Дијаспора

Шпанија – земјата на цивилизациите, убавината, фудбалот… (1)

1svekrva copy copy copy copy

1ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – ШПАНИЈА

За туристичките вљубеници, секое патување во Шпанија, е нов предизвик и желба да се откриваат убавините на атрактивниот Пиринејски Полуостров. Особено кога таму, на самото место, може да се почувствува ритамот на тангото и коридата, на вековите и како на дланка да ги има многуте природни и други особености. Шпанија, е една од водечките светски туристички велесили која го населува најголемиот дел од Пиринејскиот Полуостров, делејќи го ова раскошно парче земја со комшиската Португалија, со Гибралтар и Андора. Таа е трета по големина држава во Европа, по Украина и Франција и се наоѓа на 51 место на мапата на планетата Земја.

Во своето поседство ги има Балеарските Острови, распослани на нејзиниот јужен дел, а уште подолу во Атланскиот Океан, ги вклучува и Канарските Острови, плус градовите Сеута и Мелијла на северниот дел од африканскиот брег.

Под капата на Шпанија се и неколкуте помали острови кај Гибралтар, како и Хавиринските Острови, или на нивни јазик кажано – Карпите, во богато разгранетото нивно крајбрежје од повеќе страни. Морските граници изнесуваат речиси 5.000 километри, и нив ги заплискуваат водите на Средоземното Море и Атлантскиот Океан.

Шпанија е парламентарна монархија. Парламентот кој ја има законодавната власт во државата, се избира на секои 4 години преку непосредни парламентарни избори. Извршната власт, пак, ја има Владата, на чело со премиерот кој е назначен од кралот по претходна консултација со најважните политички сили кои се застапени во парламентот.

2

Долга е историјата и цивилизациските етапи на оваа ибериска земја. Праисторијата својот почеток го бара во откривањето на најстарите фосили од постоењето на човештвото, и тоа најмалку од пред еден милион години. Исто така, се смета, барем според пронајдените траги, дека една од првите населби е стара 15.000 години. Археолошките проучувања дошле до сознанијата дека имало своевидни културни и други траги особено во источниот дел на Пиринејскиот Полуостров, во доцниот неолит и бронзената ера.

Феникијците и Картагинците, населувале дел од тамошните простори од 11.000 година пр.н.е, па сè до VI век пр.н.е. Праисториската етапа поставува граница со почетокот на Пунските војни.

Се смета дека во античко време името „Иберија“ немало географска туку етничка основа. „Хиспанија“ е називот со кој Римјаните го нарекувале Пиринејскиот Полуостров. А тој, под нивна доминација бил речиси цели два века и со крваво платен данок. Но, од друга страна, пак, романизацијата на тамошните народи придонела до некој степен, за развој на Полуостровот. Портите на Римјаните им се отвориле со триумфот на Картагина во Втората пунска војна. Тие, главно, се населувале во постојните градови, но и основале нови покраини.

Шпанија била земја која ја газеле многу војски со различни владетели, кои ги сменувале имињата или правеле кованици од нив, но, сепак, не ја прекрстиле оваа земја. Кога биле протерани Маврите кои останале предолго, дури повеќе од 700 години, почнала нова ера во развојот и воопшто во животот на тамошните народи. Меѓутоа, Шпанците како воини и морепловци, оставиле долги и големи траги во историјата на човештвото.

3

Еден дел од историјата на Шпанија е исполнет со окупаторски војски и други режими. Меѓутоа, најважниот дел од многувековниот развој на оваа значајна земја започнал кога таа врти нова страница и кога почнува шпанското колонијално царство, кое станало меѓу најголемите во светот. Откривањето на други држави како и на Америка веќе го менува ликот на дотогашното устројство, границите, верските и други формации. Шпанија под свое знаме има земји и народи во Европа, Америка, Африка, Азија и Океанија.

Прв кој почнал со откривањето на други држави бил Кристофор Колумбо. На 3 август, 1492 година, испловил со бродовите, тргнувајќи со надеж и желба да го пронајде морскиот пат за Индија. И сè натаму што следи за морските и освојувачки походи, е долга и необична колонизаторска приказна, која се протега со векови. Првата шпанска република почнува со воведувањето на парламентарното управување. Втората шпанска република била основана во 1931 година, на чие чело по осум години доаѓа Франциско Франко кој владеел сè до 1975 година.

Оваа голема ибериска земја е поделена на 50 покраини, 17 области и два автономни града кои се наоѓаат на северниот дел од Африка. Според територијата, најголемата автономна област е Кастиља, а најмали се Балеарските Острови.Гледано низ економските параметри со меѓународен предзнак и аршините на Светската банка, економијата на Шпанија е деветта по големина во светот и петта во Европа. Ја потресуваа кризи, но успеа да исплива во тегобните времиња, справувајќи се со големите проблеми.

Денес, се чини Мадрид е стожерот на политиката, економијата, културата и над се’ тој е престолнина на Шпанија. Тој е градот за кои се воделе многу битки, во кои учествувале голем број Македонци. Мадрид е метрополата во која, само во централното подрачје  живеат над три милиони жители, додека, пак, тој со урбаниот дел и предградијата брои повеќе од 6 милиони жители. Затоа се смета дека Мадрид е трета најнаселена општина во Европската Унија, по Париз и Лондон, а трет по големина по Лондон и Берлин.

Мадрид е карактеристичен со бројни споменици, меѓу кои: Кралска палата, Кралскиот театар со неговата обнова во 1850 година, во оперска куќа, паркот Буен Ретиро и величествената зграда на Националната библиотека, Шпанскиот историски архив, Археолошкиот музеј, како  и три врвни уметнички музеи: музејот Прадо, Националниот музеј и Музејот на современата уметност.

Посебно доживување е посетата на спортскиот стадион на Фудбалскиот клуб „Реал Мадрид“, каде врие како во кошница од посетители. Таму човек може да се запознае со многу интересни кажувања од спортот, и спортското живеење во оваа престолнина на фудбалот и коридата.

Продолжува

Slave Nikolovski - KatinПишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top