Коментари

Редно е САД да бидат искрени кон Македонија


Свекрва

САД е империја која заоѓа, а во својата посмрттна агонија го вовлекува светот на работ на војна. Американскиот претседател Обама говори дека сака да ја види ЕУ силна и обединета, но неговата администрација се прави за да ја растури. Обоените и шарени револуции, бегалски и мигрантски кризи кои ги предизвика со своите интервенции, директно влијаат врз кохезијата на ЕУ и нејзината иднинина. Денес ЕУ наликува на СФР Југославија пред распадот, Брисел како Белград, а германската канцеларка Ангела Меркел на југословенската железна дама Милка Планинц, претседател на тогашната Сојузниот извршен совет (1982 – 1986), која со својата цврста рака се обиде да ја извлече кон крајот на деведесетите години федерација од криза.

Свесен дека популарноста на германската канцеларка Ангела Меркел, како дома така и во ЕУ, е во опаѓање, а ЕУ се наоѓа пред распад, американскиот претседател Барак Обама за време на кратката посета на Германија, по повод индустрискиот саем во Хановер, на лидерите на Германија, Франција, Велика Британија и Италија им порача дека сака да ја види Европа силна и обединета и дека на САД и е потребна Европа денес многу повеќе од било кога. Во своето обраќање тој ќе додаде дека со оглед на бројните кризни жаришта како Сирија, Авганистан, Либија, и Украина, потоа конфликтот со Русија, би било кошмар ако ЕУ би се распаднала.

Во својот говор, американскиот претседател Обама ги уверува Европејците дека САД е нивниот најголем сојузник и пријател. Меѓутоа, постапките на американската политика на Балканот ја доведуваат во прашање искреноста на САД. Се поставува прашањето дали тие навистина ја сакаат Европа обединета и силна или само потчинета Европа, која слепо ќе ги слуша наредбите од Вашингтон.

Впрочем, како да се толкува однесувањето на САД во Македонија, која патем е и стратешки партнер. Македонија долго време е изложена на обоена или сега уште позната како „шарена револуција“, која е платена во голем дел од американските даночни обрзници. Активностите во кои се замешани меѓувладини, невладини организации и други, директно ја водат земјата кон веќе видената украинизација и поделба на земјата, што е спротивно на изјавата на Обама пред европските лидери. Алудирајќи на Украина, тој меѓу другото пред нив ќе изјави: „Не смее да се дозволи ново повлекување граници, не со употреба на сила“.

Навистина многумина сметаат дека шарената револуција е ненасилна борба против актуелната владеечка партија. Но, ако се има во предвид дека во голем дел ваквите револуции можат лесно да преминат во крвави настани, тогаш неможе да се исклучи украинизацијата. Со оглед дека со опозицијата предводена од лидерот на СДСМ Зоран Заев се и поранешните команданти на УЧК кои сонуваат за Голема Албанија, не треба да се исклучат настаните од минатиот мај во Куманово, ниту пак конфликтот од 2001 година.

Дополнително безбедносниот ризик е зголемен со оглед на бегалската и мигрантската криза, која им овозмува на радикалните исламисти, борците на ИСИЛ од Сирија и Ирак, лесна инфилтрација во земјата. При развлеченост на македонски безбедносно сили на границата и по протестите, можен е влез на терористички групи и загрозување на внатрешната безбедност.

Иако македонската армија учествуваше во повеќе мировни мисии во светот и им го чуваше грбот на американските војници, Македонија не само што е далеку од НАТО, туку и лицемерната американска администрација не превзема ништо што би ја прекинала оваа фрагилна состојба која прети да го зафати целиот регион, со оглед на аспирациите на соседите.

Европа обединета и силна може да биде само ако Македонија со цело име и презиме, со свој идентитет, влезе и стане член на ЕУ и НАТО. Секое продолжување на оваа агонија во земјата, Македонија само станува мета на околните грабливци и можност за конфликт од поголеми размери. Во таков еден случај прашањето е колку може Европа да биде обединета и силна како што вели американскиот претседател.

Редно е САД да бидат искрени кон Македонија и со Европа. Само така САД може да ја обнови моќта, а и Европа да биде обединета и силна. Сите тие мораат да ја преиспитаат својата политика кон Македонија и Балканот. Доста се лицемиерија, зошто можно е и целосно свртување на Балканот кон исток и возобновување на Византија.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top