Коментари

Александрскиот светилник – посветен на Птоломеј I Сотер и на неговата жена Беренис

makedonska-nacija-logo

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Светилникот во Александрија, едно од седумте светски чуда, беше изграден меѓу 280 и 247 година пред нашата ера на островот Фар(ос), во близина на Александрија, Египет, од страна на македонската династија на Птоломеидите. Овој светилник беше една од највисоките градби на античкиот свет висок меѓу 393 и 450 стапки (120 и 137 метри), како доказ на македонската величина, чија светлост можеше да се забележи на 60 км од брегот на Александрија. Неколку земјотреси меѓу 956 и 1323 година, сериозно ќе го оштетат за да при последниот биде срушен.

Александар Македонски во текот на својата Источна кампања изградил многубројни градови и разни центри во Азија и Африка. Плутарх наведува дека имало околу 70 градови со име Алекдандрија. Во нив биле населувани ветерани од Александровата војска, како и колонисти од Македонија, Еледа и Мала Азија. Тие станале центри не само на сдминистративната и воената власт, туку и центри на производство, трговија, комуникација, култура и друго.

Александар околу себе ги имал собрано најдобрите научници на тоа време. Така кога го прашал прочуениот архитект Динокрит, кој е тој, одговорот бил следен: „Архитект сум, Динокрит, Македонец, и ти ги носам плановите и нацртите достојни на твојата слава“. Кога Александар ги погледнал плановите рекол: „Сакам ти да останеш покрај мене, зошто ќе се послужам со твојата работа“. Одтогаш Динокрит не го оставал кралот, туку го следел во Египет. Кога Александар го видел сигурното и прекрасно пристаниште во Египет и му заповедал на Динокрит да основа град со негово име Александрија.

Александар Македонски го основал градот Александрија на провлака спротивно на островот во 332 г.пр.н.е. По изградбата, градот долго време, дури и во римскиот период, бил светски центар на економските и културните врски меѓу истокот и западот, северот и југот.

Во близина на Александрија кој се наоѓа во западниот дел на делтата на Нил се наоѓа мал остров Фарос. На овој остров бил изграден монументалниот Александриски светилник кој подоцна бил поврзан со насип во должина повеќе од три четвртини милји.

Монументалниот Александриски светилник, едно од седумте светски чуда, е доказ за македонската величина.  Него го изградиле владателите од македонската египетска династија на Птоломеј во III век пред нашата ера. Всушност, набргу по смртта на Александар, македонскиот генерал Птоломеј I Сотер, кој по војната со дијадосите станал владател на Египет, ја нарачал изградбата на светилникот на Фар. Светилникот го завршил неговиот син Птоломеј  II Филаделф. Сите планови за градбата биле направени од страна на научниците на Александриската библиотека –музеј, каде бил собрани најучените луѓе од тоа време.

Светилникот кој бил изграден од цврсти блокови на варовник, се градел 12 години и чинел 800 таленти, а потоа служел како прототип за сите светилници во светот. На врвот било поставено огледало која ја реглектирала сончевата светлина во текот на денот, а во ноќта светлината била произведена од страна на печка на врвот на кулата за која горивото се носело со една врста лифт.

Светилникот му бил посветен на боговите спасители – Македонецот Птоломеј I Сотер (што во превод значи спасител) и на неговата македонска жена Беренис од Егејскиот дел на Македонија.

Овој светилник беше една од највисоките градби на античкиот свет висок меѓу 393 и 450 стапки (120 и 137 метри), како доказ на македонската величина, чија светлост можеше да се забележи на 60 км од брегот на Александрија. Плиниј постариот и Страбон даваат детални описи за светилникот и како функционирал, односно како рефлектирал светлост на толкава далечина. Тие ја пренесуваат и легендата како огледалото било користен како оружје, односно како со него биле спалувани непријателските бродови пред тие и да се доближат до пристаништето.

Светилникот бил тешко оштетен во земјотресот од 956 година, а потоа повторно 1303 и 1323 година. Конечно остатокот исчезна во 1480 година, кога тогашниот султан на Египет Катбеј на тоа место изгради тврдина користејќи го мермерот од паднатиот светилник.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top