Дијаспора

Разговор со артистот Никола Апостоловски: Во театарот дојдов случајно но истиот врежа голема љубов

nikola-apostolovski

nikola-apostolovski

Деновиве поведовме разговор со Никола Апостоловски кој се појави на „сцена“ пред само неколку години и досега во Австралиско македонскиот театар има одиграно повеќе улоги но за последната престава „Куферот“ се јавува како глумец и одговорен за техничката поставка на оваа драма.

Како воопшто ја започнавте вашата „кариера“ во театарската уметност и какви беа вашите почетоци?

Мојата кариера во театарот започна во 2012 година, и тoа сосема случајно. Откако вие ја поканивте мојата сопруга Валентина да настапи во драмата “Раскол”, испадна дека немате глумец за уште една машка улога. Така, мислејќи дека ќе биде мала, во разговор со вас, се сложив да ја прифатам улогата на Синот. Покасно, заради обврски, еден од членовите ја откажа улогата на Поп и по твоја иницијатива ја прифатив и таа рола. Така, мојот старт во театарот неочекувано започна со две улоги. И никогаш не зажалив! Отсекогаш сум го сакал театарот, но никогаш не помислував дека еден ден, ете, и јас ќе сум на штиците, и ќе можам да представувам напишани ликови. До сега имам прекрасни впечатоци и спомени. Големо задоволство и чест ми представува да сум дел од овој наш Австралиско Македонски Театар, a уште поголема привелигија ми e што запознав и запознавам прекрасни личности и луѓе. Голема благодарност до мојата сопруга и до тебе што ме поттикнавте и ми се даде шанса да бидам дел од патот што како театар го одиме и постигнуваме успеси, како во Австралија така и во нашата татковина – Македонија.

Кои улоги досега сте ги играле и во кои драми?

Како што споменав, започнав со улогите на Синот и на Поп во “Раскол”. Прекрасна представа која ги опишува настаните и проблемите што се случуваат во нашата црква и заедница, низ еден комичен но истовремено многу сериозен начин. Многу болна тема за сите нас Македонците кои што живееме во Австралија. Длабоко сум уверен и се надевам дека со најновите збиднувања сето тоа ќе се надмине и оваа представа ќе биде само едно сеќавање од овој лош период за сите нас.

Доне ми беше следната рола во “Остави ја свеќата да гори”. Тешка и многу мрачна улога, во представа каде што како македонска заедница се приклучуваме во борбата против домашното насилство под покровителство на White Ribbon Day and Hurstville Counci. Доне e домашен насилник кој не знае ниту за срам или почит кон никого во неговото семејство. На удар се неговата сопруга, деца и неговата мајка, која и самата била жртва на домашно насилство од нејзиниот сопруг, а сега и од нејзиниот син Доне. Круг на насилство кој тешко може да се затвори.

Следува “Борење со мечка”, со ликот на Трпе, човек кој пати самиот во себе, прикриено, не издавајќи ги своите маки, тајни и болести. Оттурнат од фамилијата, пред се својата жена, Трпе се бори против ракот, но без поддршка на семејството и оставен на себе, тој и подлегнува на опаката болест. Умира, не знаејќи ја најболната работа за него во животот – дали Бил, личноста за која цел живот се бори, работи и жртвува е негов син.

Во комедијата “Доктор Жими Мајка” ја имам улогата на Трајан. Типичен Македонец на 70 – тина годишна возраст, кој се уште им верува на луѓето, и поради неговата добродушност и наивност наидува и поминува низ разни перипетии во животот. Секој сака да го изигра и да земи дел од неговиот имот и пари. Како неговите деца и внуци така и човекот кој што доаѓа од Македонија и се представува како негов внук. Дури се решава да оди назад во стари крај, ја продава и куќата, со цел да земе убава 35 – годишна невеста! Комедија во вистинска смисла на зборот, но со сериозни теми, навистина уживав во оваа рола.

А сега во нашата најнова продукција “Куферот” за која мислам дека е нашата најквалитетна представа, ја имам улогата на Димитар, син на Ангела, коцкар и пусти- куѓа кој нема никаква љубов, однос, ниту почит кон  својата стара мајка која спечалила куќа и му ја дала да живее во истата. Без трошка вина се коцка и ги троши сите пари што ги има и постојано бара уште повеќе од својата мајка и од својата девојка Зои.

Од досега играните улоги, која најповеќе ви даде предизвик и задоволоство?

Сите! Но ако мора да изберам тогаш тоа ќе биде yлогата на Доне во “Остави ја свеќата да гори”. Голем предизвик, бидејќи, пред се по карактер сум мирна личност. Да се изглуми и прикаже она што нашиот режисер го бараше од мене, навистина беше тешко и голем предизвик да излезам од мојот личен карактер. Ми требаше време да се навикнам на карактерот, но мислам дека убаво го изиграв. Затоа, на крајот од представите чуствував големо задоволство и сатисфакција знаејќи дека ликот на Доне го представив на начин што нашиот Стефо го бараше од мене.

Имате играно во престави и во други театри и што значеше тоа за вас како актер?

Да, настапив во представата “Тhе wаy” во Центарот за уметност во Бенкстеон заедно со уште неколку членови од нашиот театар. Представата беше напишана и режирана од Стефо Нанцу. Ја имав улогата на дојденец од Македонија кој се свршува со својата девојка. Кулминација за мене, а исто и за другите актери од нашиот театар (Стефо беше пресрекен), беше моментот кога пред преполнетата сала ќе испеев строфа од нашата преубава староградска песна “Македонско Девојче”.

За мене лично ова беше многу важно бидејќи се промовира нашиот јазик и култура во представа која што беше наменета за разни националности и презентирана во поголем дел на англиски јазик. Yбаво беше да се види како се работи и во други театри, а ова искуство ќе остане врежано во мене за подолго време.

Во последната драма „Куферот“ се јавувате и како технички продуцент одговорен за светлата и звукот. Како се јави оваа љубов кај вас?

Жиците покрај театарот се втората моја љубов! Целиот мој живот се расправам со електрониката, започнувајќи како електро-инсталатер па до последниве 10-тина години работејќи како Electrical Engineering Officer за дизајн на електро мрежата на Н Ј В. Секогаш имаме потреба од технички продуцент но бидејќи во повеќето представи глумев, не можев да ја вршам и оваа работа. Сега имајќи помала рола ми се даде можност и време да ги спремам и техничките работи. Сепак морам да нагласам дека имам голема подршка и помош од сите други членови во нашиот театар за време на представата, а посебно кога сум на сцена.

Што планирате после „Куферот“ и кои се вашите идни планови?

После куферот ни следува заслужен одмор, а се надевам, можеби во блиска иднина дека ќе имаме прилика со оваа прекрасна представа да се представиме и во други места низ Австралија. Исто така се надевам дека во некоја од нашите наредни представи ќе се појавам и како режисер. Ви благодарам за вашето време и простор.

Последната престава на „Куферот“ ќе се одржи во Рогдаел на 28 мај со почеток во 19 часот во просториите на Културниот центар „Илинден“.

nikola-apostolovski-2

Душан Ристевски

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top