Дијаспора

Австралиско-македонскиот театар од Сиднеј (9)

chento

chento

ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“

Театарското живеење на Македонците во Австралија започна на почетокот на деведесеттите години од минатиот век во Сиднеј. Тоа е тесно поврзано со името и делото на Благој (Бил) Нешковски, талентиран текстописец и уметник кој прерано го заврши својот живот. Неговите претстави беа играни во Сиднеј, Мелбурн, Вулунгонг и други градови ширум Австралија, како и на гостувањето во Република Македонија. Денес во Илавара постои Македонски театар што го носи неговото името.

Во период од триесетина години Македонците во Австралија направија успешни обиди на полето на театарот. Така, театарски групи од македонски доселеници и бројни Македонци родени на петтиот континент, од повеќе градови ширум Австралија презентираа интересни театарски претстави кои оставија видливи траги на полето на театарската уметност.

 Една од тие македонски театарски групи е, секако Австралиско-македонскиот театар. Овој театарски состав е формиран во 2007 година со цел да ја промовира македонската драмска и театарска уметност и да ги обединува луѓето со македонско потекло кои се активни и креативни во драмски, сценски, театарски продукции и творештво.

Австралиско-македонскиот театар е познат и признат театарски состав на широко меѓу македонската и австралиската публика не само во Австралија, туку и со двете гостувањата во повеќе градови во Македонија ги освои симпатиите кај театарската публика и вљубениците во македонската иселеничката проблематика.

Меѓу бројните претстави на Австралиско-македонскиот театар се, секако,  претставите „Страв и срам“, „Мр Балкан“, „Стари и весели“, „Раскол“, „Остави ја свеќата да гори“, „Борење со мечка“ и „Ченто“.

amts

Првата драмска претстава „Страв и страм“ е дело на познатиот драматург Душан Ристевски, кој е еден од основоположниците на Австралиско-македонскиот театар, а во режија на Зоран Лозевски. Оваа драмско дело претставува огледало на животот на едно македонско семејство кое се соочува со повеќе предизвици. Тоа е еден вид психолошка драма исполнета со емоционални набои и семејна динамика за трагедијата што го проследи едно семејство во кое здравјето на децата е поважно од се‘ – поважно дури и од животот на родителите. Драмата има воспитен и возбудлив карактер.

Во оваа возбудлива претстава улогите ги толкуваат македонските иселеници: Васко Србиновски, Олга Николовска, Кире Тошевски, Тони Глигуровски, Соња Божиновска, Марија Кочовска, Митра Недановска-Нешковска, Николче Цветковски, Пеце Зенговски, Соња Зенговска и Александар Чакоски.

Драмата „Мр. Балкан“ е, исто така, психолошка драма, траги-комедија преку која се насликува емоционалната траума на македонската нација и се осветлува периодот во македонската историја кога невини деца присилно се иселувани од своите домови во Егејскиот дел на Македонија и потоа да бидат населени во источно-европските земји.  Настаните се случуваат за време на Граѓанската војна во Елада (Грција). Поради нивната македонска етничност, на овие деца не им беше дозволено да се вратат во своите домови. Само на оние кои присвоија грчки имиња и презимиња им беше дозволено да се вратат во родните места. Оние кои не се откажаа од своето име одбивајки да се помират со оваа геноцидност, останаа во новите земји или се населија во Република Македонија, Австралија, САД, Канада. Ова е драма за македонската голгота, за траумата на триесетина илјади деца, судбина која ги следи до крајот на нивниот живот. 

