Дијаспора

Медал за заслуги за Македонија

ivanov1

ivanov1

Повод за разговор со Иван Трпоски е добивањето на Медал за заслуги за Македонија, неодамна доделена од претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов и објавувањето на неговата најнова книга „Македонија – не те забораваме“.

Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов ви го додели највисокото државно признание што Македонец од дијаспората може да го добие. Што значи тоа за Вас, како општественик и долгогодишен борец за македонскиот јазик и култура?

Се чувствувам горд и се гордеам што добивам вакво ласкаво признание од највисоката личност на татковината и со сите државни почести доделена за мојата досегашна макотрпна работа во полето на културата во македонската заедница, поготово во работата на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ и неговата библиотека во Сиднеј. Мојата работа во заедницата се одвива во еден четири-децениски период. Активно сум бил вклучен во повеќе македонски организации како во Просветно Школскиот Одбор, Охридско-Струшката асоцијација, Македонскиот добротворен центар, Комитетот за човековите права на Македонците и други асоцијации преку кои сум го ширел македонскиот национален дух.

ivanov2

Книгата „Македонија – не те забораваме“ опфаќа четири децениски периот на твојата журналистичка активност. Која беше целта за објавување на ова монографско дело?

Во книгата се застапени преку 250 записи со повеќе фотографии, кои се распослани на 270 страници (во голем формат), а во издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј. Книгата доживеа две промоции, првата во организација на Агенција за иселеништво на Република Македонија, која се одржа во амфитеатарот на Министерството за надворешни работи на Македонија во Скопје и втората во организација со Библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид, која се одржа во нивната просторија. Промотори во Скопје беа познатите журналисти Фиданка Танаскова и Марјан Велевски, а во Охрид промотор беше журналистот м-р Милчо Јованоски. Се чувствував многу гордо што издавањето на ова дело се подржа и на промоцијата присуствуваа повеќе колеги од Републиката.

ivanov3

Зад себе имаш објавено седумнаесет книги, со што се вбројуваш како еден од најобјавуваните автори во иселеништвото. Што понатаму, кој е идниот твој креативен план?

Имам доста планови за остварување. Но, за сега најважни се завршувањето на мојата автобиогравска книга за која имам отчукано преку триста комјутерски страници и довршување на монографската книга за Архивот на Македонското литетратурно друштво „Григор Прличев“ за која веќе имам отчукано преку четиристотини страничен матерјал. Книгата се планира да се објави по повод 40-сет годишниот јубилеј на Друштвото, кој ќе се одбележи на 31 март 2018 година. Секако ќе продолжам да пишувам и објавувам журналистички написи во македонските гласила и го промовирам македонството, а секако и понатаму активно да бидам вклучен во Литературното друштво и Библиотеката „Григор Прличев“ кои се дел од моето битие.

Душан Ристевски

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top