Коментари

Македонска оперета може да стане крвава балканска рапсодија


Свекрва

Со векови Македонците, кои живеат на балканската раскрсница, се обидувале да ја одбранат својата територија од разни узурпатори. Со векови се обидувале да ја сочуваат или стекнат слободата од помоќните непријатели, кои ги парчеле делеле, ги спротивставувале еден спроти друг. Сепак благородниот македонски народ со векови пролевал крв и ги оставал насекаде своите коски не само за да има сопствена држава туку и да создава вредности за себе и за светот. Меѓутоа, тоа што го правел во време на мир или во војни, историјата која ја создавал, секогаш, како и неговата територија, други сакале да ја поседуваат. Во недостаток на свои благородни синови, во недостаток на сопствена историја, соседите ни ја краделе историјата.

Денес, кога имаме на еден дел од територијата на Македонија сопствена македонска држава, мал број македонски хулигани и соросови платеници за пари ја уништуваат Македонија. Речиси секоја вечер, предводени од лидерот на опозицијата Зоран Заев, тие ги бојосуваат, ги уништуваат, историските паметници кои не потсетуваат кои сме и што сме, што направиле нашите претци, нивниот аманет и што треба да направиме за да си ги зачуваме своите домови. Опозицијата со своите дејствија ја уништуваат нашата историја, а со тоа им даваат право на нашите соседи да не оспоруваат како народ.

Се прашуваме дали има нешто македонско во нив кога можат со такви дејствија само да ги подгреваат аспирациите на соседите кон Македонија.

Не случајно во редовите на опозициските и соросовите хулигани се наоѓаат и албанските радикали од Беса. Тие заедно ги уништуваат македонските паметници, бидејќи имаат само една цел федерализација и поделба на Македонија, а потоа и создавање на Голема Албанија. Со уништувањето на симболите на македонската историја, тие се поблиску до својата цел. Гледајќи како Македонците сами се ништат меѓу себе, албанските медиуми само се потсмеваат, а радикалите чекаат момент кога ќе делуваат.

Дури и ДУИ кој даде беса дека ќе излезе на избори на 5 јуни, сега молчи и чека некој од надвор да му даде сигнал што да прави. Ништо не се сменило во главите на некои Албанци од пред стотина години, кога Албанија прогласи независност.

Истата музика како што е денес, се свиреше и тогаш. Тогашниот атински весник Патрас, неколку месеци по донесувањето на Декларацијата за независност на Албанија (28.11.1912) ќе објави интересно писмо од Валона за членовите на привремената арбанашка влада..  На 3 мај 1913 година, белградскиот весник Политика го објавува ова писмо под наслов „Албанска оперета“ во кое го пишува следното:

„Едно убаво пролетно утро, осамна Исмаили Ќемал во Валона“… Така ќе мора да го започне своето излагање авторот, кој ќе се обиде да ја напише историјата на новата арбанашка држава. Дали неговото дело ќе биде навистина историско, или ќе има изглед на комедија? Нас ни се чини дека во настаните ќе најде сиже за една весела оперета.

Значи, кога дојде Исмаил Ќемал на плоштадот во Валона, се собрала голема маса на љубопитен свет… Масата се прашувала што се случува? Народ виде како се подигна и развиори парче црвено платно на кое беше нацртана една птица со две глави… Се слушнаа некои гласови… Што значи тој јастреб? … Не е тоа јастреб туку орел, и уште нешто многу поважно и посериозно. Тоа е народно знаме. Тоа е албанско знаме.

… Во присуство на населението на градот Волона и два три Албанци муслимани од Аргирокастро, прокламирана е независност на Албанија. Зошто не? Зарем населението на Валона не е тука? Во масата присутни граѓани се гледа и мантијата на дон Никола и неколку други сињори, кои создавањето на новата држава го поздравија на убавиот Дантеов јазик.

Првата грижа на новата држава е да добие влада. Дозволете значи да ви ги преставам господата министри, кои и денес се во служба. Тоа се: Исмаил Ќемал бег, претседател на министерсвата и министер за надворешни работи; Муфти бег, министер за внатрешни работи; Авди бег, министер за финансии; Мехмед паша, министер за војна; Пантелис Цалис, министер за сообраќај; Леф Носис министер за поште и телеграф; Петро Погас, министер за правда; Луиџи Каракуки, министер за трговија; Митад бег, министер за образование.

Муфти бег, министер за внатрешни работи, роден е Аргирокастро. Тој е пратеник во турското Собрание, член е на комитетот Единство и Напредок. Може да има 35 години. Абди беј е роднина со Есад паша, бранителот на Скадар. Тој е голем газда но совршено е неписмен. Министерот војни е богат човек, како и неговиот колега, исто така неписмен.Тој е прочуен по својата раскош и својот угоден живот. Откако е наименуван за министер повеќе не оди пешки, и носи цел арсенал со себе, како симбол на својата функција. Митад беј има четириесет години и знае по малку грчки. Пантелис Цали е најмлад од сите министри. Тој ставил бела капа само затоа што големи лични интереси  му беа во прашање. Леф Носис е роден во Елбасан и завршил основно училиште во Берат. Тој има повеќе имот отколку воспитување. Петро Погас беше час Грк, час Арнаутин. Во последно време се занимаваше со трговско посредништво во Аргирокастро. Луиџи Каракуки од Скадар, ревносен италијански пропагатор, моќен е и итар, зборува италијански и француски.