„Мр. Балкан“ во театарското остварување е постар човек кој е во инвалидска количка и живее во старски дом. Тој постојано ги преживува спомените од неговото детство како бегалец за време на Граѓанската војна во Грција. Тој е заклучен во времиња на страв и конфузија каде трауматични слики на минатото се прегласни и преизразити. Персоналот на старскиот дом вложува напори Балкан да биде смирен со употреба на медицина. Истовремено, неговите деца се повикани да дадат свој придонес. 

avstralisko-makedonski-teatar
Членови на „Австралиско-македонски театар“

Со претставата „Мр.Балкан“ театарот забележа огромен успех при нивното гостување во Македонија каде одржаа претстави во осум градови во 2011 година. Продуцент на ова драмско дело е Зоран Лозевски, во режија на Стефан Нанцу, кој исто така играше во претставата покрај Васко Србиновски, Соња Зенговска, Татјана Тодоровска, Спасија Огненовска и Јован Ристевски.

Австралиско македонскиот театар од Сиднеј гостуваше по втор пат во Република Македонија во јуни 2014 година, со претставата „Борење со мечка“ од Душан Ристевски, во режија на Стефо Нанцу. Гостувањето бешее дел од поголемата турнеја низ неколку македонски градови итоа: Скопје, Велес, Штип, Струмица, Битола и во Прилеп, каде беше дел од 49-тиот Театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“.

Во претставата „Борење со мечка“ чија премиера за прв пат се одржа на македонски и англиски во Сиднеј, пред македонска театарска публика играа деветмина актери: Васко Србиновски, Ирена Вељанова, Никола Апостоловски, Валентина Апостоловска, Стефани Степановска, Јаворка Котеска, Самоил Митревски, Владо Сазданов и Мена Ристевска.

ivanov

Како резултат на значајните постигнувања во театарската област, на  21 јули 2015 година, во Клубот на пратениците во Скопје, претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов, свечено му додели Повелба на Република Македонија на Австралиско македонскиот театар од Сиднеј. Од името на Театарот Повелбата ја подигна Васко Србиновски, познат глумец и режисер кој работи во овој театар повеќе години.

Австралиско македонскиот театар од Сиднеј последно се претстави пред австралиската публика на  28 ноември 2015 година, во просториите на Hurstville Civic Theatre, MacMahon Street, Hurstville, каде премиерно се престави со најновото дело на драматургот Душан Ристевски „Ченто“. Ликот на Ченто го одигра Васко Србиновски, во режира  на Стефо Нанцу.

Според зборовите на Душан Ристевски испирација за ова театарско дело му бил мотивот што: Методија Андонов – Ченто беше претседател на привремената македонска влада за време на Втората светска војна кога Македонија беше окупирана од фашистите и монархофашистите на Германија, Бугарија, Италија и Грција: што тој бил и прв претседател на македонската влада после формирањето на Република Македонија во составот на југословенската федерација. Но, после овој период тој не постоеше во македонската историја, како да испари од политичката сцена без некое објаснување. Исто така, Душан Ристевски го рече и следното:

„Секако неговите современици мошне добро знаеја дека подло беше отстранет и затворен во самица повеќе години, но за нас од помладата генерација тој беше енигма и токму поради тоа се јави љубопитост кај мене да се истражува неговото дело.

Да бидам искрен ова е голема обврска и предизвик не само за мене како автор туку и за актерот и режисерот правилно да се престави еден лик кој остави големо дело зад себе. За мене лично, проучувајќи го неговиот живот, сакам публиката да ја вратам во периодот кога не беше лесно да бидеш Македонец поготово кога сите соседи сакаа да грабнат делови од Македонија и да ја уништат македонската нација.

Неговата визија делумно се оствари после повеќе од четири децении кога Република Македонија стана независна, суверена и самостојна држава. Реков делумно, бидејќи тој секогаш настојуваше и се бореше за обединување на Македонија, пат кој сите ние треба да го следиме, но, за жал, други решаваа, а делумно и сега некои решаваат за иднината на Македонците. Неговиот живот трагично заврши но тој знаеше дека неговата борба не беше залудна“, релче  авторот на текстот  на драмското дело „Ченто“, писателот Душан Ристевски.

Продолжува

slave-katin-1
Пишува: СЛАВЕ КАТИН


Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top