Дијаспора

По девети пат одржан Натпреварот по рецитирање во НЈВ

natprevar-po-recitiranje

Успешна традиција

natprevar-po-recitiranje

Во организација на Македонскиот Просветно Училишен Одбор на НЈВ, во  Сиднеј по девети  пат се одржа Натпреварот по рецитирање на македонски јазик за учениците од основните училишта. И оваа година, традиционално, домаќин беше Основното училиште во Карлтон.

Голем број ученици  од македонско потекло рецитираа на чист македонски јазик. Одлично подготвени учениците се трудеа што поубаво да ја изрецитираат својата стихотворба.

Рецитирањето е древна македонска вештина , која  се негува во училиштата на македонски јазик во НЈВ. Оваа вештина им овозможува на учениците да ја зголемат својата самодоверба, својата меморија или памтењето, а истовремено и да го надминат стравот од зборување пред други луѓе.

Сите ученици заслужуваат пофалба за вложениот труд, честитки и до вредните учители кои ги подготвија учениците, а особена пофалба заслужуваат грижливите  родители кои најдоа време и во сабота ги донесоа децата на Натпреварот.

Жири комисијата во состав  проф. Бранко Наумовски,  проф. Славица Ристеска и проф. Елизабета Хаџијевска, потврдија дека сите деца заслужуваат пофалба за својот труд , но одлучија оваа година наградите да ги добијат:

Од забавиште

Јован Ташковски  од „Filip II  “ Peakhurst West

Stage 1( 6-8 god)

1. Антони Мандаровски  од  MEU „Nikola Karev “Bonnyrigg

2. Јустинијан Велковски  од МЕОU „11-ti Оktomvri” Yagoona

3. Никола Кочанковски  од „Filip II  “ Peakhurst West

3. Лора Стојановска  од „Filip II  “ Peakhurst West

Stage 2: (  од 8-10год)

1. Мартина Ѓергис  од  „Kliment Ohridski” Rockdale
2. Дин Јовчевски
 од Carlton PS
2. Матеа Цифкаровска од МЕОU „11-ti Оktomvri” Yagoona

3. Милан Славески од Kliment Ohridski” Rockdale

Stage 3 (од 11-13 год)

1. Мајкл Касовски од Carlton PS

2. Ванеса Новак од Carlton PS

3. Оливија Дак од MEU „Nikola Karev “Bonnyrigg

Текст: Жаклина Михајлова -Учителката

Слика: Радица Бојковска Димитровска

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top