Покрај министрите, во новата албанска држава има уште неколку видни личности. Тука е командантот на пристаништата, Хамза Арун ага, кој од носач станал висок чиновник. Тука е и злогласниот Иса Бољетинац, чие потекло точно не е познато. Тој е висок плав, има шеесет години. Носи албанска народна носија и секогаш со себе води четири-пет до заби наоружани Арнаути. Тој е еден обичен друмски разбојник, кого пропагандите го претвориле во некоја врста херој.

… Тоа што секоја влада ја интересира, без разлика каква и да е, тоа се финансиите. Таа општа вистина има посебно значење во Албанија. Министерството за финансиии треба да наплаќа данок и да ги исплатува службениците. Данокот во Албанија се наплатува по турскиот систем, преку даночници од старо време, кои се со одредени исклучоци, готово сите задржани. Покрај данокот државата има уште неколку приходи… За тие приходи можат да ве информираат конзулите на Австрија и Италија. Расходите на албанската држава одат сите на плаќање на персоналот. Министрите добиваат 100 денеари месечно. Наоружаните бранители добиваат често пати толку, а понекогаш и повеќе. Албанија е земја на еднаквоста.

Како се останатите министерства? Министерството за пошта и телеграф не е преоптоварено со работа, бидејќи телеграфи нема, а поштата ја носат приватни лица, кираџии, кои патуваат од време на време. Министерство за правда? Судови нема. Владее право на посилниот. Револверскиот кушум решава наместо правните аргументи. Министерството за трговија би имало повеќе работа доколку се викало Министерство за криумчарње. Министерството за образование управува со сите училишта во Албија, кои го има  само едно, во Валона со 25 – 30 ученици. Најпосле министерството за надворешни работи се наоѓа цело во рацете на претседателот на владата, Исамаил Ќемал бег.

Докаде се протега власта на албанската влада? До селото Луници , кое се наоѓа 20 километри одалечено од Валона. Тоа е крајна граница на која се вее албанското знаме, кое го чуваат двеста жандари. Земјата надвор од таа граница се наоѓа во потполна анархија. Населението живее како ајдуци и не знае што се случува околу нив. И самата влада ја избегнува средбата со тој див свет. Што се однесува до јавната сигурност во новата албанска држава, таа е така добро организирана, така да и самите министри се принудени секогаш да излегуваат наоружани, за да се бранат од атентатори.  

… Еве не нас во големиот салон, во кој се собрани министрите и поданиците, кои управуваат со земјата. Вратите се отворени и пристапот на секого е слободен. Жандармите влегуваат и излегуваат и им се обраќаат на сите министри слободно… Зошто министрите не ги затвараат вратите? Од две причини: прво зошто затворени нема да знаат како да го поминат времето; второ зошто … немаат врата.

Сега погледнете во внатрешноста на салонот. Министрите седат околу Иса Бољетинац, пушат и дискутираат. Еден човек разговара нешто сосема интимно со  Исмаил Ќемал. Тоа е еден од главните разбојници во местото. Ги  остриме ушите и прислушкуваме.

– Ми требаат пари. Вие сите го добивте својот дел, а јас не добив ништо

– Стрпи се, ќе дојди ред и на теве.

– Мене ми требаат пари веднаш.

– Добро оди и избричи се. Ќе стапиш во мојата свита и ќе добиеш сто динари месечно.

Човекот замина задоволен.

Наеднаш претседателот на министарствата се повлече во другата просторија. Му јавија дека дошол австрискиот конзул, во придружба на дон Никола. Во салата разговорот продолжи:

– Австрија ќе не спаси, кога ви велам!

– Нема. Треба да се обратиме на Италија.

Еден министер ги смири и едната и другата страна:

– Ние сме пријатели и на Австрија и на Италија.

– А ни една ни друга нема нас да не земе, додаде друг.

Меѓутоа  големата група продолжи да вика. Едни за Австрија, други за Италија. Никој не вика за независна Албанија.“

„Албанската оперета“ не е текст за да се навреди албанскиот народ, кој со македонскиот народ има многу заеднички маки поминато. Тој е само потсетник дека не смее да му се потсмева и да ја негира македонската историја и народ. Албанците не смеат да заборават на дадената Беса на македоннскиот народ и не смеат да дозволат повторно да биде пиони за нечии туѓи интереси.

Македонците нема да дозволат некој да им ја ништи историјата и идентитетот, како и повторно да бидат монета за поткусурување. Можеби шарената револуција во Македонија денес за некого делува весело и забавно, но, ако се продолжи вака, од обична „Македонска оперета“, таа лесно може да стане „Крвава балканска рапсодија“.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top