Дијаспора

Весникот „Изгрев“ – едно од најтиражните гласила во Австралија (17)

aus17

aus17

НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО АВСТРАЛИЈА

Во почетокот гласилото „Изгрев“ се појави на мал формат (16,5 х 21 см), за подоцна да продолжи во форма на весник (29×41 см.) на 20 страници, содржински добро подготвен и технички уреден. Често ги менуваше симболите на главата, која е на македонски и на англиски јазик, при што се употребуваа сонцето со 16 краци, етничката карта на Македонија, а речиси кај сите броеви е присутен симболот црвено сонце што изгрева. Исто така на клишето на главата стои дека тоа е списание на англиски и на македонски јазик.

Тоа се печатеше на македонски јазик со кирилица и со латиница, а тиражот му се движи од илјада до неколку илјади. Имено, во бројот четири е дадено дека претходниот број е продаден во 1.091 примерок, а во бројот 7 е презентиран нодатокот дека тој број е отпечатен во 7.500 примероци и дека тие броеви се дистрибуирани шнрум Автсралија и на други места. Главен и одговорен уредник е Стојан Боризов Марковски, кој во исто време беше и претседател на Македонската етничка заедница за Викторија, а нему му помагаа поголема група македонски доселеници од Мелбурн.

„ИЗГРЕВ“  (SUNRISE“) (1983—1987) — МЕЛБУРН

izgrev17

Во воведот од бројот 4, покрај другото, се вели: „Ова, слободно и независно списание ќе биде прво и единствено од ваков вид во Австралија. Тоа ќе биде достапно за сите Македонци и нема да се плаши да ја каже вистината. Сите објавени реклами на друштва, организации и поединци се бесплатни, но за сите протестни писма и персонални полемики се плаќаат 50 долари за една страна.

Ова списание е слободон македонски гласник и не припаѓа ни на една организација. „Изгр“ работи без профит, а и уредниците работат на доброволна база, затоа секој Македонец може да се вклучи во Редакцијата без парични оредства. Доброволните прилози и цената од 60 центи се основните спедства за списанието да излегува квалитетно и да се продава“.

Во, 1984 година излезе двобројот 9 за јануари-февруари, кој е сличен на претходните броеви и по форма и по содржина. Покрај другото, тука е помеетен текстот за КУД „Дамјан Груев“, за античките Македонци, голем број писма и други информации и реклами.

Во август 1984 година гласилото „Изгрев“ се појави во вид на весник, на 16 страници, на формат 29×41 см., што ќе продојлжи и во наредните години да ја следи истата форма, но не и број на страници. Главата на весникот е слична на тие од претходната година, а цената на весникот е 80 центи. Весникот ги содржи рубриките: „Слободна страница“, „Прашања и одговори“, „Поезија“, „Од сите страни“, „Од заедницата во Мелбурн и пошироко“ и „Спорт“.

Весникот „Изгрев“ обилува со текстови од животот на Македонците на тие простори, меѓу кои, е поместена информација за донаторот Георги Димитриос. кој подарил 20,000 долари на весникот „Изгрев“, а тоа го направил за љубов кон својата родна земја Македонија, потоа бројни лични творби на македонски доселеници кои се занимаваат со пишување поезија.

izgrev17-2

Во јули 1985 година се појави бројот 22. Тој е отпечатен на 20 страници со кирилица и содржи текстови од севкупното живеење на македонските доселеници. Во четвртата година на печатењето, пак, на весникот „Изгрев“, во февруари 1987 година се појави бројот 26, кој е исполнет со информации за гостувањето на ФК Вардар од Скопје во Австралија. Се чини ова е последен број на весникот.

Списанието „Корзо”, пак, се дрјави 1984 година, а финансиски и морално е поткрепено од Македонското родителско друштво при гимназијата во Фуцкрај и Македонското наставничко друштво на Викторија.

Тоа е печатено на македонски јазик со кирилица, на 44 страѕници на формат 17,5 х 25 см. Собирач на текстовите е Лилјана Тасевска, а соработници се: Благуна Маркоеки, Снежана Шеровска, Елизабета Хаџи-Кирова и Стефо Стојанојвски. Во предговорот, покрај другото се вели: „Македонскиот јазик се предава во Гимназијата Фуцкрај од 1981 година. Во 1984 година јазикот и културата ги изучуваат ученици на возраст од 7 до 12 години.

КОРЗО“ (1984) — МЕЛБУРН

izgrev17-3

Овој успех е постигнат со вложениот труд на повеќемина соработници, а списанието е посветено токму на нив. Во 1984 година решивме да издаваме списание, кое се надеваме ќе стане традиционална појава, и ќе се печати ако не двапати барем еднаш годишно. Соработниците се членови на учителската заедница, родители, ученици, студенти и наставници.

Списанието е поделено на три дела: „Спомени од Македонија“, „Кај нас во Фуцкрај“ и„Песни, приказни и мислења“. Во првиот дел од текстови и фотографии за Битолското корзо, за животот на село, за животот и детството во Македонија и друго. Во вториот дел се презентирани текстови за изучувањето на македонскиот јазик во Фуцкрај, за секцијата за глума и за животот во тој дел на Мелбурн. Третиот дел, пак, содржи претежно лични творби на ученици од гимназијата, од кои неколку се поместени во оригинал во ракопис, што зборува за љубовта и односот на учениците кон македонскиот јазик. Се чини дека овој е единствен број на ова списание.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top