Коментари

Кој ја казнува Македонија со поплавата?

Dzeposki

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Деновиве се поставува прашање насекаде подеднакво присутно и загонентно : Дали некој ја казнува Македонија со поплавата ?

Ако е од Бога, а има зошто, тогаш е месецот во кој доминира Свети Илија. Сите ние еднакво дојдовме до заклучок дека народот се отуѓи од Бога. Се што доликува за апокалипсата неминовна … е присутна во Македонија. Брат со брата не се трпи, сите се во трка за пари, дрога, проституција, геј заедници и сите нијанси по кеифот на Натемаго, се само дел од оваа теорија. Шарената револуција и фарбањето споменици, плукање по Владици, Синод и градење цркви, партија која нема легитимитет од народот, а сака да владее со него и преку него да дрпа, пљачка и пие по кафани … сето ова е поклопување на мозаикот.

Неминовниот ХАРП. Америка има изградено Харп систем и го контролира небото преку овој систем со свои експерименти. Македонецот Тесла ( со гаранција Тесла е Македонец, зошто Србите и Хрватите иако го присвојуваат, Тесла зборот не е присутен кај нив, имаат Чекиќ ) го има измислено овој изум и треба да служи само за хуманитарни цели, во места каде нема дожд, се разбира најмногу одговара за пустињите и сушни места. За жал, Америка е позната по алчноста на некои нивни секти кои сакаат да доминираат со светот преку нафта, печатење пари, злато и минерали, па дури и со вода за пиење. Не бираат начин и средства да казнуваат. Кога не поминаа нивните финти да ни свиткаат кичма преку Црпко само да да им бидеме робови бесплатни, ете ни беља со поплавата. Едно е сигурно. Преку 800 громови во еден ден, тоа го нема никаде. Во Сиднеј Австралија каде живеам, Сиднеј со преградието е со површина скоро колку цела Македонија и има преку 5 милиони жители. Никогаш овде не е забележана појава на грмотевици од преку 200 во еден ден. За толкавао количество вода и тоа само во одредени места е за рубриката Верувале или не.

Како и да е, можеме да констатираме дека Македонија е казнета. Дали преку Свети Илија или Американците со Харп системот, одлучете сами. Време е да се вратиме на нормалните вредности и молитви кон Бога, да ја чуваме Македонија и во овие кризни часови сите некако да помогнеме. Бидете хумани и да дадеме сите од својот последен залак за оние што ја претрпеа оваа несреќа. А Госпоед е еден, гледа и враќа многу повеќе.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top