Коментари

СДСМ поттикнува меѓуетнички конфликт!

kostadin-kerpicoski

kostadin-kerpicoski
Костадин Керпичоски

Ништо ново за вечно опозициската партија, како во минатото така и сега, партија која не се бори за Македонско национално единство, партија која разнебитувањето на Македонскиот народ е приоритет.

Нормално е да не стивнуваат реакциите и критиките по изјавата на лидерот на опозицијата за воведување на двојазичност на територијата на цела Македонија, нешто што веќе е решено и заштитено со закон.

Всушност сите ние многу добро знаеме како дојде до тој рамковен договор од 2001-та, како на сила се постигна Пржинскиот и не е ништо ново идејата за нов со кој ќе настапи поделба на Македонија.

Во Македонија живеат два милиони луѓе, од нив некои се Македонци, некои Албанци, некои Турци, Власи, Бошнаци, живеат заедно како еден народ во една држава, никој нема проблем со никого!

Луѓе мои, проблемот е измислен и вештачки креиран од страна на врхушката на СДСМ со една цел, тензии пред избори, не одржување на истите на 11-ти Декември, братоубиствена војна помеѓу Македонците и разнебитување на Македонското ткиво!

Целта на лидерот на опозицијата е бришење на кодот Македонски!

Која е мојата порака?!

На 11-ти Декември да ја испратиме нашата порака, силно и единствено, патриотски за мајка Македонија, цела, каква што е сега!

Македонија била и ќе биде, целта на негаторите на Македонштината нема да биде исполнета, нема да дозволиме некој да си игра со нашите патриотски чувства!

Нема да дозволиме бришење и погазување на историјата Македонска само затоа што на некој поединец или мала група така им одговара!

Велам, Македонија била и ќе биде!

Ладни глави Македонци!

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top