Коментари

Зоки не ја одбивај аболицијата од Претседателот Иванов

rubinco

rubinco
Дипл. Екк. Рубинчо Јованоски од Прилеп

Лидерот на најголемата опозициона партија во нашата земја СДСМ, Г-динот Зоран Заев, алијас Бошко Буха со последната минатонеделна одлука на Претседателот на Република Македонија, Г-динот Ѓорге Иванов каде истиот аболицира личности од јавниот и политичкиот живот како од власта така и од опозицијата со цел да се стави според него крај на двегодишната политичка криза во нашата земја, катадневно истиот го повикува претседателот да ја повлече неговата аболиција во аферата “Поткуп“каде струмучкиот градоначалник од село Муртино се товари за барање на мито на извесен струмички бизнисмен од ни помалку ни повеќе него 200 000 ЕУ за легализација на државно земјиште. Исто така, народот го повикува на улични демонстрации а од своите партиски поданици во Законодавниот дом на чело со Координаторот на пратеничката група на СДСМ, лрилепчанецот Горан Сугарески, издејствува истите да побаараат Претседателот на Законодавниот дом, Г-динот Трајко Вељаноски да свика вонредна седница на сообранието каде би се гласало за импичмент на Претседателот Ѓорге Иванов.

Катадневните демонстрации во главниот град Скопје од Здружението Протестирам поодржано лично од СДСМ и бомбашот Заев се оставка на Претседателот Ѓорге Иванов, формирање на експертска Влада и повторно одлужување на тајмингот на предвремените парламентарни избори кои треба да се случат на 5-ти јуни оваа година.

Зоки која ти е целта со изнесувањето на народот на улица?

Зоки те молам немој да го наговараш македонскиот народ да се судри меѓу себе само да се заштитиш ти лично за твоите сторени кривични дела со бас нословни суми изразени во 6 цифрени бројки во европската валута Евро.

Само да ве потсетам Господине Заев дека во не така далечната 2008 година тогашниот претседател на Република Макефонија, Г-динот Бранко Црвенковски ве аболицира за финансискиот криминал за Трговскиот центар “Глобал“ во Струмица.

Сега претседателот Горге Иванов ве аболицира за аферата “Поткуп“

Г-дине Заев не сте единствениот политичар во нашата земја кој сте на 2 пати аболициран за сторени финансиски малверзации.

СЈО на чело со Катица Јанева побара од ОЈО да и се предадат некои предмети во кои е и вашиот поткуп. Но, на последната седница на Советот на Јавни обвинители е одлучено по тој предмет како и по предметите Маѓар Телеком, Шпион и Надеж да постапува ОЈО-Скопје и ОЈО за организиран криминал и корупција.

Зоки претседателот Ѓорге Иванов на последниот брифинг со Главните уредници на националните телевизии нагласи дека на 9 мај 2015 година на средбата лично со него си бил многу исплашен за твојата безбедност и си барал гаранции лично од претседателот Ѓорге Иванов за твојата безбедност.

Зоки требаше да знаеш дека со објавувањето во јавноста на твоите т.н. бомби кои ги фрли во јавноста во почетокот на 2015 година се со краток дострел и истите твојот непријател нема да ги дочела комотно.

Зоки ти си шпион против својата земја кој работи за туѓи странски интереси. Не знам која ти е целта но знам дека со такви средства не се стигнува на власт.

Македонија е демократска земја со парламентарен систем на уредување.

Па така, на власт се доаѓа на непосредни избори каде народот како нагласуваше твојот мецена Б.Ц. ја има судбината во свои раце и истиот тој ќе каже кој ќе ја води нашата земја во иднина. Со твоите скандалозни прислушувани разговори може да имашт само македонското стопанство кое на голема радост во денешни услови по број на странски инвестиции е прво во регионов.

Прислушуваните разговори на личности од извршната и законодавната власт се само голем потсмев пред Меѓународниот фактор.

На крајот Зоки немој да ја одбиваш аболицијата на Претседателот Ѓорге ј Иванов оти време ти е да се сместиш во затворот Идризово.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

Непокорниот дух на Македонците – до кога ќе ги трпиме неправдите?

Македонија преживеала војни, поделби и туѓи владеења. Низ сите тие премрежија, Македонците го зачувале својот јазик и култура и изградиле своја држава. Секогаш кога ќе се спомене таа издржливост, се наметнува едно прашање. До кога од нас ќе се очекува да трпиме неправди и да правиме отстапки за прашања што го засегаат нашиот идентитет? Еден […]

Името Македонија од античките записи до уставните измени

Сребрена тетрадрахма од Амфипол со натпис „ΜΑΚΕΔΟΝΩΝ“ („на Македонците“), 158–150 година пред нашата ера. Музеј на уметност во Кливленд.   Името Македонија е запишано уште во V век пред нашата ера. Од Херодот и библискиот повик до апостол Павле, преку старите карти и делото на Мисирков, до Уставот од 17 ноември 1991 година. Меѓу најстарите […]

Пресказание на Голем Александр (Александар Македонски)

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Уште колку ЕУ ќе нè тапка по рамо?

Европската идеја има смисла ако ги зближува народите и го почитува нивното достоинство. Македонија заслужува јасен и праведен пат до членство, по кој ќе оди со реформи и со зачуван македонски идентитет. За идеите во минатото се гинело, а за нив се гине и денес. Тие ги движат луѓето, ги обединуваат народите и го менуваат […]

Филипче, рејтингот на СДС не се крева со сирена за тревога

Дали Филипче навистина мисли дека патот до повисок рејтинг води преку повисок притисок кај граѓаните? Дека секоја вознемирена фамилија е потенцијален глас, секој исплашен пензионер — политичка добивка, а секој загрижен штедач — публика за следниот настап? СДС на чело со Филипче остава впечаток дека отвори дежурна служба за најавување пропаст. Телефонот постојано ѕвони, сирената […]

Најнови вести

To top