Дијаспора

Романија – пријателската земја на Македонија и на Македонската православна црква

romanija1

romanija1

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – РОМАНИЈА (1)

Романија е земја во југоисточна Европа, а се граничи со Украина и Молдавија на североисток, со  Унгарија и Србија на запад и со Бугарија на југ (по должината на реката Дунав), додека на исток има мал излез на Црното Море. Источните и јужните  Карпати  минуваат низ централниот дел на земјата, чиј главен град е Букурешт. Таа е членка на НАТО од 2004 година. На 25 април 2005 година, пак, Романија го потпиша договорот за членство во Европската унија, а нејзин полноправен член е од 1 јануари 2007 година, заедно со Бугарија.

Со својата површина Романија е најголема држава во Југоисточна Европа и дванаесетта по големина во Европа. Голем дел од романската земја граничи со  Србија и Бугарија, односно со реката Дунав, а реката  Прут ги дели Романија и Молдавија. Во Романија се влива реката Дунав која ја прави втората најголема и најдобро зачувана делта во Европа.

Името Романија доаѓа од романскиот збор – роман (român) кој, пак, потекнува од латинскиот назив Romanus. Во XVI век  повеќе автори нагласиле дека населението се нарекувало како „романи“. Првиот документ напишан на романски јазик било писмото неакшу каде за првпат во пишана форма бил употребен зборот „романски“.         

Според пишаните историски информации територијата на денешна Романија низ раната историја повеќе пати била населувана од најразлични племиња како Даките, Гетите и голем број други индоевропски племиња. Во 106 година Дакија била заземена од страна на римскиот император Трајан, за што,  според романските историчари, романскиот етнос настанал со мешањето на Даките и римските колонисти по долината на реката Дунав.

romanija1-2
Букурешт

Во XIV век било создадено кнежеството Молдавија кое станало центар на романската држава  Влашка. Стратешката положба на кнежевствата Молдавија и Влашка во долниот тек на реката Дунав и на планинскиот превез на Карпатите овозможувале големи предности во текот на владеењето на Османлиската Империја. Бидејќи се наоѓале на север од Балканот, Влашка дури на  почетокот од XV век, а Молдавија на крајот од XV век  станале должни да плаќаат даноци на Османлиската Империја, а веќе на почетокот на XVI век биле и анектирани. До средината на XIX век, официјален јазик во Влашка било кирилското писмо, додека во 1861 година била воведена латиницата.

Интересно е да се нагласи дека по паѓањето на  Берлинскиот ѕид во 1989 година, во Букурешт избувнале демонстрации за поголеми права и слободи на романскиот народ. Диктаторот Чаушеску, заедно со неговата сопруга Елена биле фатени во бегство и заробени на 25 декември 1989 година. Набргу потоа биле стрелани.

Инаку, во Романија има 20 етнички малцинства, на кои им се загарантирани сите права според меѓународните конвенции. Меѓу другото, на секое од нив Уставот им гарантира по едно пратеничко место во романскиот парламент. Меѓу признатите малцинства во Романија се и Македонците. Романија отсекогаш имала мегаломански ставови спрема ароманското (влашкото) население на Балканот, а тие ставови останале непроменети до денес. Имено, иако Романија ги „признава“ Ароманците исклучително како Романци, од друга страна, пак, не им ги признава нивните основни права.

Официјален јазик во Романија е романскиот јазик, кој го зборуваат околу 91% од населението. Покрај романскиот, поголеми малцински јазици се унгарскиот и  ромскиот јазик. Таа е секуларна држава и нема национална религија. Најголема религиска организација е Романската православна црква во која членуваат над осумдесет проценти од романското население. Покрај православието, други позначајни религии се католицизмот со околу пет посто и протестантството со околу четири посто верници. Во Романија живее и малобројно турско население кое е дел од исламската религија.

romanija1-3
Црквата „Свети Никола“

Инаку, Романија е доста богата земја, особено со нафта, со што по Русија таа го зазема второто мес­то во Европа. Црното злато особено го има во око­­лината на градот Плоешти, во кој видовме бројни ма­­шини за вадење на нафтата од плодното поле на кое му нема крај. Меѓутоа, об­ра­бот­­ливите површини во Влашко тогаш беа во оп­штествена сопственост и припаѓаа на едно минато пов­р­зано со колективниот систем на обработка на зем­јиштето. Се очекува во иднина производството да се зголеми и таа да биде житница за Европската унија, во која таа е членка.

Романија ја посетивме заедно со министерот Владо Наумовски, како гости на Министерството за религија и соработката на Комисијата за односи со верските заедници, со учество на симпозиум за религијата. Таму бевме во едно ново, поинакво вре­ме, во нови услови, но во различни околности кога се измешало старото со новото, комунистичкото со капиталистичкото… Во Романија, односно во Бу­ку­решт престојувавме неколку дена, кога нашето па­ту­вање се совпадна со посетата на една делегација на Вла­дата на Република Ма­кедо­ни­ја на оваа земја. Пристигнувањето на ае­ро­дромот „Венеаса“ во Букурешт, буди спомени за долгите патешествија на македон­ските печалбари при доа­ѓа­њето во оваа, за нас блиска, а за нив далечна, земја по разни траси и патишта.

По сместувањето во вилата во која сопругата на бившиот романски претседател Елена Чаушеску по­минала голем дел од својот живот и во која е сè го­лемо: од дневниот простор до спалните соби, бевме запознати дека се наоѓаме во квартот во непосредна бли­зина на плоштадот „Авијаторилор“ и паркот „Жерастру“ во кој долги години живеел кремот на пора­нешниот систем. Зградата е сместена во еден парк во кој со години се одгледувале разновидни цве­ќиња и растенија. Вилата беше оградена со високи ѕидини и кога човек е во дворот на пре­крас­ното здание тешко е да каже дали се наоѓа на исток или на запад. Внатрешниот дел, особено приемните прос­тории на вилата, беа исполнети со голем број умет­нички дела, резби, скапи килими и класичен ме­бел, голем дел од нив донесени од странство.

Продолжува

slave-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top