Дијаспора

Весниците „Во одбрана на македонскиот јазик“, и „Народен глас“- чувари на македонската вистина (5)

vo-odbrana-na-makedonskiot-jazik-1

vo-odbrana-na-makedonskiot-jazik-1
НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО АВСТРАЛИЈА

Во врска со употребата на македонскиот јазик во Беломорска Македонија, во публикацијата „Македонскиот иселенички печат“ е пренесена специјалната публикација „Во одбрана на македонскиот јазик“ (1960) на Комитетот за протест против забраната на славомакедонскиот јазик во Северна Грција. Публикацијата се појави во март 1960 година, во пет илјади примероци, на 4 страници, на формат 29,5×41 см. Отпечатена е на македонски јазик со латиница, а има текст на англиски и на грчки јазик. Бројот на публикацијата обилува со материјали во врска со забраната на македонскиот јазик во Елада (Грција). Во одбрана на својот мајчин јазик, македонските доселеници од Беломорска Македонија одржаа протесна конференција во Аделајд, на 2 и 3 јануари 1960 година, од каде произлезе и една Резолуција која е испратена на многу адреси.

Исто така, во овој број е поместен текст на грчки јазик, превземен од атинскиот весник „Сфера“ од 1 септември 1959 година, во кој се опишува церемонцјата  за „заколнувањето“ на македонските селани од селото Крпешина, Леринско, притоа демек имало и претставници од наводно сто села од Леринско, во присуство на воени и цивилни власти, како и претставници од општествените и националните организации на Северна Грција, Македонците се „заколнале“ да не го употребуваат мајчиниот јазик.

Во бројот е поместен интегралниот текст на „заклетвата“ што селаните морале да ја изговорат. Тоа е невидена неправда. Зарем е можно човек да се откаже од мајчиниот јазик и да го прифати јазикот на омразата?

Исто така, во продолжение на овој број се поместени Резолуцијата и други информации и сооштенија, со кои се упатуваат македонските доселеници во Австралија да протестираат пред сите грчки конзуларни претставништва во Австралија, потоа текст за протесната конференција и текст за одбрана на мајчиниот јазик.

vo-odbrana-na-makedonskiot-jazik-2

Во сите овие населени места се зборува мајчиниот македонски јазик кој, за жал, им се забранува на македонското население.

„НАРОДЕД ГЛАС“ (1962—1963) — МЕЛБУРН

vo-odbrana-na-makedonskiot-jazik-3

Во публикацијата „Македонскиот иселенички печат“ посебен простор е посветен на весникот „Народен глас“ (1962-1963). Првиот број на ова гласило излезе во декември 1962 година. Како издавач е наведен Алек Раковитис, познат како активист на МАНС во Мелбурн, меѓутоа иницијативата ја поведува и работата фактички ја води Стојан Србинов, порано уредник на „Македонска искра“. Се печати со латиница, освен насловот кој е со кирилица. „Народен глас“ се претставува (во поднасловот на англиски и на македонски јазик) како „единствен словенонмакедоиски социјален и трговски весник во Австралија“, кој излегува еднаш месечно, со годишна претплата од една фунта, а за еден број по еден шилинг.

Вториот број е отпечатен на 2 февруари 1963 година, на четири страници, на формат 32×49 см. Речиси половина од просторот е посветен на катастрофалните поплави во Македонија во ноември 1962 година, иформации за штетите и за кампањата за собирање помош од иселениците во Мелбурн. И на англиски јазик е даден текст во кој се нагласува дека на македонскиот народ му е потребна помош и се апелира на солидарност кон настраданите. Во продолжение се дадени бројни материјали од активноста во македонските колонии ширум Австралија, со поддршка на гласилото „Народен глас“, како и информации, куси вести и реклами. Весникот е отпечатен на македонски јазик со латиница, но има текстови чии наслови се на англиски, а и текстови на македонски јазик.

Бројот четири од 13 април 1963 година, е отпечатен на македонски јазик со кирилица, (притоа е употребувана руската азбука) на помал формат (28 х 41 см.) на четири страници. Во олширната воведна статија, покрај другото, ое вели: „За првпат во историјата на македонската емиградија во Австралија се печати весник на кирилида, кое е основно писмо на нашиот книжевен јазик. Првите три броеви од овој весник се отпечатени со латиница, како и весниците „Македонска искра“, „Македонски глас“ и духовниот Билтен. Нашиот весник издаден на кирилица ќе биде многу полесно разбирлив и многу подобро ќе звучат нашите зборови пренесени преку него. ..“ „Народен глас“ е весник на Македонците во Австралија. Тој е национално-     прогресивен гласник и се бори за згрижување на правата и вистината за слобода и траен мир на Македонците насекаде по светот.

