Дијаспора

Жена безвремена

ljubica-popovska

Жено,мајко
во таинствената утроба
го носиш својот пород
– ранета птицо.

Во стомните изградени
од ротацијата на денот
носиш илјади солзи
– болко на еден живот.

Жено,жено
се раѓаше и раѓаш
за да носиш во себе и со себе
проклетство на илјади усти
(судбино на нови рожби
родилко,жено,стено.)

Со тебе и во тебе
започнува и продолжува
еден живот.

И живее едно време.
Се наоѓаш вон просторот времен
но во пулсот на животот земен.

ljubica-popovska
Автор: Љубица Поповска

Првонаградена песна на конкурсот “Битола момо нагиздена” објавена од Фондацијата  Такец

Фондацијата Такец покрај другите жени ги прогласи и Гордана Димовска и Љубица Поповска од Мелбурн за Жени-Безвремени. 

Пелистер

Треперат и шумолат лисјата
Во боровата шума,
Поздравуваат патници
Домашни и странци
До бескрај одѕвонува нивниот звук
Опојна убавина бескраен мир.

Цветови разнобојни опиваат со мирисот свој
Чекориш со радост по ридот тој
Пелистер те мами и го прати чекорот твој
Те следи и гушка во пазуви од свила
Природна убавина мила.
Под сенките на молика

Да одмориш душа
Песните од птиците кој ли не сака да ги  слуша?

Како најубава мома во зелена руба
Го красиш градот роден
Чуваш тајни и легенди стари
Восхитуваш и плениш со езеро Големо и Мало
Две бисерни очи на твојата руба
Ко најубав лек за сите рани.

gordana-dimovska
Автор: Гордана Димовска

Второнаградена песна на литературниот конкурс “Битола момо нагиздена“ во организација на Фондацијата Такец, Битола.Macedonian timeline

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top