На прво место

Македонија добила средства од ЕУ затоа што спровела реформи, а тие тврдат дека реформи нема

СДС мора да се договори сам со себе: дали средствата од ЕУ за Македонија се резултат на спроведени реформи или доказ дека реформите не се спроведуваат?

Толку е голем очајот во СДС, што навистина веќе ништо не може да нè изненади.

Во своето соопштение, СДС тврди дека Србија не добила средства од ЕУ за Планот за раст затоа што, како што велат, не спровела реформи.

Од друга страна, истите тие велат дека и Македонија не ги спроведува реформите, иако токму за Македонија се ослободени најмногу средства од целиот Западен Балкан — над 66 милиони евра.

Сега СДС треба конечно да се договори сам со себе: дали средствата што ЕУ ги ослободи за Македонија во рамките на Реформската агенда се резултат на спроведени реформи или, како што тие тврдат, на неспроведени реформи?

Оваа политичка контрадикторност најдобро ја опишува состојбата во која се наоѓа СДС — партија која во обид да ја нападне власта, на крајот влегува во судир со сопствените тврдења.

Најново од: На прво место

Македонски историски календар: На денешен ден

На денешен ден, 26 јули, низ различни историски периоди се случиле значајни настани што оставиле длабока трага и станале нераскинлив дел од колективната меморија на македонскиот народ. Историјата на Македонија не е ограничена само на денешните државни граници. Таа живее во Вардарскиот, Пиринскиот и Егејскиот дел на Македонија, како и во Мала Преспа, каде што […]

Марена во Зубовце – од свадби до благословениот крст од Ерусалим

Марена во Зубовце некогаш не била само селска слава, туку еден од најголемите денови во годината – празник кога се склучувале бракови, а селото одекнувало од свадбени веселби и од звуците на зурлите и тапаните. Се чистеле и варосувале куќите, се уредувале дворовите, улиците и заедничките простори, за достоинствено да бидат пречекани гостите кои доаѓале […]

По патот на Црешовото Топче: Коњаницата „Св. Јован Бигорски“ седумнаесетти пат тргнува кон Мечкин Камен

На 26 јули 2026 година, со почеток во 8:30 часот, од гробиштата во селото Зубовце ќе тргне коњаницата „Св. Јован Бигорски – Патот на Црешовото Топче“, по седумнаесетти пат ќе го мине патот долг околу 200 км. кон Крушево и Мечкин Камен. Тоа не е обично поаѓање, туку завет пред македонските вечни стражари дека нивната […]

„Македонска нација“ продолжува – со нов лик, но со истиот завет кон Македонија

Почитувани следбеници на „Македонска нација“ Поради технички причини и потребата порталот да се приспособи на современите стандарди, создадовме нова, помодерна и пофункционална верзија на „Македонска нација“. Новиот портал е достапен како и до сега на: www.mn.mk Се надеваме дека и понатаму ќе биде ваше место за вистината, историјата и националните прашања поврзани со Македонија и […]

Во Новиот завет Македонија е спомената 22 пати, а Македонец и Македонци уште пет – вкупно 27 споменувања во 24 библиски стиха

Од Македонија започна европската мисија на светиот апостол Павле за ширење на христијанството Во Новиот завет името Македонија и називите Македонец и Македонци се непосредно поврзани со мисијата на светиот апостол Павле, создавањето на првите христијански заедници и ширењето на Евангелието на европска почва Македонија зазема исклучително значајно место во Новиот завет. Нејзиното име не […]

СДС со стар извештај шират паника и се обидуваат да ќарат политички поени

Стравот дека на површина ќе почнат да излегуваат нивните криминали, корупциски афери и милионските суми потрошени за проекти што никогаш не беа завршени, а дел од нив не беа ни започнати, очигледно го доведе СДС до политичко очајание. Наместо да понудат одговори за сопственото владеење и за парите на граѓаните што исчезнуваа во сомнителни тендери, […]

Фондот на Холокаустот на Евреите во Македонија и Еврејската Заедница донираа 10.000 литри вода за граѓаните на Гостивар

Во време кога Гостивар се соочува со сериозна состојба поради загадувањето на водата за пиење, Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија и Еврејската заедница во Република Македонија денес организираа хуманитарна акција и донираа 10.000 литри флаширана вода за граѓаните и институциите во градот. Акцијата е израз на солидарност и поддршка кон жителите на Гостивар, […]

До крајот на неделава технички исправна вода во Гостивар, а кон крајот на следната недела и безбедна за пиење

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека со помош на екипи од скопскиот водовод и експерти се работи на целосно прочистување на системот, со цел водата повторно да биде безбедна за граѓаните на Гостивар. Ако биде сѐ како што треба, бидејќи се вклучија екипи од скопски водовод и експерти, јас очекувам до крајот на оваа недела да […]

Најнови вести

To top