Дијаспора

МПЦ „Свети Јован Крстител“ во Џилонг – македонски духовен центар (32)

mpc-dzilong

mpc-dzilong

ОД ЖИВОТОТ И АКТИВНОСТИТЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА

Градот Џилонг, кој се наоѓа на осумдесетина километри југозападно од метрополата Мелбурн, е еден од значајните индустриски центри и морско пристаниште на државата Викторија. Распространет по должината на Филиповиот залив, се чини, како да се сокрил од струењата што доаѓаат од Тасманија. Затоа, Џилонг претставува пријатно место за живеење и работа, а во исто време, е и центар на автомобилската индустрија. Во фабриката за автомобили „Форд“, една од најголемите на тие простори, се вработени околу 90% од работноспособните граѓани на Џилонг, меѓу кои и голем број Македонците од сите делови на Македонија.

Во градот што брои близу двеста илјади жители, се населени околу 400 македонски семејства, претежно од битолскиот крај. Нив најмногу ги има од селото Драгош, Битолско, околу 70 семејства, затоа често се вели дека Драгош се преселил во Џилонг. Исто така, таму живеат поголем број семејства од селата Лажец, Велушина, Бистрица, Граешница и други села под Пелистер, неколку семејства од Преспа, од Вевчани и други охридско-струшки села, како и од Прилепско. Тие сите се здружени и претставуваат едно големо македонско семејство, се помагаат и во добро и во зло, ги зачуале старите македонски обичаи, навики и традиции, и претставуваат пример на заедничко живеење меѓу етничките групи на тие далечни простори на петтиот континент.

До Втората светска војна, бројот на Македонците во Џилонг бил многу мал. Меѓутоа, со либерализацијата на законите за одење во странство и во екот на познатите миграциони движења во Македонија, се „отвори“ канал меѓу бројните села под Пелистар и Џилонг, каде што лесно можеше да се најде вработување. Покрај работата, Македонците почнаа богат културно-просветен и заеднички живот, се организраат забави, пикници и други активности. Особено силно влијание имаше развиениот црковен живот во Мелбурн кој уследи посета на делегација на Македонската православна црква на чело со надлежниот архиереј, митрополитот Кирил. Така, меѓу тие честити Македонци се јави силна желба за формирање и изградба на свој македонски православен храм.

dzilong
Џилонг

Почнаа акции за собирање средства, а во септември 1977 година, македонските доселеници, преку црковниот иницијативен одбор се обратија до Светиот синод на МПЦ со барање да бидат примени во крилата на Светиклиментовата црква. Беше доставено барањето и правилник на црквата, информирајќи дека црковниот одбор е сопственик на плац каде што може да се изгради црква и културен дом. На тоа, Синодот, со акт бр. 445/77 го удоволи нивниото барање и ја регистрира новата црковна општина под име „Свети Јован Крстител“.

Меѓу првите и најзначајни активисти, донатори и општественици во оваа црковна општина се секако: Јован (Џони) Ангеловски, првиот претседател и најголемиот донатор и основач на црквата, потоа Цветко Илиевски и Миле Стојановски, кои беа прогласени за доживотни членови, а големи заслуги имаат и Томи Димовски, Илија Николовски, Димитар Ангеловски, Јосиф Пачовски, свештениците Ѓорѓи Кацарски и Чедомир Илиевски и многу други активисти кои вложија и средства и труд во тој македонски храм и културно-просветен центар во Џилонг.

Еден од најзначајните датуми во оваа црковна општина е 15 јануари 1978 година, кога надлежниот архиереј на Австралиската епархија, г. Кирил, во сослужение со неколку свешетеници и бројни иселеници и претставници на австралиското општество го положи и го освети камен-темелникот на новата црква „Свети Јован Крстител“.

Тоа беше пресвртница во животот на македонсктие иселеници; се спроведе акија за собирање парични средства, дојде до вистинско заедничко живеење и формирање на секции во кои покрај другите биле: Љуба Илиевска, Цена Куконовска и Вента Пачовска. Особена активност пројави Женската секција, која е и најактивна, како и одборот за изградба на црквата.

Црквата беше осветена од надлежниот архиереј Кирил. Чинот на осветувањето беше настан за себе и траен спомен за Македонците. Беше отслужена првата богослужба во црквата на македонски јазик, со што почна нов црковен живот и нова страница во историјата на македонските доселеници во Џилонг.

Македонската православна црква „Свети Јован Крстител“ е убава градба во која покрај храмот има и други простории, како и сала за организирање собири и други манифестации. Во просториите на црквата, покрај религиозниот живот се одвиваат голем број активности.

dzilong2

Така, таму со успех работи црковно училиште, каде се учи мајчин македонски јазик, историја, религија и географија, КУД „Бисер“, оркестарот „Галеб“, Македонскиот радио час, библиотеката и други секции кои развиваат широка активност во македонската колонија. Во овој долг период се промениле поголем број управи на црквата, меѓу кои и свештениците Чедомир Илиевски и Стојче Ристовски, кои заедно со генерациите до денес, придонеле Македонската православна црква „Свети Јован Крстител“ да биде уште едно место и македонско катче во Австралија. Во него, на широко се изразува достоинството на македонската самобитност, цивилизација и култура, како и претставува израз на севкупните достигнувања на Македонците во Џилонг.

Продолжува

slave-katin-1
Пишува: СЛАВЕ КАТИН


Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top