Дијаспора

Разговор со Јаворка Котевска: Уживам да бидам на сцена

javorka-kotevska

javorka-kotevska

Деновиве поведовме разговор со Јаворка Котевска која во комедијата „Баба се мажи“ ја игра главната улога на Јана. Инаку Јаворка веќе неколку години глуми во  Австралиско македонскиот театар и има одиграно повеќе улоги но за последната престава и се доверува главната улога.

Што значи за вас Јана која ја толкувате во „Баба се мажи“?

Бабата Јана е од постарата генерација на Македонки која подолго време живее во Австралија. Тaа примила доста позитивни и негативни навики од овдешната култура, не седи дома да размислува за староста што носи со себе туку ужива во животот што и се нуди од Австралија: излегува по клубови, знае да се поднапие и да социјализира на фејсбук, а што е најважно знае да сонува за младоста за еден животен момент кој досега не го изживеела. И кажете, што има  злосторство во тоа што се сака и сонува?

Јана е предизвик за мене и верувам дека долго време луѓето ќе се сеќаваат на овој лик што го толкувам, бидејќи сите во себе имаме и носиме по една Јана. Уживам во толкувањето на овој лик кој е полн со хумор и живост, полн со желба за живот за кој можеби сите сонуваме но се плашиме да го посакаме и најдеме.

Во која престава дебитиравте, какви беа вашите почетоци?

Јас потекнувам од музичка фамилија и во нашата куќа само се пееше и свиреше. Мојот дедо Митре и татко ми Александар свиреа на гајда. Мојата мајка Уранија многу убаво пееше. Секогаш во нашата куќа беше весело и постојано имавме музичари во нашиот дом. Мојот брат Драган Котевски е еден од најдобрите армоникаши во Австралија. Јас долги години, до формирањето на моето семејство, тропав на џез и секаде го придружував. За мене сцената не преставуваше проблем, сакав и уживав да бидам на сцена, да се дружам и социјализирам, и еднаш кога ми беше понудено да глумам во музичката комедија „Срати и весели“ одма прифатив, знаев дека во тоа ќе уживам.

Кои улоги досега сте ги играле и во кои драми?

Во „Стари и весели“ играв две различни улоги на Трајанка и Софија. Секако тука ја употребив и мојата музичка вештина – пеев и тропав на тарабука. Во „Раскол“ ја имав улогата на Цвета, интересна и полна со енергија баба. Во „Борење со мечка“ исто така глумев баба – Велика, но тука ова беше клучен лик кој го даде главниот расплет на самото дејствие. Во „Доктор Жими Мајка„ го играв ликот на сенилната баба Петкана која беше многу сакана од публиката. За оваа улога ја добив наградата Александар Македонски за најдобра женска улога за 2015 година.

Од досега играните улоги, која најповеќе ви даде предизвик и задоволоство?

Мислам дека ликот на Петкана ми даде голем предизвик и увидов дека можам да бидам добар раскажувач на приказни, а луѓето да слушаат она што сакам да го кажам. Тој лик исто така ме соочи со вистината на староста што може да носи со себе. И секако сега главниот јунак – Јана, ми дава не само предизвик туку и големо задоволство бидејќи Јана е полна со итроштина која „нема влакно на јазикот“ и се надевам дека публиката ќе биде задоволна од она што ќе го слушне и види.

Кои се вашите сонови после Јана и „Баба се мажи“?

Минатата година имав мала улога во краткометражниот филм „Дедо“ на Тони Радевски па се надевам дека пак ќе ми биде дадена можност да глумам во некој фил. Би сакала еден ден да глумам заедно со Стефо Нанцу кој мошне го ценам. Секако сакам и понатаму да глумам во други престави што се планираат во Македонскиот театар. Глумењето стана мој хоби и уживам тоа да го правам.

Душан Ристевски

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top