нема намера да биде запаметена по изговори, туку по работа, проекти и резултати што ќе останат зад неа. Во месец април е забележан исклучително висок степен на реализација на проекти и силен раст во градежништвото. Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека состојбата […]

НЕ ПОСТОИ ВИСТИНСКА ДЕМОКРАТИЈА БЕЗ ГЛАСОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ НАДВОР ОД МАКЕДОНИЈА!

Постојат теми што не смеат да се делат на партиски и непартиски. Постојат прашања што се поважни од секоја власт и од секоја опозиција. Едно од нив е правото на секој македонски државјанин реално да учествува во одлучувањето за иднината на својата татковина. Во вистинска демократија не смее да постојат граѓани чии гласови вредат повеќе […]

Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите: од август започнува програмата „Месеци на практикантство“ во општините

Младите се врвен приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која создава реални услови тие својата иднина да ја градат дома, во Македонија. Министерството за локална самоуправа и Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА воспоставуваат стратешка соработка што треба да донесе нов пристап во развојот на општините, преку активно учество на младите. Во […]

„Астерфест“ од 4 до 8 август во Струмица

Од 4 до 8 август во Струмица, традиционално по 21. пат, ќе се одржи Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“. Годинешното фестивалско мото е „Со отворени очи“, со кое независните филмски автори симболично ја повикуваат публиката да го следи животот како филмска лента, низ бројни приказни од различни краишта на светот. Фестивалот, препознатлив во регионот и во […]

To top