Дијаспора

Австралиско-македонска црковна епархија (33)

mpc-logo

mpc-logo

Македонските православни црковни општини во Австралија се конституирани врз законска основа и се организирани како религиозни, национални, социјални, хуманитарни и културно-просветни институции. За реализирање на своите активности, црковните општини пред сѐ, имаат добиено широка поддршка од австралиската влада и од мајката-Светиклиментовата црква. Со формирање на црковните општини во Австрлија, во голема мера се придонесе да се подигне на повисоко рамниште и во извесна смисла да се определи националниот идентитет на Македонците од сите делови на Македонија. Македонските доселеници во Австралија, без разлика од кој дел на Македонија, и со какви патни исправи се дојдени во новите средини.

melburn
Мелбурн
        

Преку МПЦО, преку членување во тие духовни домови, добиваат документи што сведочат дека се Македонци, а со тоа стекнуваат право да избираат и да бидат избрани во црковно-општинските тела. Така, тие добиваат крштеници, венчаници, смртовници, и други документи кои се официјални и законски пред австралиската админситрација.

Со поголемиот прилив на емигрантите во Австралија, во последните педесетина години, се зголеми бројот на православното население, чиј број е за неколку стотици илјади поголем во споредба од пред Втората светска војна. Затоа има мешање на православните со луѓе од другите религии. Сето тоа доведува до брзи промени во општеството каде што припаѓаат и македонските православни верници. Македонската православна црква, како и другите православни цркви што дејствуваат во Австралија, има своја Епархија што е значајно духовно и културно просветно тело.

Таа ги штити, ги организира и ги афирмира сите македонски црковно-патриотски интереси и потреби, овозможувајќи им на македонските доселеници од сите делови на Македонија да ја чувствуваат националната и црковната слобода. Епархијата обезбедува услови за сѐ поголема афирмација на целокупното културно наследство и современиот напредок на македонскиот народ. Тоа е потврдено и од австралиската влада, која Македонците ги смета за одделен народ со свој национален идентитет и со големи заслуги за културниот развој и на другите народи и претставува жив мост за пријателските односи меѓу Македонија и Австралија.

dositej-kiril
Првиот поглавар на МПЦ –Доситеј и првиот надлежен на Епархијата –Кирил

Според делото на авторот на овие редови „Македонските православни црковни општини во Австралија, Канада и САД“, „Нова Македонија“ 1991 година, Австралиско-македонската црковна епархија е формирана со одлука на Светиот архиерејски синод на МПЦ со цел да ги продлабочи врските и да ја јакне љубовта меѓу македонсктие доселеници во Австралија со Татковината и со Црквата. Во почетокот беше заедничка за САД, Канада и Австралија, како Американско-канадска – австралиска црковна епархија, кога во 1969 година, за прв архиереј на заедничката епархија беше избран митрополитот г. Кирил. Од есента 1981 година, за архиереј на австралиската епархија е избран митрополитот г. Тимотеј, во која меѓу другите, потпретседатели биле познатите исленици: Васил Мојанов, Ристо Алтин, Коста Радин, Ванчо Неделковски и други. Од 1995 година, надлежен архиереј за Австралиската епархија беше избран митрополитот Петар, (денес, и за жал или за среќа во Австралија има две епахии: Австралиско-новозеландска и Сиднејско- австралиска епархија).

Седиштето на Австралиската епархија се наоѓа во Мелбурн во државата Викторија, каде што постојано има архиерејски заменик. Меѓу нив биле тогашниот повардарски митрополит Михаил, кој потоа беше поглавар на Македонската православна црква; а потоа свештениците Методија Лазаревски и Ѓорѓија Кацарски, Раде Атанасовски, Спасе Стефановски, и многу други кои заедно со членовите на црковните општини играат огромна улога во афирмирањето на црквата и нацијата.

Инаку, Австралиско-македонската црковна епархија, треба да одржува епархиски собранија секоја втора година. Првото епархиско собрание се одржа во 1971 година. Епархиските собранија ги сочинуваат претседателите на црковните општини заедно со свештениците, потоа се избира епархиски управен одбор, како и други одбори и комисии кои ја кординираат работата на епархијата. Австралиската епархија ја сочинуваат сите црковни општини, цркви и манастири преку кои Македонците излегоа од тесните рамки на дејствување и се афирмирани како важна етничка група со богат општествено-црковен живот.

petar-aus

Тие не се повеќе онаа аморфна маса на луѓе без национален идентитет од кој под притисок или од заблуда, или од нечиј интерес, и во Австралија од Македонците правеа „Грци“, „Бугари“ или „Срби“. Напротив, денес Македонците во Австралија, а и пред светската јавност, со гордост ја истакнуваат својата македонска припадност.

Уште повеќе, благодарение на улогата на македонските општини, цркви и манастири, и позитивно ориентираното македонско свештенство, македонсктие иселеници во рамките на Австралиско-македонската епархија, со голем ентузијазам и полет ги одржуваат црковните и народните традиции, фолклорот, јазикот, обичаите, минатото и сегашноста на нивната татковина Македонија.

При тоа, македонската црква е мошне ценета од австралиското општество, пред сѐ, заради резултатите што македонските иселеници ги достигнуваат во работата, а и заради нивниот однос и висок степен на лојалност кон новата татковина – демократска мултикултурна Австралија.

Крај

slave-katin-1
Пишува: СЛАВЕ КАТИН


Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top