На прво место

Филипче и СДС во политичко бунило: сакаат нешто да кажат, но не знаат како

СДС и Венко Филипче повторно покажаа дека немаат јасна политика, ниту јасна порака кога станува збор за европските аспирации на Македонија.

Нивните прес-конференции и јавни настапи се претвораат во политичка конфузија по принципот: „сакам да кажам, не знам да речам“.

Сакаат да понудат нешто, но не знаат што. Сакаат да испратат порака, но не знаат како да ја формулираат. Сакаат да се претстават како европски ориентирани, а во суштина само ја повторуваат реториката која оди во полза на бугарските позиции.

Венко Филипче, кој сè повеќе делува како специјален пратеник на Радев во Македонија, е во целосно политичко бунило. Конфузен е, но истовремено и упорен во настојувањето да ја турка истата линија што граѓаните одамна ја препознаваат како штетна за македонските национални интереси.

Наместо јасна државничка позиција, СДС нуди празни фрази. Наместо заштита на достоинството на Македонија, нуди сервилност. Наместо европска перспектива со зачуван идентитет, нуди прифаќање на туѓи диктати и политички понижувања.

Прес-конференциите на СДС поврзани со ЕУ-интеграциите не се ништо друго освен одраз на површноста, несигурноста и политичката збунетост на Венко Филипче. Тој сака да изгледа сериозно, но секој негов настап само дополнително ја открива вистината – СДС нема ниту план, ниту став, ниту капацитет да ја брани Македонија.

Граѓаните добро гледаат дека зад наводната грижа за европската иднина се крие старата политика на отстапки, притисоци и предавства.

Затоа Филипче и СДС колку повеќе зборуваат, толку повеќе ја покажуваат сопствената конфузија.

Најново од: На прво место

Свети Нестор – празник на верата, народните верувања и есенското садење

Меѓу празниците што ја поврзуваат духовната традиција со секојдневниот живот на македонскиот народ е и празникот на светиот маченик Нестор Солунски. Неговиот спомен, кој се празнува на 9 ноември, ден по Митровден, во одделни македонски краишта е проследен со обичаи за заштита на житото, садење овошки и почитување на мајсторскиот труд. Именден на овој ден […]

Од „живи луѓе ќе јадеме“ до секојдневно сервирање страв и паника

Заев ја збогати политиката со угостителски речник, а неговите наследници на чело со Филипче ја усовршуваат кујната: секој ден ново црно сценарио, секоја прес-конференција нова порција вознемиреност. Сметката, по обичај, му ја носат на народот. „Живи луѓе ќе јадеме“ — изјавата на Зоран Заев од партиски настап во Валандово во 2010 година остана запаметена заедно […]

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Свети великомаченик Димитриј Солунски – Митровден

Именден слават: Димитар, Димитриј, Димитрија, Димитрие, Диме, Димо, Митре, Митко, Мите, Димитрина, Димитрија, Димка, Митра и Митка На 8 ноември, односно на 26 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот великомаченик Димитриј Солунски. Празникот, кај народот познат како Митровден, со векови зазема значајно место во духовниот и […]

Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард, а Алта банка е увезен проблем

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДС за ширење лаги и дезинформации во врска со случајот со „Алта банка“, оценувајќи дека со своите настапи опозициската партија создава паника и ја поткопува довербата во банкарскиот систем. Од партијата посочуваат дека одлуките за банкарскиот систем ги носат Народната банка и гувернерот, а не премиерот и Владата. Воедно, го отфрлаат тврдењето […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

-1_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy

Митровденска задушница

Задушници се деновите во кои според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење (капење). Кај народот постојат две примарни (пролетна и есенска) задушници, но задушниците поврзани со Духовден се официјално признати од црквата па биле прифатени и од народот. Ваквата […]

Милиони потрошени, а вода нема: каде заглави системот за наводнување „Равен – Речица“ од 2018 година?

Додека се најавуваат нови инвестиции во наводнувањето, Полог чека одговор: кога ќе биде завршен системот што требаше да обезбеди вода за над 3.300 хектари земјоделско земјиште? Потребна е целосна проверка на потрошените средства, изборот на изведувачот, нерешената експропријација и причините за повеќегодишниот застој. Најавата за поставување камен-темелник за новиот систем за наводнување „Страиште“ во општина […]

To top