Дијаспора

Историскиот развој на весниците „Македонски глас“ (1957-1958) од Сиднеј и „Историски билтен“ (1959) од Мелбурн (4)

makedonski-glas-1

makedonski-glas-1
НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО АВСТРАЛИЈА

Развојниот пат на информативните гласила после Втората светска војна се совпаѓа со раз­вој­ниот пат на македонските доселеници на петтиот континент. Во основа тоа се совпаѓало со развојот на настаните во земјите на Балканот, а уште повеќе за­ви­се­ло од текот на настаните околу Македонија.

Затоа, медиумите на Македонците во Австралија се од посебен интерес и имаат повеќекратно значење. Нивната историја и развоен пат се бурни и многу интересни. Тие имале и имаат посебна важност и играле и играат огром­на улога во ин­­фор­мативната дејност на Македонците во новата средина. Таков е случајот со весникот „Македонски глас“ (1957-1959)  од Сиднеј.

Имено, по престанувањето на првиот мамедонски весник „Македонска искра” во јануари 1957 година, во февруари истата година, како двоброј за февруари и март во Сиднеј се појави „Македонски глас“. Весникот излегуваше како двоброј, макар што беше најавено дека ќе излегува еднаш месечно. Во првата година се издадени пет броја и тоа покрај вториот април-мај, третиот за јуни-јули, четвртиот за август-септември, петиот за октомври-ноември. Во втората година е отпечатен шестиот број за декември-јануари, а по подолга пауза во јуни 1958 година е отпечатен последниот седми број.

Според публикацијата „Македонскиот иселенички печат“ весникот „Македонски глас“  се печати на среден формат (28,5×44,5 см.) со латиница. Само главата на весникот, односно клишето, е со кирилица, на кое стои дека е ова единствен македонско-австралиски комерцијален и социјален весник. Најголемиот број текстови се на македонски јазик, со употреба, или со големи примеси на леринскиот и костурско-птреспанскиот народен говор, а има текстови и на англиски јазик, што е придонес од лингистички аспект.

Бројот 2 за април и мај 1957 година е отпечатен на четири страници. На првата страница во текстот под наслов „Отворено писмо до целата македонска емиграција“, покрај другото, се вели: „Од името на Македонско-австралискиот народен сојуз и од името на новиот весник „Македоиски глас“, ние Македонците во неговата управа преку неговите страници сакаме да ја поздравиме целата емиграција во Австралија со желба за добро здравје. На Шестата конференција во јануари е донесено решение да престане да излегува весникот „Македонска искра“, а да започне да се печати „Македонски глас“, како нов весник. Тој не е приватен весник, туку е на целата македонска емиграција и треба да се знае дека ние сите не сме само добри Македонци, туку и добри Австралијци”.

Исто така, на првата страница е поместен пригоден текст за народната архитектура проследен со фотографии од манастирот „Свети Наум Охридски” во Охрид, а е дадено и поздравното писмо до колективот на весникот „Македонски глас“ испратено од истакнатиот иселеник Стојан Србинов.

Втората страница е резервирана за активностите на македонските доселеници во Австралија. Покрај другите текстови, заслужуваат внимание информациите за одржаните пикници во Аделајд на 1 јануари 1957 година на кој се собрале 550 души, потоа во Мелбурн во месноста Калорама што е одржан на 31 декември 1956 година, а на кој се собрале над 500 луѓе. И третата и четвртата странида се исполнети со голем број информации од животот и активностите во македонските колонии, а има и бројни други вести.

Третиот број за јуни и јули 1957 година е со ист формат како и вториот, а има 6 страници. Целиот е посветен на 45-годишнината од Илинденското востание. Притоа, на првата страница е поместен текст под наслов: „Гоце Делчев-бесмртен водач на македонското национално револуционерно движење”, што е просдеден со фотографии од Гоце Делчев, Мирка Гинова и Јане Сандански. Во: продолжение се дадени текстови за Крушевската република, за Илинденското востание во народните песни, како и бројни информации од македонските колонии ширум Австралија, меѓу кои и текстот за велосипедистот од македонско потекло, Алек Лазич, кој постигнал видни резултати во австралискиот спорт.

