Коментари

Катазјанија

Петре Кривчевски

Најспецијалката од с(тр)ите, смоквиниот лист на килавата опозиција и маша на Меѓународната заедница, со својот лик и дело само до сега несомнено го сврте но и го заслужи вниманието на јавноста. Добро, повеќе на онаа трачарската отколку на стручната но, битно е in media res (во центарот на вниманието). По лошо или по бетер, сеедно. Зошто и како? Просто и лесно, еве вака!

Уште на самиот старт, при формирањето на Специјално Јавно Обвинителство (СЈО) низ народот почна да се тресе гората од „тешкаши“. Имиња како професорот Калајџиев, адвокатот Тортевски и останата тешка правничка и практична артилерија за да од сето тоа се изроди анонимното глувче Катица Јанева. Од каде до каде маргиналката (се мисли во стручната фела) од Основното јавно обвинителство во Гевгелија, кое нема надлежност за случаи на организиран криминал и корупција туку за полесни кривични дела, излезе најпогодна? Или колку полоша – толку поарна?

Значи да се разбереме. Јас во состојбите со правото и обвинителството се разбирам колку таа во длабоко орање или во смоквите, малку помалку од ич. Арно ама пратејќи ги медиумите, написите и дебатите за кандидатите тврдам дека никој жив нејзиното име не го спомна ни под разно. Со едно коригирање дека од медиуми ги изземам во Муртино кооперацијата и во Гевгелија чаршијата. Ними ги немам ниту во телевизорот, ниту во лаптопот ниту пак во мобилниот. Тие се за мене Амазонија или Патагонија, сеедно.

Искрено, сите очекуваа/вме еден правен „булдужер“, сосем независен или непристрасен, исто толку (об)учен и искусен кој потоа околу себе ќе прибере дружина експерти и така и во Македонија со најдоброто од правото ќе се тргне на чистење на доброто од злото. Но што бидна? Од сета таа стручно-професорска елита меѓународните пријатели(?!) ни ја нацртаа Катица од Гевгелија. Дамата со чипката која по пресови се смее како дете пред тоблероне а својата стручна поткованост ја поткрепува со диплома од сите шестки и чат-пат по некоја, колку за иљач, седмица. Или, ако не грешам, со 6,24 просек на оценки и некои 6-7 години студии. И со таков ли кадар и со тој ли калибар ќе ја тепаме големата мечка која се нарекува криминал и корупција?

Но ај тоа кај неошло, ќе речеш, дипломата. Ни прва ни последна, та ова е земја на чудата, арно ама кога се дрзна место да ги бара изворот и авторот на нелегалните снимки и промтно сите! да ги прибере, сочини записник и провери дали има останато или распространето оригинали или нивни копии – таа Верушевски од притвор го ослободи, веднаш ти штракнува и ти текнува колку е саатот. И дури тогаш ти доаѓа сам клоца да си удриш, да полудиш или за фантом во огледалото се прогласиш. Бати дереџето бати, кога дочекавме ваква „елита“ криминалот да го чисти и криминалците испофати а ваму ни записник не знае или не сака да сочини.

Панагум на незнаењето, неискуството и целата оваа катазјанија доаѓа апликацијата за насади со смокви кои се само за регистрирани земјоделци, каде место насади биле пустелии и опожарени површини. Е сега што точно матела и бербатела, како, колку и кога таа нека му ја мисли а надлежните треба да (до)кажат. Ние само пренесуваме тоа што читаме, слушаме или гледаме а, меѓу другото, како јаготка на тортата доаѓаат и двата станови пишани на синовите кои, како што наведуваат медиумите, ги префрлила отпосле, откога дојде на функција за да државата и плаќа кирија од 300 евра. Плус тоа имало некои нејаснотии и сомнежи со и околу работата на сопругот. Се насе – лице со дебела маска ем и долга опашка, портфолио бабачко.

Било како било, најбитно по државата е специјалката да ја истера свадбата, ако се повеќе сите, да се ќердосаат младите, да де и сместат во становите, да ги испоштува постите, вапца јајца за Велигденот и, после, здравје Боже, кај „бостан брање“ ќе пулиме ќе правиме. Важно „Пуч“ да се одложи за после изборите за да пучистите можат да се најдат на листите. Потоа ќе добијат пратенички имунитет, па рака и сенка ќе стави амбас(ч)адорот од Калето и така караванот ќе си врви а новинарите ќе си ги полнат рубриките: СЈО – ЈО, Катица – платица, Ленче – Менче, Фатиме – пушти ме, држ – недај…

На самиот крај, иако можеби и најбитно е тоа што според некои партии но и мнозина експерти е спорна уставноста на самото СЈО, чија поставеност е спротивна на Уставот и Законот за судство. И, да не изумиме, за да сиот овој театар кулминира во циркус се погрижи кој друг ако не самата Јанева, која на прес конференција ги помножи со нула институциите од кои го црпи легитимитетот и самото СЈО прогласувајќи ги за нелегитимни Уставниот суд, Собранието и Претседателот. Ете мој народе тоа е тоа, жива папазјанија – уште една тажна комедија од Македонија на која  за жал сите плачат од смеа.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top