Дијаспора

Билтен на Организацијата за македонски човечки права во Западна Австралија (24)

karta-na-makedonija

karta-na-makedonija

НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО АВСТРАЛИЈА

Списаниео „Македонскиот патриотски билтен“ е прво информативно гласило од ваков вид што се печати во АвстралиЈа, а и воопшто меѓу иселеништвото во кое се презентирани голем број текстови што се однесуваат на човечките права на Македонците. Билтенот е орган на Оргаиизацијата за македонските човечки права во Западна Австралија. Печатен е во вид на списание на 24 страници на формат 21 х 29 см. на македонски и на англиски јазик, со кирилица и латиница.

Билтено се појави во јули 1989 година, а го уреди Редакциски одбор во кој беа Борис и Јоте Ќандовски, Крсто Шкордов, Миле Милевеки, Јанко Томов и Васил Лекушев, а     дописници: Јане Караџа, Пандо Косев, Михаил Шариновски, Величко Терзиоски-Пиринчо и Крис Ангелков. Клишето на главата е на македонски и на англиски јазик, на кое е поместен ликот на Гоце Делчев и етничката карта на Македонија.

Во предговорот на македонски и на англиски јазик на „Македонски патриотски билтен“, покрај другото, се вели: „Поради тоа што радиото, телевизијата и печатот се најмодерно информативно и пропагандно оружје, Организацијата за македонски човечки права од Перт, на еден од состаноците донесе одлука да го издава билтенот. Тој ќе содржи, покрај другото; информации, констатации, факти; постигнувања, и планирани чекори во борбата за добивање на човечките права; ќе биде збогатен со лични творби кои имаат патриотска содржина, ќе биде бесплатен, ќе се печати во поголем број примероци и ќе се дистрибуира ширум светот, завршувајќи со единствениот поздрав „Македонија на Македонците”.

makedonski-patriotski-bilten
„МАКЕДОНСКИ ПАТРИОТСКИ БИЛТЕН“
(„MACEDONIAN  PATRIOTIC BULETIN “)
(1989)  – ПЕРТ

На првата страница е поместана етничката карта на Македонија во средината, со ликот на Гоце Делчев а под тоа паролата „Јас го разбирам светот единствено како поле за културно натпреварување на народите“. Во продолжение е известувањето од Организацијата за македонските човечки права во Западна Австралија, во кое се вели дека на 23 јануари 1989 година во Перт е формиран Информативан одбојр, чие   ракоовод ство го сочинуваат: претседател Јане Караџа, потпретседател Тоде Гаштевски, секретар Јоте Кандовски, заменик секретар Пандо Косев и благајник Ванчо Филевичин, а во организацијата стапија други 21 член. За формирањето на оваа Организација за македонски човечки права се испратени информации насекаде во Австрадија, Канада, стариот крај – етничка Македонија  и во Солун.

Во продолжение на првиот број од „Македонски патриотски билтени на англиски јазик е даден текст што се однесува на улогата на Комитетот за македонски човечки праава од Перт, Западна Австралија, Извештајот на Делегацијата за човечки права на Македонците од Стразбур и Женева од 5 јуни 1989 година и од весникот „Австралиско-македонски неделник“ е пренесен текстот под наслов „Македонците создаваат историја во Европа“, а кој се однесува за учеството на делегацијата за човечки права на Македонците од Солун.

„ЛЕТОПИС ЗА СЕЛОТО ДРАГОШ” (1989) — ЏИЛОНГ

Билтенот е печатен на мал формат 14 х 20 см. на 16 страници не вклучувајќи ги кориците. На насловната страница е фотографијата од селото, а на задната иконата „Св. Илија“, селската слава. Издавач на брошурката е Селското друштво „Драгош“ во Викторија, а материјалот за печат го подготвил протојереј Чедомир Илиевски, тогашен парохиски свештеник на МПЦ „Св. Илија“ од Џилонг.

На почетокот од брошурката се дадени податоци за селото, во кои, покрај другото се вели: „Драгош се наоѓа на околу 16 километри јужно од Битола, а на околу десет километри северно од Лерин. Пред самиот влез на селото се наоѓа црквата „Св. Варвара“, потоа Основното училиште „Ѓорѓи Јовановски“. Селото е сместено на самата граница со Грција. Тоа е густо населено и е од планински тип, а од другата странја на границата е македонското село Св. Петка“.

Во продолжение на брошурката има бројни податоци за ова печалбарско село, од кое само во Џилонг живеат 70 семејства, во Мелбурн 50, во Шепартон 15, околу 40 семејства свиле гнезда во САД и Канада, а само 25 семејства останале на старите огништа во селото. Во билтенот, покрај другото, се зборува за св. Пророк Илија како заштитник на селото и селската слава, а е даден пригоден текст за Илинденското востание, за АСНОМ, за Охридската архиепископија, како и карта на битолскиот крај, со посебна назнака на селото Драгош.

selo-dragos
Селото Драгош, Битолско

mpco-sv-bogorodica
ЈУБИЛЕЈНО ИЗДАНИЕ, НА МПЦО „СВЕТА БОГОРОДИЦА“
(1990) — ЊУЕАјСЛ

Публикацијата е отпечатена во март 1990 година, а по повод 20-годишнината од официјаиното отвораше на МПЦ „Св. Богородаца“ и на Културниот центар. Ова јубилејно издание е отпечатено на македонски јазик со кирилица и на англиски јазик, на 44 страници и формат 21×29,5 см. Првата страница е на англиски јазик, со фотографија од зградата на црквата „Св. Богородица“ во Њукасл.

Во продолжение е дадена фотографија од познатата фреска „Оплакување на Богородица“, а потоа на три страници е поместен религиозниот текст под наслов „Света Богородица“. Исто така се дадени текстави на македонски јазик кои се однесуваат на животот и работата на Македонците во Њукасл, на Македонското етничко училиште „Гоце Делчев“, кое за првпат започна со работа во почетокот на 1971 година, на КУД „Стив Наумов”, кое е формирано во почетокот на 1967 година, за Македонскиот младински клуб, Македонскиот радио-час, Спортскиот клуб и други информации. На англиски јазик, пак, на три страници е поместено Резиме кое се однесува на Македонија и на Македонската   православна црква.

Поголемиот број од текстовите се илустрирани со бројни фотографии од животот и активностите на македонските доселеници, почнувајќи од доселувањето во Австралија, од изградбата на црквата и првичните собирања, до идните дни.

На половина простор од оваа јубилејна публикација се поместени рекламно пропагандни материјали од деловни луѓе од македонско потекло, како и од друпи фирми кои го помогнале нејзиното печатење, а вклучува и голем број претпријатија и друг вид фирми кои со свои активности се вклучиле во животот и активностите на Македонската православна општина „Света Богородица“, што зборува за деловноста и значењето на македонските доселеници во Њукасл.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top