Овој број е посветен на Гоце Делчев и Јане Сандански, а во продолжение се дадени материјали и информации за Велигден, за св. Кирил и Методиј, за Први мај, за животот на Македонците, некролози и куси информации. Истој така е поместена една патриотска песна од Паскал Паскалевски, потоа преземен е и текст од весникот „Борец“ од Прага кој се печатеше на македонски јазик, а се однесува на животот на една Македонка од село Шестево, Костурско.

Бројот пет од август 1963 година е последно издание на „Народен глас“. Тој е печатен на македонски јазик со кирилица, на ист формат како и претходниот број, а на десет страници. Посветен е на 60-годигшнината на Илинденското востание, притоа се поместени неколку пригодни текстови, покрај кои, за Крушевската република, Смилевскиот конгрес и бројни фотографии на борци од илинденскиот период, од Втората светска војна и од Граѓанската војна во Грција.

Посебно место е посветено на информациите за катастрофалниот земјотрес во Скопје и за активностите што се преземени за помош на настраданите. Се чини дека весникот бил пред затворање и се дадени само телеграфските информации за земјотресот во Скопје.

Исто така во овој број е поместено писмото од Аделајд кое се однесува на грчката пропаганда кон македонските доселеници на тие простори. Потоа се поместени информации и куси вести за активностите по повод Илинден, како и други текстови кои се однесуваат на активностите на балканските земји, а се презентирани и бројни поетски остварувања на познати поети од етничка Македонија.

„ЕДИНСТВО” (1965) — СИДНЕЈ

ЕДИНСТВО           

По згаснувањето на „Македонски глас“ во 1958 година во информативната дејност кај Македонците во Австралија настана голема празнина. Во тој период се отвори простор на бугарската пропагандна машинерија, која успеа една група поранешни активисти на Македонско-австралискиот народен сојуз (МАНС) да ја натера, да издава весник. Весникот е наречен „Единство“ (1965), чиј прв број излезе во септември 1965 годцна во Сиднеј, деклариран како општествен и економски весник. Главен и одговорен уредник е Васил Бошков, поранешен активист и некое време секретар на МАНС. За жал, неговата цел е преку весникот „Единство“ да ги стави под општ именител и Македонците и Бугарите, што наиде на силен отпор кај чесните Македонци кои осознаени преку МАНС можеа да разликуваат што е „братство, а што „побратимство“.

Првиот број на „Единство“ е отпечатен во Сиднеј во септември 1965 година на среден формат 31×43 см. на бугарско-македонски јазик со латиница, само насловот (клишето) е со кирилица. Во воведникот што е поместен на првата страница, меѓу декларативните изрази како „нашата емиграција“ од Македонија и Бугарија, „стариот роден крај“ и други, се вели: весникот „Единство“ ќе пишува за животот на нашите луѓе во Австралија, ќе се занимава со проблемите што ги интересираат, ќе помага за братските врски и дружење помеѓу нив. Во овој број се дадени материјали за Бугарија, како и поздравното писмо од Славјанскијот комитет во Софија.

Вториот број се појави во октомври 1965 година, во кој е објавена статија за Илинденското востание со некои стари „видувања“ и „вистини“. Исто така, поместен е текстот под наслов „11 Октомври — Денот на оруженото востание” во кој покрај друтото, се наведува дека 11 Октомври е симбол на вековните стремежи на македонскиот народ за слобода и е национален празник како во стариот крај, така и на Македонците во Австралија и во светот.

Третиот број од ноември 1965 година ја менува главата само по големина. Клишето на главата на весникот е помало и е со кирилица, а другите текстови се со латиница. На првата страница е поместен кус вовед во кој се вели дека весникот добива голем број писма покажувајќи жив интерес како нова културна просветна трибина. Потоа е поместен текстот за одржувањето на годишното собрание на организацијата „Весела Македонија” од Сиднеј и текстот по повод изборите на црковното раководство во Македонската православна црква „Св. Горѓи“ во Мелбурн.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top