Шестиот број е отпечатен како двоброј за декември 1957 и за јануари 1958 година, на 4 страници и на ист формат како претходните броеви. На насловната страница е објавено дека Седмата конференција на Македонскиот народен согјуз во Австралија ќе се одржи на 4, 5 и 6 април 1958 година во Сиднеј. Во продолжение се поместени и бројни честитки по повод Новата 1958 година, текстови од севкупното живеење во македонските колонии, а се објавени и изводи од книгата на македонскиот писател Владо Малески „Младоста на Фросина“.

Бројот 7 од јуни 1958 година е последен отпечатен број на весникот   „Македонски глас“. Тој е печатен на 4 страници, ист формат и ист квалитет на хартијата како предходните броеви. Во него е даден пригоден текст по повод завршувањето на 7-та конференција на МАНС со извештаи од повеќе членови, кои зборуваат за проблемите, значењето, перспективите, обврските и финансирањето на весникот, а е поместена и Резолуцијата. На Конференцијата е избрана и управа која имаше задача да го уредува весникот, чиј список е објавен во овој број. Тоа се: уредник Мик Веловски, секретар Џон Пизарков, благајник Коста Валами, редактор Горѓи Стојковски, а се одредени и осум дописници од разни градови ширум цела Австралија.

ХИСТОРИСКИ БИЛТЕН” (1959) — МЕЛБУРН

istoriski-bilten

Во почетните години на организираното живеење во далечна Австралија, одвреме-навреме се печатеа некои изданија по повод некој настан, за да се објави некое соопштение, или да се прокоментираат некои прашања. Едно од таквите македонски гласила во Мелбурн е таканаречениот „Хисториски билтен“ (1959).

За разлика од претходните билтени, тој има форма на весник 36×74 см. На главата на „Хисториски билтен“, кој ни’ беше на увид, од јули 1959 година и број 2 волум. 3, стои дека е специјално издание на Македонската православна општина „Свети Ѓорѓи“ за Мелбурн и Викторија, сето тоа на македонски со латиница. Потоа на левата страна е дадено соопштение за подготовките за Илинден, а десно е објавено дека по повод Илинден на Радиостаницата ЗАК, во сабота на 1 август, ќе има македонска радио програма од 10,30 до 11 часот на која ќе има македонска музика и кус говор. Билтенот е печатен со примеси од леринско-костурскиот говор, а има текстови и на англиски јазик.

На првата страница од „Хисториски билтен“ е поместена фотографија од Македонската православна црква „Св. Ѓорѓи“ од Мелбурн, со текст дека темелот за црквата е поставен и дека се бара материјална помош од сите Македонци без разлика од кој дел доаѓаат. Во продолжение е поместено официјалното соопштение за изградбата на црквата и тоа: на македонски латиница и кирилица исто и на англиски јазик, како и текстот по повод 56-годишнината од Илинденското воетание. На инглиски јазик, пак, се поместени текстовите под наслов „Македонската народна илинденска епопеја“ и „Меморандум и текстови на асоцијацијата на Македонската православна црква. “Свети Ѓорѓи“.

Инаку, во тој период црквата ,,Св. Ѓорѓи“ стана црковен и национален темелник што ги поттикна Македонците низ светот да се зближат, да постигнуваат подобри резултати и да се афиримираат себеси и македонската вистина во новата средина. Затоа со право се вели дека историјата на црквата ,,Св. Ѓорѓи“ е многу бурна, таа има големо значење и силно влијание врз организирањето и работењето на, речиси, сите црковни општини во Австралија и пошироко.

sv-gjorgji-melburn
Првата македонска црковна општина  „Свети Ѓорѓи“ во Мелбурн

Паралелно со заживувањето на црковниот живот, се преземени чекори и за развивање на културно-просветни, спортски и други активности, бидејќи таа уште со самото формирање беше замислена како црковно-просветна институција на македонците доселеници, особена таа беше центар за печатење на голем број македонски иселенички информативни гласила во демократска Австралија.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top