Дијаспора

Дедо Мраз, пак пристигна кај нас!

dedo-mraz-2

dedo-mraz-2

Со санка голема
и кенгури во прег,
ни пристигна тој,
иако нема снег…
Ѕвончиња, ѕвончиња
ѕвонат по цел пат,
еве го и Дедо Мраз
доаѓа кај нас …

Во Сиднеј, се одржа традиционалниот годишен концерт за децата кои го изучуваат македонскиот јазик во училиштата во Нов Јужен Велс. Пред полна сала посетители, учениците пееја,играа и покажаа дел од знаењето што го научија на часовите по македонски јазик во текот на годината.

Масовно посетениот настан и оваа година го организираше Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ, а на него настапија училиштата во кои се изучува македонскиот јазик. Присутните ги поздрави Г-от Алекс Де Принцио, преставник на Федерацијата и на Министерството за образование. Г-от Де Принцио истакна дека овој и сите настани што ги организира МПУО се само дел од работата на неговите членови. „Уште повеќе работа и подготовки, истражувања, предавања, лобирања за јазикот, размена на искусва и многу други невидливи работи вршат учителките . Затоа наставата по македонски јазик во НЈВ и МПУО  е пример како треба да се организираат училиштата“, истакна Г-от Алекс Де Принцио.

dedo-mraz-1

Гостин – мотивациски спикер на концертот беше младата професорка Мелиса Митревска.  Мелиса  македонскиот јазик го изучуваше во Основното училиште во Карлтон, во редовната настава. Таа денеска е  професорка по англиски јазик и историја. Едно патување во Македонија и го измени животот. Бидејќи веќе го зборуваше македонскиот јазик, а животот во Македонија многу и се допадна, Мелиса одлучи да остане таму и таму да работи. Во Скопје се вработи, најпрво, како професорка во гимназијата „НОВА“, а потоа беше и директорка на училиштето. Мелиса остана во Македонија десетина години. Зборувајќи за значењето  да се  изучувањето на македонскиот јазик, таа истакна дека тоа е многу важно за когнитивниот развој на децата. Изучувањето на јазикот ги прави децата паметни, прилагодливи и им овозможува широк спектар на академски вредности. „Едноставно, децата, за нивно добро треба да се носат на часовите по македонски јазик“, истакна Мелиса.

На ученичката Илина Трифуновска ѝ беше врачена Наградата за одличен успех во изучувањето на македонскиот јазик, од Министерот за образование на НЈВ. Оваа година на Конкурсот на СБС- Австралија за промоција на јазикот Признаници добија  учениците: Ангелина Танаскоска, Давид Беговски, Софиа Бони, Давид Балтовски и Клаудија Огњановска.

dedo-mraz-3

На концертот беа врачени и наградите за рецитирање на најдобрите рецитатори во 2016 година, како и пехарите за најбројните учесници од училиштата во НЈВ.

 Се разбира и Дедо Мраз беше воодушевен од сите дечиња и од нивната умешност да зборуваат и пејат на македонски јазик и затоа им подели на сите деца подароци. Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ, на сите Македонци им ја честита Новата 2017 година и Божиќните празници и им посакува многу љубов, радост, здравје и лична среќа.

Ве очекуваме да ги донесете вашите внуци и деца следната година на настава по македонски јазик.

Жаклина Михајлова-Учителката

Фотографии: Бил Ефтимоски

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top