Дијаспора

Списанието „Повод“ – едно од најзначајните македонски гласила во Австралија (14)

aus14

aus14

НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО АВСТРАЛИЈА

Едно од позначајните македонски гласила не само во Австралија туку и во светот кое излегуваше подолго време е списанието „Повод“ од Сиднеј. Тоа е прво македонско списание за литература и култура на овој континент и единствено од ваков вид меѓу иселеништвото. Излегуваше како орган на Македонското литературно друштво „Грипор Прличев“ од Сиднеј, кое е формирано на 31 март 1978 година во Сиднеј. Датум што е запишан со златни букви за литературните, театарските и други активности на Македонците во Сиднеј и пошироко.

Во него членуваат Македонци ентузијасти, вљубеници во македоискиот јазик и литературата, кои во слободно време се занимаваат со пишување лични творби. Списанието како плод на Друштвото го уредува Редакциски одбор составен од Македонци по потекло претежно од Охридско-струшкиот и Битолско- преспанскиот регион.

Целта и задачите на списанието „Повод“ е да ги обедини Македонците кои се занимаваат со пишување лични творби собрани околу Литературнто друштво „Григор Прличев“. Тоа првите три години излегуваше на три месеци, а од јануари 1981 година па потоа  излегуваше различно како двомесечник или тримесечник. Се печатеше на македонски литературен јазик оо кирилица, но има и статии на англиски јазик, особено оние што се однесуваат на македонскиот јазик, литературата историјата, културата и други области од животот и активностите на Македонците на петтиот континент.

Првиот број на списанието „Поивод“ излезе на 15 јуни 1978 година на четири страници со формат 30 х 21 см, додека наредните пет броеви со истата форма имаат зголемен број страници чиј број се движи од 12 до 18. Од шестиот број списанието ја менува и формата и квалитетот на хартијата и излегува на 23 страници, на мал формат 22 х 16 ом, а неколку броеви се печатени од 28, до 40 страници. Во периодот од скоро 15 години се отпечатени шеесетина броеви.

Во уводиата статија на првиот број, а слични статии се објавени и во наредните броеви, покрај другото, се вели: „Списанието „Повод“, покрај презентирањето на литературните и просветните достигнувања во Републиката, ќе објавува лични творби од областа на поезијата, прозата и журналистиката на членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличе!в“, а по пат на конкурси на членови и други лица кои се занимаваат со пишување лични творби и кои живеат во Австралија. Со формирањето на друштвото „Григор Прличев“ се појави р’кулецот којшто се разграни наоколу и ги привлече заинтересираните за македонскиот јазик и литература“.

Содржината на списанието „Повод“ е разновидна. Така, секој број е посветен на по еден македонски литературен деец; Потоа се застапени рубриките: „Дела на наши членови“, „Од македонското народно наследство“, „За македонскиот јазик и литература“. „Страница од историјата“, „Јазично катче“ и „Детско катче“. Исто така, се поместени и голем број рекламно-пропагандни материјали од наши претставништва во Австралија и од македонски иселеници сопственици на разни бизниси во Сиднеј и околината.

ПОВОД” (1978  )  СИДНЕЈ

povod-vesnik

Секоја година во описанието „Повод“ се објавува конкурс, преку кој се избираат најдобрите литературни творби во годината, со учество на автори кои анонимно и шифрирано ги доставуваат своите лични остварувања од областа на поезијата, прозата и детската литература. Вообичаено, на конкурсите нристигнуваат голем број литературни творби, од кои, поеебна комисија составена од членови на Друштвота и видни ошштественици од македонско потекло, избира три или четири поетски, прозни и детски литературни оетварувања. Наградените литературни творби се објавуваат во наредните броеви на списанието.

Така, покрај другото, во почетните години се отпечатени: Зборникот „Видици“ кој содржи бројни дела од членовите на Друштовото, потоа публикациите „Полутици“ од Душан Ристевски, „Површински корења“ и „Око вано море“ од Иван Трпоски, „Чувар на детски спомени“ од Бранко Наумовски, „Збогување“ од Горјан Маслинкоски, „Лирско ехо“ од Лилјана Тошеска и „Фрагменти на една историја“ од Џим Томев. Овие литературни остварувања се од големо значење за јазичните и литературните процеси меѓу Македонците во светот и можност за афирмирање на културното наследство на македонските доселеници во Австралија. Тие се основа за идните литературни остварувања на Друштвото.

Инаку, во првата година од печатењето на списанието „Повод“, (1978 година) излегоја три броја и тоа прјвиот во јуни, вториот во август и третиот во октомври. Од третиот број, се зголемува бројот на страниците и се подобрува квалитетот на списанието. Овие броеви ги уредува Редакциски одбор во состав: Цане Долевски, Лилјзана Тошеска и Душан Ристевски, како главен и одговорен уредник, додека иселеникот Миле Петровски е технички уредник.

gligor-prlicev

Во 1979 година се отпечатени исто така три броја, но како тромесечници, сите на 20 страници, на формат 21 х 30 см., додека четвртиот број, бројот 7 е отпечатен на 24 страници и на помал формат (16 х 21 см.). Оваа форма списанието ја задржува се до бројот 50 во 1986 година. Во овој а и во другите броеви во наредниот период се застапени рубриките: „Од број до број“, „Наши писатели“, „Дела нд наши писатели“, „Од македонското народно творештво“, „Конкурс“, „Јазично катче“, „Осврти“, „Забавно катче“, „Резултати од конкурсите“ и други.

Во 1980 и 1981 година се отпечатени по четири броја: од бројот 8 до бројот 11 и од 12 до 16, како тримесечници чиј број на страници сс движи од 26 до 32. За сите овие броеви, а и во наредните во кои се застапени рубриките од претходните години, одговорен уредник е познстиот о признат Македонец во Сиднел, Душан Ристевски, а му помагаат членови на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“.

Во периодот од 1982 до 1986 година, во секоја година се отпечатени по седум броја и тоа од бројот 17 до 49. Сите броеви се печатени на мал формат 16 х 21 см. на по 40 страници, на кои покрај споменатите рубрики, се поместени бројни рекламно-пропагандни материјали и информации од активностите и од другите македонски заедници ширум Австралија. Во исто време, во текот на овие пет години се објавени најголем број лични творби на членовите на Друштвото „Григор  Прличев“, како и други активности и постигнати резултати меѓу Македонците на петтиот континент.

Бројот 50 во септемоври 1986 годизна е последииот во тој период, а потоа настапува пауза од три години, до јануари 1990 година кога се појави бројот 51. Педесет и првиот број е печатен на 24 страници, со корици од потврд материјал, на формат 21 х 27 см, чиј одговорен и технички уредиик е Душан Ристевски. Во воведникот на овој број, покрај другото, се вели: „Еве не повторно по три години со нов број и нов изглед на             списанието… Да напоменеме само некои од активностите што беа дел од нашата работа: организирањето на Деновите на македонската култура во 1986 и 1988 годана; организираозме протесни собири против грчкиот и српскиот шовинизам; издадени се 6 книги со поетски остварувања од членови итн“.

Во март 1990 година, во дванаесеттата година на печатењето се појави бројот 52, кој е печатен на формат 21 х 30 см. Тој обилува со лични творби на членовите на Друштвото, за литературното творештво на поетот Блаже Конески, за Методија Андонов-Ченто и други материјали кои се значаен придонес во афирмирањето на македонскиот народ, македонската вистина и етничка Македонија.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top