Дијаспора

Македонско-австралиски информативни гласила (11)

maig11

maig11

ДЕЛ ОД КНИГАТА „МАКЕДОНСКИОТ ИСЕЛЕНИЧКИ ПЕЧАТ“

“Илинденски весник” (1975-1980).  “Илинденски весник” беше гласило на Македонско-австралиското културно-уметничко друштво “Илинден” од рокдеил, а започна да се печати во јули 1975 година. Првиот број излење по повод илинденските празници. Тој е печатен на македонски јазик со латиница и на англиски јазик. Првиот број од овој весник е печатен на 24 страници, голем формат 20 х 43 см., што го задржа и во наредните броеви.

Вториот број од “Илинденски весник” е отпечатен во октомври 1975 година, на голем формат, 29 х 43 см со латиница и на 24 страници.

Бројот 14 датира од април 1980 година, а е отпечатен на 16 страници. Овој број е исполнет со текстови од други гласила и со мал број информации за активностите од македонските заедници. Се чини овој е последен број.

“Глас на Македонците” (1977.- ). Гласилото беше орган на Австралискиот поткомитет на Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ). И покрај тоа што не е наведен датумот на излегувањето на првиот број, од содржината може да се претпостави дека всушност е отпечатен во Сиднеј, Нов Јужен Велс, во октомври 1977 година. Весникот е отпечатен на македонски јазик, на 16 страници, на формат 21 – 29 см., но не е дадено кој го уредува гласилото.  Инаку, во наредните години ова информативно гласило се печатеше во вид на списание од 20 до 32 страници на формат 21 х 29 см. Се печатеше на македонски јазик со кирилица, а има позајмени текстови и на англиски јазик.

Бројот 56 е отпечатен во февруари 1987 година. Тој е на ист формат како и претходните броеви, но на 24 страници. Во него се застапени текстови во врска со црковното живеење во Сиднеј и осветувањето на Македонската православна црква “Св. Никола” во Камбрамата, потоа материјал за Македонија, за културното живеење на Македонците во дијаспората, како и за црковното живеење во Македонија и поставувањето на новиот поглавар г.г. Гаврил.

“Сонце” 1977).   Детскиот весник “Сонце” скромен по својот квалитет, за првпат се појавил во 1977 година, а го отпечати Осумгодишното училиште во Њутаун, населба во Сиднеј. Тој е пишуван на македонски јазик и на 22 страници, на формат 16 х 20 см., чиј уредник е наставникот Ѓорѓи Ѓорѓиев.  Во кусиот вовед, покрај другото, се вели: Списанието “Сонце” за првпат е издадено во учебната 1977 година, кога македонскиот јазик се предаваше во државното основно училиште во Њутаун како еден од мултикултурните јазици во тоа училиште.

Ист ваков број е репродуциран во 1988 година, кој всушност ги содржи скоро истите материјали како и бројот од 1977 година.

“Повод” (1978 – ).  Едно од позначајните македонски гласила што во Австралија излегуваше подолго време беше списанието “Повод”. Тоа е прво македонско списание за литература и култура на овој континент и единствено од ваков вид меѓу иселеништвото. Излегуваше како орган на Македонското литературно друштво “Григор Прличев” од Сиднеј, формирано на 31 март 1978 година во Сиднеј..

Првиот број на списанието “Повод” излезе на 15 јуни 1978 година на четири страници со формат 30 х 21 см., додека наредните пет броеви со иста форма имаат зголемен број страници чиј број се движи од 12 до 18. Од шестиот број списанието ја менува и формата и квалитетот на хартијата и излегува на 23 страници, на мал формат 22 х 16 см, а неколку броеви се печатени од 28, до 40 страници. Во периодот од околу 14 години се отпечатени шеесетина броеви.

maig11-2

“Македонски етник” (1979).  Ова гласило е официјален весник на Македонската етничка комуна за Нов Јужен Велс, печатено во печатницата “Браќа  Миладиновци” во Сиднеј. Првиот број излезе во декември 1979 година на 12 страници,  на поголем формат 23 х 37 см., на македонски јазик со кирилица, а половина текстови се на англиски јазик. Отпечатен е на убава хартија.

“Македонски весник” (1985 – ).  “Македонски весник” е еден од позначајните македонски информатори во Австралија, што се печатеше на литературен македонски јазик, а имаше материјали што се објавуваат и на англиски јазик.

Првиот број на “Македонски весник” е отпечатен во јануари 1985 година во Рокдеил, населба на Сиднеј и збратимен град со Битола, како гласило на Центарот за информации и печат на Македонската етничка заедница од Сиднеј. Тој е печатен на 8 страници на формат 43 х 30 см., а од вториот број се печати стандардно на 16 страници.  Излегуваше еднаш месечно (месечник), неколкупати се печати на петнаесет дена и еднаш во два месеца, по цена од 60 центи до еден долар.

Привременото престанување на печатењето на овој весник, не значеше крај. Повеќепати се правеа обиди за повторно покренување. Така, во ноември 1991 година, се направи обид за продолжување на животот на “Македонскиот весник” и е отпечатен еден број. Новиот број по форма, а и  неговото  клише на главата е ист како и претходните броеви. Тој е отпечатен со современа компјутерска техника на 16 страници, во кој преовладува македонскиот јазик, а има текстови и на англиски јазик.

maig11-3

“Македонски глас” (1990 – ).  Меѓу големиот број информативни гласила, кои што имаат значајна мисија за зачувување на македонскиот национален идентитет, литературниот мајчин јазик, културните вредности, литературата, традициите и обичаите меѓу македонските доселеници во Сиднеј, е секако весникот “Македонски глас”. Тој започна да се печати 1990 година на македонски јазик, со кирилица, настојувајќи да претставува афирматор на македонската вистина. Излегуваше на 16 страници, на среден формат 29 х 42 см. и беше еден од најчитаните и најпопуларни неделни изданија на македонски јазик во Сиднеј и пошироко.  Првиот број на весникот се појави во вторник на 20 септември 1990 година во населбата Рокдеил предградие на Сиднеј. Во почетокот тиражот се движеше до илјада примероди, а според зборовите на Васил Боглев достигнал и до пет илјади и станал трет најголем етнички весник во Австралија. Во првата година отпечатени се 14 броеви, додека во 1991 година се излезени 48 броеви.

Во јуни  1992 година, пак, Васил Боглев започна да го издава списанието “Збор”. Тоа се печатеше на македонски јазик секој втор четврток во месецот и беше подготвувано на најсовремена компјутерска опрема. На страниците на првиот број се појавија коментари и осврти, како и други текстови, главно, со критичка содржина на актуелните настани.

“Збор” (1992).  Списанието “Збор” започна да излегува двапати месечно  во 1992 година. Тој е дел од публикациите на весникот “Македонски глас” од Сиднеј.  Се печатеше на македонски јазик со кирилско писмо и излегуваше секој втор четврток во месецот.

Продолжува

slave-katin-1
Пишува: СЛАВЕ КАТИН


Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top